admin

admin

This user hasn't shared any profile information

Posts by admin

Јадица

311189

Детали

Jadica

Владимир Плавевски – Јадица
Издавач – Силсон, Скопје, 2013
За издавачот – Дејан Павлески
Уредник – Илина Павлеска
Ликовен уредник – Кочо Фидановски
Електронска реализација – Методија Николовски
Изданието е финансиски помогнато од министерството за култура на Република Македонија
CIP – Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје821.163.3-31
Плавевски Владимир
Јадица / Владимир Плавевски / Скопје – Силсонс, 2013 – 312 стр. 20 цмБиографија стр. 309
ISBN 978-608-219-051-8
COBISS.MK-ID 93350410

Извадок од книгата

1. Копиле

Јас сум копиле.
Дете без родители.
Сум бил оставен, море бреј, фрлен на буниште како најобична пачавра. Си врвела некоја жена кај маалското буниште во Чифчи Маало, рано ранина, околу пет часот, сред изгор жешко лето, било спарно утринско разденување, кога, слушала детски плач. Се вртела околу себе како вртемушка. Од каде и доаѓа тоа детско плачење? Не можела да види ништо. Се вртела, се сукала жената да види од каде извира тој силен детски плач. Наишла и втора случајна минувачка што итала на работа и таа чудејќи се од каде слуша плач. Почнале да буричкаат во буништето околу една бандера врз која имало истурено партали и скапани черги. Под купче стари черги, допрено до бандерата, нашле живо-здраво голомеше бебе. Ме нашле, мене, голокурец, свиткан во чергиче, испомочан, испосран, расплакан. Ме зеле в рака. А јас сум врескал, сум корнел од плаење. Целото маало сум го разбудил. Маалците срипувалке на прозорците, се лутеле, пцуеле, крескале оти ги будат в ранина.
Со трчаница ме однеле во жандармериската станица што била наблизу. Таму збунетите жандари ме завиткале во пандурска униформа, ми дале млеко со лажиче и дури тогаш сум престанал да врескам. Лично командирот на жандармериската станица, некојси Живојин Арсиќ, со жандармериски камион ме однел во детската болница каде што ми приклучиле црева што ми ги спопикале во вените и ете така некако сум успеал да преживеам.
Кога пораснав, се распрашував како и каде сум бил најден. Најголем досег направив со наоѓањето на тогашниот шеф на жандармериската станица што ме однел во болница. Живојин Арсиќ го почастив со мезе и пијачка до рани зори во кафеаната „Прогрес“ на Железничката станица. Ми кажа оти и тој барал, но не успеал да дознеа ништо кој и зашто ме оставил на буништето во Чифчи Маало. Пијани како лулиња се разделивме со бакнежи оти ќе се гледаме и потаму. Никогаш повеќе не се видовме оти тој по политичка линија, како соработник на предвоената ненародна српска власт заглави во апсааната Падина Скела. Умре во апасааната. Некој затвореник го препознал оти тој со времето го млател до посерување па му вратил мило за драго. И така Живојин Арсиќ умрел претепан со гомнарска клозетска цевка во затворскиот ќенеф.
Од болницата потем ме префрлиле во Домот за најденчиња, поточно во Домот за деца без родители каде сум бил крстен со името – Најденко, а бидејќи сум бил најден во петок, ми дале презиме Петков. Што с# не побарав по разноразни архиви арно ама до ден денешен не успеав да ги пронајдам катиљ родителите; ни мајка ми што ме фрлила на буниште а камо ли татко ми.
Најденко Петков…

2. Домот за најденчиња

Како дете, и се до Бога’ми, до триесеттина години, јас за ова воопшто не знае, а најискрено да ви кажам, ниту ме интересираше. Живеев во дом за најденчиња до шест годишна возраст. Тоа беше мојот најбезгрижен дел од животот. Разноразно жени се грижеа за мене, ми даваа да јадам, ме облекуваа, ме шетаа, ме учеа да зборувам, да мочам во туте, да ќакам во туте и во дупка во клозет, ми го бришеа газот и ме научија како јас да си го бришам; како да сркам со лажица, како да користам вилушка…
Се сеќавам оти бев голем плачко. А нешто не ми ујдисуваше, ќе врекнев. А плачев богами, разорно. Кога врскав, сите со дланките ги затвораа ушите. Околу мене ќе се насобереа купче воспитувачи и воспитувачки и ме убедува, разубедуваа, ме советуваа, ме молеа а јас, како муле, врескав ли врескав. Дури кога ќе засипнев од врескањето, се смирував. Поради оваа моја дерт навика никој не ме сакаше. Згора, се тепав со секого, поточно, ги гребев, касав, ги плукав. Бев лош, навистина лош, зол, проклет. Скришно крадев од другите, правев бељи, бев пакостлија. Обвинував оти некој друг сето тоа го направил без око да ми трепне. Дури и се колнев во татко и мајка оти не сум јас. Воспитувачката Добрила со потсмев примети на моето колнем во „жими мајка и жими татко“ оти јас немам ниту мајка ниту татко и според тоа, не верува во моето колнење во нив, што значи оти лажам, јас скокнав како рис врз неа, ја гризнав за носот. Кога плисна крв, таа вресна и падна во несвест. Потем ме носеа по разноразно докторишта, лежев по болници, ме лекуваа со апчиња, инекции.
И, се смирив.

3. Дом за деца без родители

Живеев во Домот за деца без родители, во Скопје, покрај Вардар, во Маџир Маало. Во домот живеев во соба со три кревети, со тројца другари, Спасе, Мачорот и Црни. На почетокот ме тепаа катаден, но кога почнав да им давам шеќерни табли, гумени бонбони и им купував цигари на парче, ме засакаа. Станавме толку сложни што секој за секого можеше да влезе и во пеколот. Во домот бевме познати по нашата сложност. Никој не смееше да р’чне некој од нас тројцата, посебно мене, од славната тројка „Домци Мускетари“ како што не крстија оти потем со сите тројца ќе имаше сериозни тепачки проблеми, тоест ќе беше претепан од сите тројца кога ќе го начекавме на темно и на само.
Јас бев од сите тројца најмал и тие ме вардеа како коте. За нив крадев лапачка од секаде каде што знаев и можев – од кујната, од другите деца, од воспитувачите, од другарите во училиштето, од училишната кујна, од гранапот што беше крај училиштето..Еднаш се скачкав со бандата од Карадак Маало на плажата крај Вардар кај Железниот мост кај Кланица кога им ги украдов лепчињата намачкани со маст и посипани со црвен пипер. Добив толку добар ќотек што три недели окапав в кревет со три скршени ребра. Управата на Домот повика дури и полиција која дојде и ме испраша. Јас, нормално, не знаев кој ме истепал. Потем, Спасе, Мачорот и Црни бараа еден по еден Карадакмаалец што ме тепаше и ги претепуваа.
Спасе, Мачорот и Црни беа познати како платени тепачи. Ќе се појавеше некој стемнет тип пред домот, ќе побараше „Мускетар“ и потем некој од нас, најчесто Црниот, со него правеше муабет додека тој го честеше боза и шампита во слаткарницата „Пилот“ крај Железниот Мост. Ќе кажеше кого треба да претепаме, име, презиме, улица и број. Ќе дадеше половина пари тогаш а половина кога ќе ја завршевме работата. И потем ние тројцата ја баравме улицата и бројот и се распрашувавме за човекот. Ќе го видевме и го дебневме со денови. Тепањето го правевме само ноќум. Ќе го начекавме во темна улица, ќе му фрлевме ќебе преку глава, еден ќе го држеше додека другите со клоци и тупаници удри-маваа по него се додека не клапнеше. Си го земавме ќебето и фаќавме магла. Сите ги суредувавме право за болница. Јас, за волја на вистината, само стоев од страна, чував стража, гледав што прават и вардев некој да не намине. Ако некој се појавеше, свиркав три пати со уста. Тогаш Црниот со неколку удаи по муда го спроструваше „ќебуваниот“ на земја , го собираа ќебете и фаќаа магла.
Никого не отепавме.
Толку бевме добри што полицијата ниту еднаш не дојде да не собере. Парите ги трошевме како кој. Мене ми даваа по некое динарче со кои си купував билети за кино. Гледав руски филмови оти само нив ги имаше а најголем благодет беше ако гледав некој странски, посебно американски. Спасе, Мачорот и Црни купуваа цигари, ракија, свилени бомбони, играа карти за пари, играа фанта а богами даваа пари и по сомнителни жени што ги водеа во бавчите во „Пролеќе“ и таму ги дупеа. Потем се фалеа меѓусебно кој што ù направил на женската, Се некакви пислаци од кои јас се дразнев. Ги молев да дојдам и јас, да ебнам нешто, ама тие беа тврдоглави. „Мал ти е!“ ќе кажеа и прснуваа во смеа.
Еднаш појдов крај Вардар, до Железниот Мост, каде се врткаа камењарки. Тие ме меркаат мене, јас ги меркам нив. „Имаш пари?!“ ме прашува една русокоса, со цигара во уста. Кимкам потврдно со главата, оти не можам да пролафам ни збор, устата ми беше барут сува од страв. Ги вадам парите и ù ги покажувам. Русокосата плукна пред мене, ја изгасна цигарата со изедениот топук од штиклата и тргна земајќи ме под рака. Зад првиот агол, во темнината на сенката ја пружа раката и ме фати меѓу нозете.
„Копиљ, со ова твоево пуже, не можеш да ме ебнеш…“
Од срам и арам не знаев што да правам.
„Ај’домец, испофаќај ме, да ти мине меракот.“
А мене, ако некој ми кажеше „Домец“ ме фаќаше бес и така, јас, „со малото пуже, нели?“, ја искршив камењарката од ќотек. „За мавање сум арен, не сум бил за ебење арен?!“ & кажував на камењарката додека ја млатев збеснат. Таа молчешкум ги примаше ударите. Глас не пушти. Само ме гледаше во очи и молчеше. Се смирив и си заминав зад аголот. „И за мавање не те бидуе… “ , одврати камењарката и фати магла. Спасе, Мачорот и Црниот, по два дена ме искршија мене оти таа, претепаната камењарка, Евка, им била радодајка на сите тројца. Им кажала оти јас сум ја тепал. Додека ме тепаа и јас ги гледав во очи и молчев. „Ај’доста му беше… Наш е, треба со мерка… “ , кажа Црниот и толку беше од ќотекот. „Не офкаш, а?!“ ми се насмеа Мачорот. „Еби се… “, му одвратив. „Се измочал, затоа не офка!“ се насмеа Спасе.
Бев запишан во основното училиште „Браќа Миладинови“ кој беше во близина. На училиште ме нарекуваа не по името, Најденко, туку „Домец“.„Кај си бе, Домец!“, „Што правиш Домец?“ Не можам да кажам оти имав лоша живеачка. Бев лош ученик. Во училиште одев колку да се каже оти одам на чколија. Ги тепав децата од одделнието ама и ги бранев од другите одделенци. Кога бевме на ексурзија во Сарај, три момчиња од погорните класови почнаа да ги задеваат девојчињата Марга и Тања од моето одделение. Јас минував случајно крај нив, кога слушам, Тања ме вика. Гледам, тие ашлаци на сила ги пипкаат двете во еден џбун крај Треска. Брзо се спопикав во џбунот и им кажав на ашлаците да ги оставам Тања и Марга.
„Ај’сиктер бре Домец!“ ми зар’мжи еден од нив, бабачкото Бајлак од Ново Маало. И, знаете веќе, на „Домец“ јас збеснувам, та скокнав и почнав да ги пердашам. Тие беа шестмина, ми се нафрлија врз мене, ме легнаа и удри мавај, ме искршија. Мислев дека сега е готово со мне, Ќе ми летне душата на оној свет оти ѕрцки ми играа пред очи, се околу ми се стемни. Кога, ударите одеднаш врз мене престанаа. Тепачите почнаа да офкаат, да кркорат, да молат. Некој нив ги пердашеше!
Мачорот дошол да мерка женски од моето училиште во Сарај, па видел како се тепам и дотрчал на помош. Кога почна да ги млати ашлаците, крв и заби летаа околу мене. На крајот сите шесторица ги испоџитка во кочан студената вода на Треска. Истепаните, со кашлање и пцуење, се свестеа во студената вода, се миеа со водата и фаќаа магла. Од тој ден јас станав миленик на сите женски во одделението. Ми ги пишуваа домашните работи, ми кажуваа решенија за писмените задачи, ми шептеа при одговорите.
Сите од оделението знаеа оти сум преосетлив на името „Домец“ и ретко кога ме нарекуваа со ова име туку ме нарекува „Мускетар“. Дури и наставниците ретко ме повикува на име, Најденко, оти тоа не ми се допаѓаше, туку ќе кажеа: „Е, ајде сега Мускетарот да стане и да ни ја реши задачата на табла.“ Не бев највисок, а сепак седев во последната клупа, во средниот ред така да имав контрола над целото одделение.
Еден ден се појави нов даскал по математика, по име Тофе. Мал, ќелав, со тенки мустачиња над едни злобни, тенки устичиња со крупни заби ни се нафрли на одделнието како сокол на гуска. Прво ги крена одличните ученици, а тоа беа токму Тања и Марга, и ги распраша математика небаре се шуплоглавки. На крајот заклучи оти се чуди кој им дал петка по математика. Станав навреден, оти двете ме пазеа и мазеа, и кажав оти тие се најдобри по математика не само во оделението туку и во училиштето. Тој ми пријде, ме измерка гледајќи ме со чудење од каде имам смелост да станам без тој да ми одобрел па згора на тоа да зборувам и капак на сето мое безобразние да кажувам свое мислење.
„Смрт на фашизмот!“ свикав како спас од неговото тормозење. Даскалот само саркастично ми се насмеа. „Треба да одговорите – Слобода на народот… “ одвратив додека тој киселникаво ми се потсмевнуваше.
„Кој си бре ти!?!“ згрме.
Му кажам оти се викам Најденко Петков.
„А, ти си тој Домец?“ се исчуди додека јас чурев од бес. „И, да знаеш Домец, од сега па до крај, кај мене знаел-не-знаел, ќе имаш кец по математика додека е светот и векот!“
„Ќе му кажам да директорот дека не ми одговоривте ‘Слобода на народот!’ кога викнав ‘Смрт на фашизмот!’“ го испукав најсилниот адут.
„Ај’не ми продавај мене комунистички ифтирии!“ пискаво одврати и ми запиша двојка во дневникот. Тогаш двојката беше најслаба оценка.
По една недела целиот клас, па и јас, заминавме на посета во Воената Болница во Карадак Маало да го посетиме нашиот претепан професор по математика. Некој во темнината на маалските сокаци го начекал и толку го „исќебувал“, тоест го испотепал со фрлено ќебе врз него што имал сериски скршеници на ребрата и потечени муда како лубеници. Тој ниту видел ниту слушнал кој го сторил тоа. Доаѓала полиција, го испрашувала ама тој упорно тврдел оти во темнината се спрепнал и паднал во дупка. А јајцата му потекле оти при падот чатал од дрво го удрил меѓу нозе. Со некаков притаен страв погледнуваше во мене. Како и да е, со мачен и тежок од се врати да ни предава математика. Никогаш повеќе не ме испрашуваше, писмените задачи ми беа оценувани со тројка а на крајот од годината од него немав двојка туку тројка. И, што е најважно, никогаш повеќе не ме нарече „Домец“.

Најомразен ден во мојот Дом за деца без родители „Моша Пијаде“ беше недела. Ние, Домците, неделата ја нарекувавме „Ат пазар“. Секоја недела можевме да шетаме надвор од домот, но точно во седумнаесет часот сите домци моравме да бидеме во двориштето. Се строевме во редови. Облекувавме алишта за в град, се капевме, се чешлавме, сечевме нокти и еден по еден, големи и мали, поминувавме крај нашиот омилен директор со прекар „А на квадрат“ или поточно кажано – Анѓеле Анџарот. Анѓеле Трајковски, со прекар Анѓеле Анџарот со крајна внимателност н# разгледуваше од глава до пета, гледаше дали рацете ни се чисти и со исечени никти, дали чевлите ни се изгланцани со ималин, дали косата ни е зачешлана. Ако беше задоволен со секој од нас, му дозволуваше на домецот да застане в ред. „А на квадрат“ знаеше апсолутно с# за секој од нас – колку точно имаме години, каков ни е успехот во училиштето и тоа секоја оценка од секој наставне предмет, кои ни биле родители ако сме имале, каде сме најдени или оставени. За мене, на пример, знаеше за Живојин Арсиќ од жандармериската станица, каде сум бил донесев од маалото каде ме нашле жените, па дури и кои биле тие жени. Знаеше за сите од што болести боледуваат, што болести прележале, дали се вакцинирале или не. Сите сме имале некакви си „досиеа“ , тоест некакви си темно сини папки со сите севозможни податоци за нас испозапишани по разнообразни листови што тој со едно читање веќе ги знаел наизуст. За „А на квадрат“ се велеше, а и тој сам напати се фалеше, оти се оженил за нашиот дом. Целиот живот му беше одреден од Домот. Не се женњл, а немаше никакава жена и не беше педер. Беше висок, слабникав маж, со кадрава, кафена коса, ниско чело, бабурест нос, крупни, испакнати темно сини очи, тенки усни и голема, испакната брада. За него кружеше легенда оти со жена му и трите деца Бугарите го запалиле во некое село. ЛКако преживеал, никој не знаеше. Бил во партизани. Прекарот Анџарот го спечалил во партизани оти тој се јавувал секогаШ кога требало да се стрелаат душманите. Право од партизани по команда бил пратен да го води Домот. Тврдеше дека сопруга му е Домот а сите ние, Домците, сме му деца. Ние на сето ова се потсмевавме, го исмевавме. Напати, кога некој кој не знаеше оти сме домци, н# прашаше кој ни е татко, одвраќавме – „А на квадрат“! И веднаш додававме пред зачудниот поглед на прашувачот – „ Анѓеле Анџарот, директорот“. Беше толку популарен што повеќе немаше мачна потреба да кажуваме оти тој е директор на Домот. Долго мислев, всушност, бев сигурен оти не знае за нашите „ќебувања“, но многу покасно ќе ви раскажам оти знаел.
Стоевме во три реда кои беа со црта одбележени на земјата. Во првиот ред беа најмалите, во средниот ред средните и во последниот ред најстарите домци. Лично Анѓеле Анџарот, во придружба со неговата секретарка Цојка наречена Баба Рога, сува и слаба како сарага, и воспитувачите – Тураби наречен Гурабија оти беше многу дебел, и Пантер Панта, фискултурник со атлетска градба, поминуваа низ тројните редови додека ние скочанети како војници, со скаменет поглед пред нас, стоевме во дворот и ја исчекувавме клетата судба. Ако директорот Анѓеле Анџарот беше задоволен од сите нас, ќе кимнеше задоволно со главата и тогаш вратарот Туте Тарабука ќе ја отвореше масивната, метална капија која секогаш грозоморно чкрипеше. Во дворот влегуваа „Купувачите“.
„Купувачите“ беа крајно збунет маж и растревожена жена. Баба Рога им пристапуваше, ги поздравуваше небаре # се татко и мајка и со рака покажуваше кон нас. Потем важно им пристапуваше директорот Анѓеле Анџарот. Со раката покажуваше кон нас а лицето му се топеше од милна насмевка на анѓел. Стоевме вкочането со поглед вперен некаде далеку пред нас. Тураби Гурабија задоволно си ги мазнеше мустаќите а Пантер Панта завземаше пози на Тарзан. Мажот и жената беа крајно збунети. Не се помрднуваа од место. Тие, двајцата, против нас, топла домци, вкопани в место, со погледи заталкани во небото.
„Смрт на фашизмот!“ грмнуваше Пантер Панта.
„Слобода на народот!“ едногласно, хорски, громогласно екнувавме и потем три пати повторувавме „Тито е наш, ние сме Титови!“
Потем растревожениот маж и стаписаната жена застанува пред првиот ред на најмалите домци и поминуваше крај секој. Јасно ви е, нели? Мажот и жената бираа посвоеник. Мажот обично н# гледаше со смантуфен поглед додека жената секогаш не гледаше во очи. Чинам, со очите ни навлегуваше в душа. Кога ќе застанеа крај некој што ги интересираше, домецот мораше како од пушка да го каже името, презимето и возраста. Тогаш Баба Рога со мастилав молив во нејзиниот тефтер ќе го заокружеше кандидатот. Најчесто мажот и жената застануваа пред пет-шест домци, најповеќе од првиот ред, најмалите. Баба Рога сите ги бележеше во својот тефтер. Потем сите, освен Пантер Панта кој остануваше со нас во дворот заминуваа во канцеларијата на директорот, пиеа наут, пушеа цигари и долго разговараа. За тоа време Пантер Панта ги двоеше означените домци напред а неизбраните зад нив, стоевме и чекавме. Потем мажот и жената во придружба со Анѓеле Анџарот, Баба Рога и Тураби Гурабија повторно се враќаа меѓу нас и повторно уште повнимателно н# разгледуваа. Можеше да се случи во избраните од првиот ред да се додаде уште некој а можеше да се случи и бројот на првоизбраните домци да се намали. Во скоро сите случаи, освен во неколку чесни исклучоци, изборот го правеше жената. Мажот само стапкаше зад неа неодлучно. Кога ќе завршеше вториот круг на селекција мажот и жената следени од Анѓеле Анџарот, Баба Рога и Пантер Панта повторно се качува во канцеларијата на Анѓеле Анџарот, повторно пиеа чај, пушеа цигари и долго се убедуваа. Тураби Гурабија во дворот нас, неизбраните домци, еден по еден не испушташе да заминеме во град додека избраните стоеја како шпиртосани. Од страв и копнеж оти можеби дефинитивно ќе го напуштат нивниот ќенеф на животот и ќе живеат нормален живот со татко и мајка, во свој кревет, во свој дом, ќе имаат семејство и некаква иднина. Се случуваша и да иамме „Падавичари“. Домци паѓаа на земја од страв, па Тураби Гурабија им фрлаше вода, им ставаше шекерче во устата и повторно ги местеше во вертикална положба. Потем најчесто се слегнуваше жената и талкаше меѓу избраните домци следена од нејзиниот маж кој се влечкаше зад неа како сенка. Анѓеле Анџарот, Баба Рога, Пантер Панта и Тураби Гурабија само немо гледаа.
Завршната сцена беше секогаш иста. Жената ќе почнеше да се врти в круг околу избраниот домец. Домецот ја гледаше во очи и така гледајќи се во очи, небаре се поврзале со некаков синџир во душите тие се гледаа и се вртеа.
Анѓеле Анџарот, искусно воспитувачиште, ја пресечуваше целата долга церемонија. Ќе пријдеше и со едната рака ќе ја допреше жената за рамо а со другата рака избраниот домец, ќе погледнеше во жената и ќе побараше од неа нема потврда. Таа ќе почнеше да плаче и хистерично да кимка со главата. Ќе пријдеше мажоти тој ќе потврдеше. Анѓеле Анџарот театрално ќе го загрнеше избраниот домец, ќе го избакнеше пет пати по образите и челото, и ќе му ја стегнеше раката. Потем со стегање на рацете ќе им честиташе за изборот на мажот и жената. За тоа време неизбраните домци исчезнуваа од дворот. На избраниот домец кој ќе почнеше да липа му пристапуваше Пантер Панта, го плескаше радосно по плеќите и го бакнуваше. Следеше Тураби Гурабија кој го стискаше домецот врз својот огромен мев и Баба Рога која само со сувата дланка ќе поминеше низ косата на расплаканиот домец. Потем сета оваа траурна свита се качуваше во канцеларијата на Анѓеле Анџарот каде што пополнуваа купишта документи додека дежурните домци ги пакуваа скудните пљачки и алишта на домецот. Тогаш избраниот домец гордо веднаш си заминуваше со својот нов татко и мајка. Подоцна заминувањето на избраникот беше по дестина денови што беше вистинско измачување за домецот оти другите домци одеднаш со него повеќе не комуницираа. Тој за нив беше „ќердосан“ и немаше што повеќе мајка да бара со „голокурците“.
Работите толку многу беа искривоколчени што можеше да се случи, навечер, додека спие во кревет, таешкум да му пријде некој злобен домец и да го истепа од пуст јад и чемер што токму тој си нашол „петел“ и „квочка“. Мудриот „А на квадрат“ овој проблем го реши на тој начин што избраниот домец уште во неделата навечер го сместуваше да спие со него, во неговата соба. Домецот што ќе си заминеше никогаш повеќе не се враќаше, дури и да го погледа, својот некогашен Дом за деца без родители „Моша Пијаде“ во Маџир Маало, крај Вардарот.
Имавме и трагични настани при изборот на посвоеник. Симче Курле три пати беше во најтесниот избор за посвоеник. Три пати плачеше со жените што се вртеа околу него за да го изберат но во последен миг жените избираа друг.
Вечерта, по неговиот трет неуспешен избор, Симче Курле одеднаш исчезна од домот. Дежурните вечерта во недела запишале оти не спиел во својот кревет. Не бил утредента на појадокот и на ручекот. Анѓеле Анџарот лично, следен со Пантер Панта ја претражи секоја дупка од Домот и кога крена раце барајќи го низ маџир Маало и Ново Маало го пријави како исчезнат во полицијата. Две недели немавме никаков абер кад е Симче Курле. Потем дојде џипот од Удба и двајца смуртени мажи во кожени мантили влегоа во канцеларијата на Анѓеле Анџарот. Пантер Панта, возбуден, веднаш свика збор и сите ние, домците, до еден во строј, застанавме и чекавме во дворот. Излезе Анѓеле Анџарот следен со двајцата Удбаши и ни соопшти оти домецот Симче Курле бил најден удавен во Вардар дури кај мостот во Велес. Потем, следен од двајцата Удбаши замина со нив и го немаше три дена. Кога се врати беше пожолт од дуња. Се повртка во домот еден месец и го снема. Директор на домот ни стана Пантер Панта.
Морам да ви го раскажам и ова. Мажот и жената дента, пеколно жежок, многу долго бираа. Беше лето и веќе се стемни. Остана двајца, Цанде Црцулец и Јове Прдле, кои останаа за краен избор. Жената гледа во двајцата, плаче, лие солзи по нејзиното нежно и убаво лице големи колку џамлии и никако не може да се одлучи, дали да го земат абрашливиот Цанде Црцулец со сини, крупни очи или Јове Прдле, суво, високо момче со штрклива, црвена како жар коса. Плаче и Цанде Црцулец, ама липа, плаче и Јове Прдле. Плаче и убавата жена. Мажот се врта, се сука, не знае што да прави. Баба Рога превртува со очите, Пантер Панта ритмички, нервозно ги стега дланките, Тураби Гурабија ги скубе крвнички влакната од мустаќите а Анѓеле Анџарот нервозно пуши цигара врз цигара. Ние, неизбраните домци, затскриени зад ѕидот, гледаме љубоморно кој ќе биде избран. Мажот и приоѓа на расплаканата жена, нешто и зборува; жената врти со главата. Жената приоѓа и ги загрнува Јове Прдле и Цанде Црцулец и не ги пушта од прегратката. Мажот почнува нервозно да шета околу нив.Одеднаш му приоѓа на Анѓеле Анџарот и брзо му зборува. Анѓеле Анџарот, зачуден, ја повикува Баба Рога и нешто & објаснува. И таа се исчудува. Го повикуваат Пантер Панта и со него нешто брзо расправаат. И Пантер Панта неодлучно ги крева рамениците. Им приоѓа Тураби Гурабија и слуша што му кажуваат. Престанува да ги скубе влакната од мустакот и нешто им кажува. Сите одеднаш се стаписуваат и потем еден по еден потврдно кимкаат со главите. И потем сите, и Јове Прдле и Цанде Црцулец заминуваат во канцеларијата на Анѓеле Анџарот. Се запалува светлото во неа и нив гледаме како мажот и жената потпишуваат редица листови хартија. Излегува Пантер Панта и им кажува на дежурните да ги спакуваат пљачките и алиштата и на Јове Прдле и на Цанде Црцулец. И така, и Јове Прдле и Цанде Црцулец беа посвоени од мажот и жената одеднаш, во една тура. Пред капијата на Дом за деца без родители „Моша Пијаде“ дојде џип и во него се натоварија мажот и жената со Јове Прдле и Цанде Црцулец. Долго и упорно трчавме по нив. Трчав и јас, ама некаде кај слаткарницата „Пилот” се спрепнав на камен и паднав. Џипот со брмчење и во правот од џадето и мрдливиот издувен гас од ауспухот, следен од упорните домци, се изгуби преку Железниот Мост. Коленото ми крвавеше. Станав и со накривнување се вратив полека во мојот Дом за деца без родители „Моша Пијаде“.
Добив татко и мајка кога Пантер Панта стана директор на домците. Таа недела врнеше дожд, истураше. Некогаш неделата знаеше да биде „утка ат пазар“, поточно преведено, да нема маж и жена што ќе н# бираат за син. Или, имаше, ама тие, од срам ли од страв ли, не се појавуваа. Уште утрото, на појадокот, ќе се појавеше Баба Рога во мензата, ќе плеснеше со дланките и ќе објавеше со своето пискаво гласче оти денес, недела, нема да им „селекција“. Потем ќе седнеше на столчето крај масата и ќе појадуваше, постојано исто, млеко од Унра, леб намачкан со путер од Унра и пржени јајца во прав од Унра, или Труманови јајца, како што милувавме да ги нарекуваме. „Унра“ значеше оти млекото во прав, жолтиот како јантар путерот и јајцата во прав беа некаква помош дури од Америка. Имаше уште и разноразни џемови, од сливи, од вишни, од шипки. Од прашакот млеко се правеше вкусно млеко што занесно мирисаше а од прашокот јајца со додавање само на вода се правеше фантастична кајгана. Сите овие артикли беа толку вкусни што најпрвин тие се изедуваа па потем од тековното требување на прехранбените артикли од наше производство кое не се ставаше во уста.
Баба Рога настрада токму од Трумановите јајца. Еден ден магационерот на Домот, Панде Кркачот, крена врева оти му нема неколку дрвени сандачиња со прашокот од Трумановите јајца. Скокна Пантер Панта и со Тураби Гурабија и Баба Рога го претресоа цел дом до глувчина дупка. Освен понекоја скриена цигара, неколку чатали, џамлии и сликички не најдоа ништо посебно. Потем Пантер Панта разговараше со секој домец во неговата канцеларија оти знаеше да се случи да украдеме нешто од магазинот и да го шитнеме на црниот пазар. Кога тој и Тураби Гурабија с# испитаа и ништо не разбраа и пронајдоа, повикаа полиција.
Тоа веќе беше многу сериозна и опасна состојба за сите во домот. Полицијата го повтори целиот круг на испитување, само што од собата каде што со страв влегувавме еден по еден, излегувавме со модринки по лицето и телото и со накривување. Јас лично поминав со пет-шест шлаканици од кои цел ден ми ѕунеа двете уши. Најголемиот апаш меѓу нас, домците,беше Славко Арбанасот, кој немаше недела да не украде нешто од магацинот. Најчесто крадеше ситни работи, шекерни табли, коцки шеќер, рокчиња и леб. Ги шиткаше на Новомаалци. Неколку пати украде и неколку гајби со Унра путер и Унра пекмез од шипинки и им ги шитна на Каракдакмаалци а потем ние, домците, со тие пари одевме цела недела во кино и го гледавме по стопати рускиот музички филм „Пастир Костја“. Е, него полицијата го месеше цела недела. Грбот му го направија како газот, ама Славко Арбанасот немаше што да признае. Тој не ги украл сандачињата со Труманови јајца.
Младиот, тазе инспектор, некојси Данило Попадиќ, н# испитуваше со денови. Окапуваше во Домот. Се узортира да го фати крадецот, па мајка’Јана! Спиеше со нас барабар во домот, меѓу нас, во нашите спални, со нас јадеше, со нас играше и џамлии и фанта. Почнавме да го сметаме како свој домец. Мене ми ги решаваше равенките по алгебра. Знаеше ептен добро математика и воопшто не ми беше јасно што мајка бара во полиција. „Оти не станал даскал по математика?“ го прашав. Слатко се изнасмеа. „’Вакви како тебе & требаат на државата во полиција, не за математиката’, ми рекоа кога дипломирав“, ми одговори. По два дена добив петка по математика. Му се пофалив оти по негова заслуга сум добил петка а тој ме начека: „Части ме со решение кој краде кај вас во домот!“ Нависитна не знаев. Од бафтана му предложив да играме фанта со Славко Арбанасот. Ако тој не знае, никој не знае од Домот кој краде. Се сложи. По долги преговарања и дадени три стаклени џамлии, Славко Арбанасот се согласи да играме фанта со инспекторот.
Инспекторот Данило играше фанта со мене и со Славко Арбанасот на кејот крај Вардар додека двајца полицајци, застанати на двата краја од улицата, не пуштаа никого да помине по улицата. Губеше пари од нас, превеаните фантаџии. Славко Арбанасот беше горд небаре стана Тито. „ Абе асли пандур дерам за пари а пандури да ме пазат? Каде го има тоа?!“ ми велеше додека инспекторот Данило Попадиќ го гледаше по потсмев. Изнервиран што не може да н# тепа на фанта, испекторот Данило Попадиќ почна да пцуе.
„Другар Попадиќ, ова не е математика… “, го тешев.
„Дај кажи му кој дрпа во Домот, да не окапеме во апсаана!“ му шепнав на Славко Арбанасот кој се смееше броејќи ги парите што ги ќари од инспекторот. По еден час играње фанта инспекторот Данило Попадиќ остана без пари. Двајцата полицајци на краевите од улицата нервозно пушеа и шетаа од едната на другата страна на калдрмата. Инспекторот Данило Попадиќ со пуење ги извлечка последните пари од џебот. Славко Арбанасот, да го смири оти му ги ќаруваме парите, му велеше: „Абе’другар Попадиќу, на погрешно место р’чкаш! Џабе губиш пари, не можеш со нас да играш фанта.“
Данило ги џитна монетите во воздух и праша: „Па каде да барам?“
„Ако имаш ак’л како што се курчиш, претреси ги воспитувачите и сите што работат во домот, па ќе видиш.“
Инспекторот Данило остана подзинат.
„Виша математика… “, му се насмеав.
И, по една недела, ја снема Баба Рога. Пукна глас оти дома, во подрумот & нашле цел ред дрвени сандаци со Труманови јајца и Унра млеко во прав. Го снема и магационерот Панде Кркачот. Кај него дома целиот подрум му бил полн со сандачиња Труманови јајца, Унра млеко во прав, Унра пакмез од шипка.
Пантер Панта и Тураби Гурабија потем одеа на некакво судење. Кажаа оти Баба Рога и Панде Кркачот добиле по пет години затвор.

5. Посвојување

Врнеше ситен, досаден дожд и ние се построивме во дворот. Јас стоев во вториот ред, значи бев ни мал, ни голем. Косата ми беше залепена како да ме лижела крава оти ја намачкав со пиво, ноктите исечени, алиштата испеглани, чевлите изгланцани како „арапско муде“. Лично Пантер Панта помина и сите не разгледа. Задоволен, му даде знак на Туте Тарабука кој важно, небаре отвора небесна порта, ја раскрили чкирпливата капија и ги внесе мускулестиот маж и слабникавата, убава жена со крупни, кафени очи. Мажот стапнуваше сигурно, сиреч тој е командант на сите што се пред него. Имаше кратко пострижана сина коса зачешлана на левата страна од главата во патец, високо чело, тенок и долгнавест нос, високи, аглести веѓи и темно сини очи што стрелаа со опулот. Уште од влегувањето стреловито разгледа околу себе. Додека ни приоѓаше не разгледа и сите нас, построените. Нешто ме прострела, нешто морничаво заигра во мене. Почнав да се потам под дождот.
Застана пред нас. Синоокиот маж повеќе не гледаШе во нас туку гледаше некаде над нас додека жената со поглед не решеташе еден по еден. Одеднаш, погледот и се прикова на мене.
Ја погледнав в очи. Од нејзините светло кафени очи излегуваше немерена топлина. Полека ми пријде. Јас не го помрднував погледот од нејзините очи. Застана пред мене додека зад неа застана мажот кој продорно ме стрелаше со поглед од глава до петици. Сетив морници. никој никогаш не ме гледал така.
„Како се викаш?“ ја прашав жената наместо таа да ме праша.
Никогаш домец не прашувал како се вика бирачот на син. Пантер Панта, збунет, трепкаше додека Тураби Гурабија почна нервозно да кашла. Жената почна да плаче. Крупни капки солзи се лизгаа по нејзиното мазно лице и капеа на водената земја. Врз нас се лееше дождот што ние не го сеќававме. Мене низ лицето ми се слеваше дожд и јас со раката ги бришев капките набаре бришам солзи. Жената од плачот не можеше да прозбори.
„Како се викаш?“ бев магарешки упорен.
„Се вика – Зага… “, со засипнат глас се огласи мажот. „А јас се викам Марко, сине… “
Почнав да плачам. Плачев за да го исплачам својот дотогашен живот, своите дотогашни прокоби, своите дотогашни јадови, своите дотогашни р’ци, својата зла коб. Кога престанав да плачам, гледам оти и окоравениот Пантер Панта и тврдокорниот Тураби Гурабија ги бришат очите.
„Како се викаш ти, сине?“ најсетне се огласи жената со кафени очи. Е, сега јас не можев да одговорам од плачење.
„Се вика Најденко Петков“, одврати со шмркање Тураби Гурабија.
„Од сега ќе се вика Најден Дреноски!“ со одлучен глас одврати мускулестиот маж.

a

Вистински Приказни

104924

Детали:

Владимир Плавевски
ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ
Издавач
МАКЕДОНИКА
литера
Скопје
Е–маил: makedonikalitera@yahoo.com
Тел.: +389 (0)77 592 047; 02 2722 820
За издавачот
Ленче Тосева

Уредник
Нове Цветаноски

Корица
Ленче Тосева

Фотографии во книгата и на корицата
Владимир Плавевски

Печат
Печатница Наумовски
Скопје, 2011

ЦИП – Каталогизација во публикација
Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, Скопје
821.163.3-31
ПЛАВЕВСКИ, Владимир
Вистински приказни / Владимир Плавевски; – Скопје; Македоника литера, 2011. – 144 стр.; 20 см.; илустр. ISBN 978–608-4614-04-3 COBISS.MK–ID 87541002
Вистински Приказни

За книгата:

Книгата содржи четиринаесет раскази кои се однесуваат на вистински настани и вклучуваат вистински личности од македонскиот театар и филм – Петре Прличко, Тодор Николовски, Ристо Шишков, Бранко Гапо, Дарко Дамески, Ацо Алексов, Ненад Стојановски, Димитар Христов, Душко Костовски, Илија Милчин, Андреј Бељан, Марија Исаја, Борче Ангеловски… Секој расказ е проследен со фотографија на главниот лик направена од авторот на книгата Владимир Плавевски кој со личностите од расказите настапува и како доктор и како фотограф и како сценарист.

Исечок од книгата:

Студирав медицина…
Еден мој колега, битолчанец, ме запраша дали знам оти ќе се снима филм за убиството на Мане Мачков, бугарскиот агент, убиен во Скопје. Не знаев. А дали знам кој е режисер на тој филм? Не знаев.
„Режисер на филмот е, еј, Гапо!”. Не постои таков режисер како Гапо… Сакаш да ‘се снимаме’ во тој филм на Гапо?”
Го погледав со зачудување.
„Ем’ ќе се снимаме на филм, ем’ ќе спечалиме некоја пара”, ме убедуваше настојчиво. Во неговиот студентски дом истакнале оглас: ФРЗ снима долгометражен игран филм – „Истрел”. Филмот има потреба од статисти кои ќе ги плаќа по ден за статирање. Тој веќе се запишал, а ме запишал и мене.
Времето врвеше, снимањето никако не почнуваше и јас му здодеав на колегата со честите прашања кога еднаш ќе се снима тој филм. Три дена пред да полагам тежок испит битолчанецот ме порази со соопштение дека утредента мора да одиме на фудбалскиот стадион на „Вардар” во Градскиот парк.
„Немам време за фудбалски натпревар!”, одвратив луто.
„Ќе снимаме филм со Гапо!”, ми возврати гордо.
„Не доаѓа предвид…”, одвратив луто, „…утре полагам.”
„А, не може така! Те запишав и нема мрдање. Мора да дојдеш на снимањето!”, ме прекори строго.
Утредента, стотина статисти се тискавме на задниот влез на градскиот стадион. По долго и нервозно исчекување, пред насобраната толпа се појави сиво комбе и од него излезе висок, слаб човек со цигара во устата, со сини фармерки, патики и стуткан во тесна, војничка ветровка. Застана пред влезот на стадионот и почна да чита статисти по име и презиме. Прочитаниот веднаш влегуваше во стадионот. Кога го прочита моето име, се пробив до него, се потпишав на долгиот список и брзо, криешкум, го прашав наивно: „Ти си Гапо?”
„Јас сум му асистент… Јасно?!”, ми скреска луто в лице.
Кога нé собра сите од списокот, „Асистентот на Гапо”, ни објасни дека за тој ден е предвидено снимање означено лично од Гапо како – „Под прво: Снимање од птичја перспектива – панично бегање на народот околу стадионот. Народот сме ние, статистите. Под два: Исто, птичја перспектива – бугарска полиција на коњи го прогонува народот. Тоа се јавачи од коњичкиот клуб преоблечени во бугарски униформи. Под три: Птичја перспектива значи снимање од хеликоптерот. А во хеликоперот е снимателот со камерата и лично – Гапо… Јасно?!”
Во рака држеше воки-токи и по кркорливите команди што ги добиваше од некого, не тераше неколку пати да истрчаме „во паника” околу стадионот. Најсетне, кога веќе немавме здив ниту за лазење, „Асистентот на Гапо” се смилува и ни кажа дека „Гапо не бил особено задоволен од нашето трчање околу стадионот, но, за денес е доволно, продолжуваме утре, на исто место и во исто време… Јасно?!”
Утредента, ние, страдните статисти имавме многу полесна задача – да седиме на јужната трибина. На тревнатиот терен, спроти нас се појавија смуртени типови кои поставија масивна камера врз троножен статив; душмански вперија силни рефлектори од сите страни директно во нас; спопикаа меѓу нас некакви микрофони обвиткани во крзно. И додека трпеливо ги поднесувавме овие тортури, зад камерата поставија расклопен платнен стол во кој важно седна крупна персона.

Студирав медицина…Еден мој колега, битолчанец, ме запраша дали знам оти ќе се снима филм за убиството на Мане Мачков, бугарскиот агент, убиен во Скопје. Не знаев. А дали знам кој е режисер на тој филм? Не знаев.„Режисер на филмот е, еј, Гапо!”. Не постои таков режисер како Гапо… Сакаш да ‘се снимаме’ во тој филм на Гапо?”Го погледав со зачудување.„Ем’ ќе се снимаме на филм, ем’ ќе спечалиме некоја пара”, ме убедуваше настојчиво. Во неговиот студентски дом истакнале оглас: ФРЗ снима долгометражен игран филм – „Истрел”. Филмот има потреба од статисти кои ќе ги плаќа по ден за статирање. Тој веќе се запишал, а ме запишал и мене.Времето врвеше, снимањето никако не почнуваше и јас му здодеав на колегата со честите прашања кога еднаш ќе се снима тој филм. Три дена пред да полагам тежок испит битолчанецот ме порази со соопштение дека утредента мора да одиме на фудбалскиот стадион на „Вардар” во Градскиот парк.„Немам време за фудбалски натпревар!”, одвратив луто.„Ќе снимаме филм со Гапо!”, ми возврати гордо.„Не доаѓа предвид…”, одвратив луто, „…утре полагам.”„А, не може така! Те запишав и нема мрдање. Мора да дојдеш на снимањето!”, ме прекори строго.Утредента, стотина статисти се тискавме на задниот влез на градскиот стадион. По долго и нервозно исчекување, пред насобраната толпа се појави сиво комбе и од него излезе висок, слаб човек со цигара во устата, со сини фармерки, патики и стуткан во тесна, војничка ветровка. Застана пред влезот на стадионот и почна да чита статисти по име и презиме. Прочитаниот веднаш влегуваше во стадионот. Кога го прочита моето име, се пробив до него, се потпишав на долгиот список и брзо, криешкум, го прашав наивно: „Ти си Гапо?”„Јас сум му асистент… Јасно?!”, ми скреска луто в лице.Кога нé собра сите од списокот, „Асистентот на Гапо”, ни објасни дека за тој ден е предвидено снимање означено лично од Гапо како – „Под прво: Снимање од птичја перспектива – панично бегање на народот околу стадионот. Народот сме ние, статистите. Под два: Исто, птичја перспектива – бугарска полиција на коњи го прогонува народот. Тоа се јавачи од коњичкиот клуб преоблечени во бугарски униформи. Под три: Птичја перспектива значи снимање од хеликоптерот. А во хеликоперот е снимателот со камерата и лично – Гапо… Јасно?!”Во рака држеше воки-токи и по кркорливите команди што ги добиваше од некого, не тераше неколку пати да истрчаме „во паника” околу стадионот. Најсетне, кога веќе немавме здив ниту за лазење, „Асистентот на Гапо” се смилува и ни кажа дека „Гапо не бил особено задоволен од нашето трчање околу стадионот, но, за денес е доволно, продолжуваме утре, на исто место и во исто време… Јасно?!”Утредента, ние, страдните статисти имавме многу полесна задача – да седиме на јужната трибина. На тревнатиот терен, спроти нас се појавија смуртени типови кои поставија масивна камера врз троножен статив; душмански вперија силни рефлектори од сите страни директно во нас; спопикаа меѓу нас некакви микрофони обвиткани во крзно. И додека трпеливо ги поднесувавме овие тортури, зад камерата поставија расклопен платнен стол во кој важно седна крупна персона.

Последниот сплавар на Вардар

22747


Во романот “Последниот сплавар на Вардар„ Владимир Плавевски, автор на книгите “Играч на фанта„, “Амкање„, “Ловец на самовили„, “Поплава„, и романот “Цена од Ново Маало”, не воведува во галерија специфични ликови и случувања од Предилиенденски период. Сплаварот Јован и неговиот помошник Арсение плават со сплав по реката Вардар од Велес до Солун. Тие запаѓаат во низа драматично-онирични состојби во својата одисејска пловидба низ реката Вардар. Владеењето на  Османлискиот закон на посилниот загорчен од пеколните услови на тогашниот ропски живот авторот Плавевски го опишува со возбудлива нарација во чија заднина нуркаат буревесниците на македонскиот историски пресврт, Гемиџиите и Иилинденските комити.  Наративниот котелец на романот авторот Плавевски го  ткае и со архаичен дијалог, еклектичен на Маркоцепенковиот писателски стил, со што постигнува невообичаено типизирање на ликовите чии  судбини пловат по текот на нивната  трагична животна река.

Видео исечок од промоцијата на Последниот сплавар на Вардар
Главниот водечки лик на романот, сплаварот Јован, со својот сплав  впловува во македонските тегобности подучувајќи го помошникот Арсение на суровата животна реалност која ги опкружува. Тие на својот сплав превезуваат, од Велес до Солун, јамболии во кои  е скриен динамит со кој треба да се расони Европа за да ù се покаже оти Османлиската власт со векови го разорува Македонското битие.
Романот кулминира со бој на Вардар кај Демир Капија меѓу сплаварите и турскиот аскер, битка – метафора за експлозивното   предвестување на бурните настани што ќе следат за слободата на македонскиот народ.  Сплаварот Јован паѓајќи во водите на реката Вардар завршува во прегратката на  водната русалка како заштита на доблестност за посакуваната иднина.

Во романот “Последниот сплавар на Вардар„ Владимир Плавевски, автор на книгите “Играч на фанта„, “Амкање„, “Ловец на самовили„, “Поплава„, и романот “Цена од Ново Маало”, не воведува во галерија специфични ликови и случувања од Предилиенденски период. Сплаварот Јован и неговиот помошник Арсение плават со сплав по реката Вардар од Велес до Солун. Тие запаѓаат во низа драматично-онирични состојби во својата одисејска пловидба низ реката Вардар. Владеењето на  Османлискиот закон на посилниот загорчен од пеколните услови на тогашниот ропски живот авторот Плавевски го опишува со возбудлива нарација во чија заднина нуркаат буревесниците на македонскиот историски пресврт, Гемиџиите и Иилинденските комити.  Наративниот котелец на романот авторот Плавевски го  ткае и со архаичен дијалог, еклектичен на Маркоцепенковиот писателски стил, со што постигнува невообичаено типизирање на ликовите чии  судбини пловат по текот на нивната  трагична животна река. Главниот водечки лик на романот, сплаварот Јован, со својот сплав  впловува во македонските тегобности подучувајќи го помошникот Арсение на суровата животна реалност која ги опкружува. Тие на својот сплав превезуваат, од Велес до Солун, јамболии во кои  е скриен динамит со кој треба да се расони Европа за да ù се покаже оти Османлиската власт со векови го разорува Македонското битие. Романот кулминира со бој на Вардар кај Демир Капија меѓу сплаварите и турскиот аскер, битка – метафора за експлозивното   предвестување на бурните настани што ќе следат за слободата на македонскиот народ.  Сплаварот Јован паѓајќи во водите на реката Вардар завршува во прегратката на  водната русалка како заштита на доблестност за посакуваната иднина.

Преводи

Романот е преведен на полски и бугарски.

СплаваротFLISAK

Раскол

63300

ВЛАДИМИР ПЛАВЕВСКИ
УЛОГИ:
1. Н Е Д А
2.МАЖОТ, СТУДЕНТОТ, КРАЛОТ
3.ПРОФЕСОРОТ,
4.ТАКСИСТОТ, СПЕЦИЈАЛЕЦ
5. НЕКОЛКУ СПЕЦИЈАЛЦИ И БОЛНИЧАРИ
АВТОРСКА СУГЕСТИЈА:
ДРАМАТУРГИЈАТА  УСЛОВУВА ЕДЕН АРТИСТ ДА ТОЛКУВА НЕКОЛКУ ЛИКОВИ
ПРВА СЛИКА
СЦЕНА ПОСЕАНА СО ЧАДОРИ.
ЗАЛЕПЕНИ ЅИДОВИ  КОИ СЕ РАЗДЕЛУВААТ И ОД НИВ ИЗЛЕГУВА НЕДА.
НЕДА
ВИ ВЕЛАМ, ИЗЛЕГОВ ОД СВОЈОТ ГРОБ… ИЗЛЕГУВАМ ОД МОЈОТ ГРОБ!… ЌЕ ИЗЛЕЗАМ ОД ГРОБОВ?!
ВО ЅИДОВИТЕ РЕЛЈЕФНО СЕ ОДРАЗУВААТ ФИГУРИ НА ЛУЃЕ, ЛИЦА, РАЦЕ…
УХ, СМИРИ СЕ! ТАКА… МХМ… МХМ… МХМ… ПРОКЛЕТО ВРЕМЕ! МХМ… ТРЕБА ДА ЛЕЕ ДОЖД! МХМ… ДА ЛЕЕ БЕЗМИЛОСНО!
ОД ВИСОЧИНА СЕ СПУШТААТ КУЛИСИТЕ ЗАВРТЕНИ НАОПАКУ.
СМИРИ СЕ, СМИРИ СЕ… ТАКА… ОХ, СЕ СТЕМНУВА…
ЧАДОРИТЕ  СЕ ГУБАТ ВО ВИСОЧИНА.
А ТЕМНЕЕЊЕТО ПРОДИРА ВО  МЕНЕ!… ЦРНИЛОТО МЕ ДУПИ! МЕ ДУПИИИ! ААААХ!
ЕФЕКТ НА СВИРКАЊЕ НА ВЕТЕР.
МММ, СТУДЕН ВОЗДУХ … МММ!
ЕФЕКТ НА ЛЕЕЊЕ ДОЖД.
ДОЖД?! ПРОКЛЕТСТВО, ДОЖД?! ЗОШТО ДОЖД?
УДАРИ НА ГРОМ.
ВТОРА СЛИКА
НИЗ ЅИДОТ ВЛЕГУВА МАЖ  КОЈ МАРШИРА.
МАЖОТ
РАС’ДВА’ТРИ! РАС’ДВА’ТРИ!
НЕДА
КОЈ СИ ТИ?!
МАЖОТ
РАС’ДВА’ТРИ! РАС’ДВА’ТРИ!… ЕЈ, НЕ ЗНАЕШ КОЈ СУМ ЈАС?… РАС’ДВА’ТРИ!
НЕДА
ВЛЕГУВАШ КАКО РОВЈЕ… КОЈ СИ ТИ?
МАЖОТ
РАС’ДВА’ТРИ!… ТВОЈОТ ЏЕЛАТ.
НЕДА
МОЈОТ ЏЕЛАТ? НО, ЈАС СУМ НЕВИНА!
МАЖОТ
ТРЕБА ДА ТЕ УБИЈАМ… РАС’ДВА’ТРИ!… ИМЕТО!ТВОЕТО ИМЕ?!!
НЕДА
НЕ!… ДА!… НЕДА.
МАЖОТ
САКАШ ДА ТЕ ЗАСТРЕЛАМ? ДА ТЕ ЗАДАВАМ? ДА ТЕ ОБЕСАМ? ДА ТЕ ЗАКОЛАМ? ДА ТЕ ГИЛОТИНИРАМ? ДА ТИ ДАДАМ ОТРОВ?
А?! РАС’ДВА’ТРИ!
НЕДА
НО ЗОШТО? ЗОШТО?! НЕЕЕ!!!
МАЖОТ
РАС’ДВА’ТРИ! …КАКВО ТИ Е ТОА ИМЕ? РАС’ДВА’ТРИ! СОСТАВЕНО  Е ОД “НЕ” И ОД “ДА”. НЕ-ДА! …РАС’ДВА’ТРИ! …
НЕДА
НЕЕЕ!!!
МАЖОТ
ЕЈ, ДОСТА КРЕСКАШ! МЕ РАЗОЧАРА. МИСЛЕВ ДЕКА СИ ЦВРСТА ЖЕНА… АКО САКАШ, ДА ТИ ГИ ЗАВРЗАМ ОЧИТЕ. ДА НЕ ГЛЕДАШ КАКО ЌЕ УМРЕШ.
НЕДА
НЕ САКАМ ДА УМРАМ! НЕЕЕ!!!
МАЖОТ
КАКО САКАШ ДА УМРЕШ? ИМАШ ГОЛЕМ ИЗБОР…
НЕДА
НЕЕЕ!!!
МАЖОТ
ДОБРО, НЕ КРЕСКАЈ! СРЕДИ СЕ, ДИШИ ДЛАБОКО, ДИШИ ДЛАБОКО…
НЕДА
”ЧЕКАМ ПРЕД ЛИЦЕТО НА СМРТТА!
ПРЕПОЛНА СУМ СО МЛЕКО
ОД ЧОВЕЧКА ДОБРИНА
ЗА ДА ГО ФАТАМ
НАЈДОЛГИОТ ПАТ… “
НЕДА  ГО ЗГРАПЧУВА МАЖОТ ЗА НОЗЕ.
МАЖОТ
ОСЕЌАШ? ПУЛСИРА!…
НЕДА
ДУПИ МЕ, СЕГА, ПРЕД ДА МЕ УБИЕШ!
СВИРКАЊЕ НА ПЕЈЏЕР.МАЖОТ  ГЛЕДА ВО ПЕЈЏЕРОТ.
МАЖОТ
ЕЈ, ИМАМ ПОРАКА! … “НЕ-ЈА-УБИ-ВАЈ-ВРА-ТИ-ЈА-ВО -ЌЕЛИЈА”… ПУ, МАЛЕР! А САМА МИ СЕ НУДИ… ВАКА МИ СЕ СЛУЧУВА СЕКОГАШ КОГА ВРНЕ ДОЖД!
НЕДА
КОГА ПАЃА ДОЖД, САКАМ ВО МЕНЕ ДА ВРНЕ СПЕРМА… ТРЕБА ДА МИ НАПРАВИШ ВНУЦИ!
ЅВОНИ   МОБИТЕЛОТ.
МАЖОТ
… АЛО? АЛО?!… ДА,ДА, НЕ ЈА ОТЕПАВ… НЕ, НЕ, ВИ СЕ МОЛАМ…В РЕД,  НА ЗАПОВЕД… ПРЕСТРАШЕНА Е, ТОА Е НОРМАЛНА РЕАКЦИЈА КАЈ СИТЕ ОСУДЕНИЦИ.
ЅВОНИ   МОБИТЕЛОТ.
АЛО?…ДА?! … ЗА ТЕБЕ… И, БИДИ КРАТКА!
НЕДА
… АЛО? АЛО?!… МЕ ЧЕКА? КОЈ МЕ ЧЕКА?… СМРТТА?! … НЕ?! ЖИВОТОТ?! … МАЖОТ?… МОЈОТ ЦЕНЕТ СОПРУГ СЕ УШТЕ НЕ Е ВРАТЕН ОД ПОСЛЕДНАТА БАЛКАНСКА ВОЈНА!… ВОЈНАТА ЗАВРШИЛА!?… АМЕРИКАНЦИТЕ ИСПУШИЛЕ ЛУЛЕ НА МИРОТ СО БАЛКАНСКИТЕ ГЛАВАТАРИ?… СКЛУЧИЛЕ МИР?… КАДЕ? … ЛАЖЕШ. ЛАЖЕШ! ЛАЖЕШ!!
НЕДА МУ СЕ ОБРАЌА НА МАЖОТ.
ИЗМИСЛУВААТ!… ВОЈНАТА НИКОГАШ НЕ ЗАВРШУВА… МИРОТ ЗАВРШИЛ…
НЕДА ЗБОРУВА ВО СЛУШАЛКАТА.
NE, NE, NE SE VRATIL! SE VRATI DO@DOT… ME POLEVA KAKO SPERMA, ]E MI NARASNAT VNUCITE… DA! … SE PLA[AM… SAKAAT DA ME UMRAT… NE JA PREKINUVAJTE LINIJATA! … PSST! OVOJ SAKA DA ME UBIE!
МАЖОТ
ЕЈ, ТИ СИ БИЛА МРДНАТА.
НЕДА
НЕМА ДА МЕ УБИЕШ?
МАЖОТ
КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ.
НЕДА
ФУЈ, СМРДИ НА ИЗЛЕАН ДОЖД.
МАЖОТ
ЕЈ, НАДВОР ПАК ЗАВРНА.
НЕДА
ОБОЖУВАМ ДОЖД!
МАЖОТ
ЗАВРНА ВОЈНА!
НЕДА
КОГА ОД НЕБОТО ЏРЏОРИ ВОДА, СЕ ПРОДАВААТ ЧАДОРИ. ЗАШТИТА ОД ВОЈНА!
МАЖОТ
ЕЈ, СУПЕР ИДЕЈА! ЌЕ ОТВОРАМ ЧАДОРЏИЛНИЦИ НИЗ БАЛКАНОВ, ТАМУ КАДЕ ШТО ВРНАТ ВОЈНИ. ЕЈ, ШТО ПАРИ ЌЕ ПЕЧАЛАМ! ОД ПРОФИТОТ ЌЕ СИ КУПАМ, ЕЈ, КАЖИ ШТО САКАШ ДА КУПАМ?
НЕДА
КУЌИЧКА ВО ЦВЕЌЕ, ВЕРНО КУЧЕ И МЕКИ ПАНТОФЛИ.
МАЖОТ
ЛИНИЈАТА СЕ УШТЕ СТОИ ОТВОРЕНА.
НЕДА
…ДА, ДА, МАЖ МИ ГО БОМБАРДИРА ДУБРОВНИК, ГО УРИВА САРАЕВО,  ЈА ПЕПЛОСУВА ЉУБЉАНА, ГО ОПОЖАРУВА ЗАГРЕБ, ФРЛА ЧУМА ВО СКОПЈЕ, БЕЛГРАД ГО ПОГАНИ ВО ЦРНГРАД!… КАКО ЗНАМ? ПА ОКОЛУ МЕНЕ ВРНЕ  ВРЕМЕ, ВОЈНИ, ЛУЃЕ, ПАРИ, ТРАНЗИЦИИ, ПАРТИИ, УБИСТВА, КОМУНИЗМИ, СОЦИЈАЛИЗМИ, КАПИТАЛИЗМИ.
МАЖОТ
ЕЈ, ЧАРДАК НИ НА  НЕБО НИ НА ЗЕМЈА ГРАДЕВМЕ , АМА ЕЈ, СЕ ОТИДЕ… СЕ СЕ УРНА…
НЕДА
…АЛО, ОВОЈ САКА ДА МЕ ОТЕПА! ДОЈДИ, СПАСИ МЕ! СПАСИ МЕ!
МАЖОТ
ТАТКО МИ, КОГА ГО СТРЕЛАЛЕ, ВИКАЛ: “ДА ЖИВЕЕ ТИТО! ДА ЖИВЕЕ ТИТО… ДА ЖИВЕЕ ТИТО…”
ДРУЖЕ ТИТО МИ ТИ СЕ КУНЕМО
ДА СА ТВОГА ПУТА НЕ СКРЕНЕМО…
НЕДА
АЈДЕ, НЕ ПЛАЧИ. ТРЕБА ДА МИ КАЖЕШ: “ИЗВИНИ, ЗАДОЦНИВ,  КУПИВ КУЌИЧКА ВО ЦВЕЌЕ.”
МАЖОТ
ДРУЖЕ ТИТО МИ ТИ СЕ КУНЕМО
ДА СА ТВОГА ПУТА НЕ СКРЕНЕМО…
ТИТОСЛАВИЈА СЕ РАСПАДНА, А ТИ? СЕ ЧЕШЛАШ!
НЕДА
БАШ ЧЕЛИК УМРЕ И СЕ УРНИСА ЧАРДАКОТ НИ НА НЕБО НИ НА ЗЕМЈА.
МАЖОТ
У ТУНЕЛУ, УСРЕД МРАКА,
СИЈА ЗВЕЗДА ПЕТОКРАКА…
Е, НЕ МОЖЕ ТАКА! РАС’ДВА’ТРИ! ЕЈ, ТРГНУВАМ.
МАЖОТ   ВАДИ   РЕВОЛВЕР .
ЈУРИШ! У-Р-А-А-А-А…!?
НЕДА
ПОМОШ!
МАЖОТ
ЕЈ, СМИРИ СЕ.
НЕДА
ЌЕ МЕ УБИЕ! ПОМОООШ!
МАЖОТ
ЕЈ, НЕ КРЕСКАЈ! ЌЕ ГИ ИСПЛАШИШ КОМШИИТЕ…
НЕДА
ТРГНИ ГО …
МАЖОТ
НЕ ТЕ УБИВАМ. ТИ КАЖАВ ВЕЌЕ ЕДНАШ. ЕВЕ ТИ ГО РЕВОЛВЕРОТ… СО НЕГО НЕМА ЗАЕБАНЦИЈА.
СВИРКАЊЕ НА ПЕЈЏЕР.
МАЖОТ
“ТИ-ПРА-ЌА-МЕ-ТАК-СИ!-ЗА-МИ-НУ-ВАЈ-ВО-ВОЈ-НА!”ФАЛА БОГУ, НАЈПОСЛЕ ИМ ТЕКНА! … ЕЈ,   БАКНИ МЕ, ЗА СРЕЌА.
МАЖОТ ЈА БАКНУВА НЕДА.
НЕДА
ИМАШ ВРЕМЕ?
МАЖОТ
ГОТОВО Е … НЕМА ДА ИЗВЛЕЧАМ ЖИВА ГЛАВА…
НЕДА
ИМАШ БЕСКРАЈ.
ОДЕКНУВА СИЛЕН, ЗАГЛУШЕН  ИСТРЕЛ.
МАЖОТ
Е-ЕЈ-МЕ-О-ТЕ-ПА?
МАЖОТ  ПРОПАЃА ВО ЅИДОТ.
ВО ЅИДОВИТЕ СЕ ОДРАЗУВААТ ФИГУРИ НА ЛУЃЕ, ЛИЦА, РАЦЕ…
СИЛНА ЗАСЛЕПУВАЧКА СВЕТЛИНА.
СТЕМНУВАЊЕ.
ТРЕТА СЛИКА
ОТЕМНУВАЊЕ.
ТАКСИСТОТ СЕ СПУШТА СО ЧИГА.
ТАКСИСТОТ
ГОСПОЃО!?
НЕДА
НЕ СУМ ГОСПОЃА.
ТАКСИСТОТ
СЕ ПАРДОНИРАМ, ГОСПОЃИЦЕ, СЕ ПАРДОНИРАМ…
НЕДА
НЕ СУМ ГОСПОЃИЦА.
ТАКСИСТОТ
ПА ШТО СТЕ, ВИ СЕ МОЛАМ,  “ГОСПОЃО-ГОСПОЃИЦЕ”? ДРУГАРКА? ДАМА? МИЛЕДИ? МАЈ’ФЕР’ЛЕЈДИ?
НЕДА
ЈАС СУМ НЕ-ДА.
ТАКСИСТОТ
ДОБРО, ДРУГАРКЕ ДАМО НЕ-ДА, ЈАС, СЕ ИЗВИНУВАМ, АМА, ЕТЕ, ВЕДНАШ СТИГНАВ. ИЗВЛЕКОВ ЖИВА ГЛАВА!
НЕДА
КОЈ СИ, ПАК СЕГА – ТИ?!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, ЕТЕ, ДОЈДОВ… НЕЛИ МЕ ЧЕКАТЕ?
НЕДА
ЈАС?
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, ВРАТАТА, ЗНАЕТЕ, НЕ СЕ ЗАТВОРА И ЈАС…
НЕДА
НЕ СЕ ЗАТВОРА?!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, СО ТРЕСКАЊЕ ЈА ЗАТВОРАМ. ВРАТАТА! ВИ СЕ МОЛАМ, ВОЗАМ ЈУГО, ПЕДЕСЕТПЕТКА…
НЕДА
СЕ ПЛАШАМ… ТАМУ, СЕ ВОДИ ВОЈНА!
ТАКСИСТОТ
ТОЧНО!… ГЛЕДАТЕ ФИЛМОВИ? КОГА ВРНЕ ДОЖД, ЕВЕ, КАКО СЕГА,  НЕКОЈ СИГУРНО ЌЕ УМРЕ. ВО  ФИЛМОВИТЕ…
НЕДА
МИРИСА НА МЕМЛА.
ТАКСИСТОТ
ДА, ТРУЕ! ГИ ЗГРЕШАМ УЛИЦИТЕ. СУМ ГИ ЗАБОРАВИЛ… МЕ ТЕРАА ДА КОЛАМ… ЛУЃЕ!… КАПЕТАНОТ МРЧИ: “АЈДЕ БРЕ, ДЕБЕЛИ, ЈЕБЕМ ТИ БУРЕК, КОЉИ! КОЉИ!!!”
НЕДА
ТИ СИ УБИВАЛ?!                          ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, НЕ СЕ ТРЕВОЖЕТЕ.
НЕДА
ТИ СИ, ТИ СИ…!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ… БЕВ И ВО ВУКОВАР… ХИРОШИМА!
НЕДА
ЛЕЛЕ, ТИ СИ…
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ… БЕВ И ВО СРЕБРЕНИЦА… НАГАСАКИ!
НЕДА
ТИ СИ ГНАСА!!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, ЈАС СУМ ТАКСИСТ… ТАКСИСТ! БРРРУМ! ВОЗАМ ТАКСИ. ЦРВЕН ЈУГО! ЌЕ ГО ВАПЦАМ ЦРНО. СЕГА ТОА Е ВО МОДА. МЕНУВАЊЕ БОЈА… ВИ СЕ МОЛАМ, КАДЕ САКАТЕ ДА ВОЗАМ?
НЕДА
ВАДЕТЕ МЕ ОД ОВАА ЌЕЛИЈА!
ТАКСИСТОТ
СЕГА?! СЕ ШЕГУВАТЕ?
НЕДА
СЕ ПЛАШАМ! ПАК ИМА ВОЈНА!
ТАКСИСТ
ВИ СЕ МОЛАМ, СТАРТ ПЕТ ДЕНАРИ А ЗА СЕКОЈ ПРЕЈДЕН КИЛОМЕТАР ДЕСЕН ДЕНАРИ. ПОЕВТИНО-УТРЕ…
НЕДА
КОЕ УТРЕ?
ТАКСИСТОТ
ДЕНЕС НИКОЈ НЕМА ПАРИ… ВЧЕРА ВОЗЕВ ЕДНО МОМИЧЕ. ОД УБАВО ПРЕУБАВО. И “ДРЖ’ДАЈ’ДА” ПЛАТИ, МИ ВЕЛИ: “ НЕМАМ ДЕНАРИ, НЕМАМ ДОЛАРИ, НЕМАМ МАРКИ… ЌЕ ТИ ПЛАТАМ, ДЕБЕЛИ”, МИ ВЕЛИ, “ЌЕ ТИ ПЛАТАМ ВО НАТУРА.” И, ВИ СЕ МОЛАМ,  ГИ СОБЛЕЧЕ ГАЌИЧИЊАТА И МИ ГО ПЛИСНА ПИЧЕТО НА СЕДИШТЕ КАКО КРОФНА. МИ ВЕЛИ: “Е, ДЕБЕЛИ, ДЕБЕЛИ, АЈ’ДА ТЕ ВИДАМ ШТО МАЖ СИ, СЕГА, КОГА НЕМАШ КАМА ДА КОЛЕШ.”
НЕДА
ОДИ НА ДОКТОР!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, УМИРАМ ОД РАБОТА… ВОЗАМ ЛУЃЕ, ЛУЃЕ! ЖЕНИ, МАЖИ, ДЕЦА… МИ ВЕЛАТ: “ДЕБЕЛИ, САКАШ ЏОИНТ?” СЕ ВРТАМ, ГЛЕДАМ. ДЕЦАНА, БРЕ, СЕ ДРОГИРААТ ВО ЈУГОНО… ЕБАТИ ДРЖАВАТА СО ДРОГИРАНИ ДЕЦА!… И, ЕДНО КОПИЉАЧЕ МИ БАМБОРИ: “ДЕБЕЛИ, КАДЕ ДА ГО ЏИТНАМ КУТОНОВ?” . А ЧАНТИЧЕТО ПОД НЕГО МРЧИ: “ТЕСНА ТИ Е ЧИЧЕ, КОЛАВА! ДА СИ КУПИШ ‘МЕРЦЕДЕС’…” ЗАСТАНАВ, МИ СЕ СТЕМНИ ПРЕД ОЧИ. НЕМАВ КАМА, ИНАКУ, ГОТОВО, ЌЕ ГИ ЗАКОЛЕВ… ГИ ЏИТНАВ ОД ЈУГОТО… СО ПУЦВАЛ ПОСЛЕ БРИШЕВ СПЕРМА ОД ЗАДНОТО СЕДИШТЕ. ВИ СЕ МОЛАМ, СЕ ЕБАТ, БРЕ,  КАКО ЗАЈАЦИ…
НЕДА
ТИ СИ СЕ МРДНАЛ ОД ВОЈНАТА!
ТАКСИСОТОТ
ДА БЕ! ВАДЕВ ЗЛАТНИ ЗАБИ… ОД УБИЕНИТЕ… ШТО ЌЕ ИМ СЕ ЗЛАТНИ ЗАБИ ПОД ЗЕМЈА? ЦРВИ НЕМА ДА ЈАДАТ, ВИ СЕ МОЛАМ, ЦРВИТЕ НИВ ЌЕ ГИ ЦИЦААТ… СОБРАВ ПОЛНА РАНИЦА ЗЛАТНИ ЗАБИ… И, ФАТИВ ЏАДЕ…  КУРТУЛИВ, СТИГНАВ ДОМА, КОСКА И КОЖА… СЕ НАЈАДОВ БУРЕК СО МЕСО И ЦЕЛА НЕДЕЛА СПИЕВ… КОГА СЕ РАЗБУДИВ, ГЛЕДАМ, НАД МЕНЕ БРЧИ ХЕЛИКОПТЕР! СРИПАВ. СЕ СВЕСТИВ. УНПРОФОР! ВИ СЕ МОЛАМ, МОЈА ЗЕМЈА.
НЕДА
ТИ СИ НИКУЛЕЦ НА НЕБИТНИЦА НА ПОЧВА НАГНОЕНА СО СОПСТВЕНИ КОСКИ, КРВ И П’ЛТ!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, ЈАС ИМАМ ДИПЛОМИРАНО ЧИСТА ФИЛОЗОФИЈА! “МИСЛАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ!”… ВИ СЕ МОЛАМ, АРИСТОТЕЛ, КАНТ, НИЧЕ, ФОЕРБАХ, КАРЛ МАРКС, РЕНЕ ДЕКАРТ, ЏОН ЛОК, ФРИДРИХ ЕНГЕЛС, ДЕНИ ДИДРО, ШОПЕНХАУЕР, ЖАН ЖАК РУСО, КЕРКЕГОРД, РАСЕЛ, ПЛАТОН… ВИ СЕ МОЛАМ, СО ЗЛАТОТО ОД ЗАБИТЕ ГО КУПИВ ЈУГОТО. МОРА ДА СЕ ЖИВЕЕ… У, ДОЈДЕ ВРЕМЕ! ТРЕБА ДА ВЕ УБИЈАМ.
НЕДА
НЕЕЕ!
ТАКСИСТОТ
САКАТЕ ДА ВЕ СТРЕЛАМ?  ИЛИ, ДА ВЕ ОБЕСАМ? МОРЕ, МАЈСТОР СУМ ЗА  ЗАКОЛЕЊЕ!… А ДА ВЕ ГИЛОТИНИРАМ? ИМАМ И ОТРОВ? А ДА ВЕ ЗАДАВАМ СО ЖИЦА?
НЕДА
ПОМОШ! НЕЕЕ!
ТАКСИСТОТ
АМА, ВИ СЕ МОЛАМ, ЏАБЕ КРЕСКАТЕ! И, МЕ РАЗОЧАРАВТЕ. МИСЛЕВ ДЕКА СТЕ СТАМЕНА ЖЕНСКА… АКО САКАТЕ, ДА ВИ ГИ ЗАВРЗАМ ОЧИТЕ. ДА НЕ ГЛЕДАТЕ КАКО ЌЕ УМИРАТЕ.
НЕДА
НЕЕЕЕ!
ТАКСИСТОТ
ИМАТЕ ЗЛАТНИ ЗАБИ?
ЅВОНЕЊЕ НА МОБИТЕЛ.
… АЛО? АЛО?!… ДА, ДА, СЕУШТЕ НЕ ЈА ОТЕПАВ… НЕ, НЕ, ВИ СЕ МОЛАМ…В РЕД, НА ЗАПОВЕД… ХА,ХА,ХА! ПОСРАНА Е ОД СТРАВ… ПА ДА, ВИ СЕ МОЛАМ, ТОА Е НОРМАЛНО КАЈ ВАКВИТЕ ОСУДЕНИЦИ… ДОБРО, ЌЕ ЈА ОСТАВАМ ВО ЌЕЛИЈАТА… В РЕД! НА ЗАПОВЕД!

Кралот Лир

22241

(Кога власта е луда, народот е слеп)

Улоги

ЛИР, кралот на Британија

БУДАЛАТА

КЕНТ, гроф

ГОНАРИЛА, ќерка на Лир

РИГАНА, ќерка на Лир

КОРНЕЛИЈА, ќерка на Лир

ЕДМУНД, Глостерово копиле

ЕДГАР, син на Глостер

ГЛОСТЕР, гроф

ОЛБАНИ, војвода, маж на Гонарила

КОНВАЛ, војвода, маж на Ригана

КРАЛОТ НА ФРАНЦИЈА

ВОЈВОДАТА ОД БУРГУНДИЈА

ОСВАЛД

ТРУБАЧОТ

СЛУГАТА

Прва сцена (Кралска соба)

ЛИР

Дојди ваму!

БУДАЛАТА

Кој? Јас?

ЛИР

Ти, ами кој!

БУДАЛАТА

А кој сум јас?

ЛИР

Мојата Будалетинка! Ха, ха, ха!

БУДАЛАТА

Вие сте мојот крал на својата будалетинка. Ха, ха, ха!

ЛИР

Па што?

БУДАЛАТА

Како “па што?”. Ако мозокот ви е сместен во табаните, дали ќе добиете плускавци?

ЛИР

Да. Секако!

БУДАЛАТА

Па, тогаш, кралу мој Лире, бидете среќен. Вам не ви требаат обувки за да го спасите мозокот од плускавци!

ЛИР

Опа?! Ха, ха, ха! Си знаел!?

БУДАЛАТА

Знам дека не знам, кралу мој Лир.

ЛИР

Ти, будала со тапија, нешто знаеш? А?! Што знаеш?

БУДАЛАТА

Знам!… Еве, на пример, ова! Кхм… Кажете ми, мој умен кралу Лир, зашто носот ви стои сред лице?

ЛИР

Па, види, ова, вака, нели, носот сред лице стои… Не знам!

БУДАЛАТА

А, не знаете?!

ЛИР

Кажи!

БУДАЛАТА

Носот ви е сред лице бидејќи очите се од двете страни на носот. Ако не мирисате, ќе гледате.

ЛИР

Па ти си бил многу умен!

БУДАЛАТА

Затоа сум Ваша ли, ли, лична дворска бу, бу, будалетинка, мој кралу Ли, Ли, Лир.

ЛИР

Ха, ха, ха! Значи, ти сакаш да ка, ка, ка…

БУДАЛАТА

Кажеш.

ЛИР

…Да кажеш дека – ако јас не мо, мо, мо…

БУДАЛАТА

Можам.

ЛИР

..Можам да намирисам што се плетка во земјата моја, не треба да пулам и што ми плеткаат, а?… Ха, ха, ха! Глупости! И не ми пелтечи повеќе!

БУДАЛАТА

Добро… Зашто остригата гради школка?

ЛИР

Врска немам.

БУДАЛАТА

Ни јас. А зашто полжавот си товари дом на грбот?

ЛИР

Зашто де?

БУДАЛАТА

Во него ја крие својата глава, за да не ја дели државата на своите ќерки. Само не може да ги скрие роговите.

ЛИР

Молк!… Коњот е оседлан?

БУДАЛАТА

Твоите магариња отидоа да се погрижат за тоа.

ЛИР

Какви магариња? Сакам коњ!

БУДАЛАТА

Нема магариња, се извинувам коњ, бидејќи седум ѕвезди не се повеќе седум.

ЛИР

Туку осум?!

БУДАЛАТА

Точно! Вие сте одлична будала, кралу Лир.

ЛИР

Подобар сум од тебе?

БУДАЛАТА

Да сте моја будала, кралу Лир, веднаш ќе наредам да ве камшикуваат.

ЛИР

Зашто?

БУДАЛАТА

Не е добро што стареете пред да се вразумите.

ЛИР

О, небо над мојот трон,

зар јас, кралот над кралевите,

Лир,

сум излуден?

Зар во мојата свест сум блуден?

(Влегува Кент)

Грофе Кент, каде е коњот?

КЕНТ

Подготвен, господару.

ЛИР

Клекни.

(Кент клекнува)

Џихааа! Напред! Напред!

БУДАЛАТА

Каде кра, кра, кралу мој, Ли, ли, Лир?

ЛИР

Ти забранив да пелтечиш!

БУДАЛАТА

Каде кралу мој, Лир?

ЛИР

Одам да ја делам.

БУДАЛАТА

Лапачката?

ЛИР

Државата. Мојата држава!

БУДАЛАТА

Ќе ја делиш мојата држава?

ЛИР

Да.

БУДАЛАТА

Па ти си бил побудала од мене.

ЛИР

Па затоа и ја делам…Џихааа!

(Кент, јавнат од Лир, излегува)
Втора сцена( Свечана кралска сала)

(Лир дојавува на Кент, следен од Будалата,  и свечено слегнува)

ЛИР

Повикајте ми ги ќерките.

(Кент  истапува)

Не ти! Будалата!

БУДАЛАТА

Велеуважени дами, ќерки на нашиот сакан крал над кралевите, кралот над нашата држава, Лир, пријдете.

ЛИР

По, по, по, поблизу.

БУДАЛАТА

Не пелтечете сега, Лире.

ЛИР

Добро, будало.

(Трите девојки приоѓаат кон Лир)

ЛИР

Кажете, нели,

ќерки мои,

не лажете, нели,

оти сега од мене власта се губи,

од скапи имоти и државни грижи,

која од вас мене најповеќе ме љуби?

…Добро беше?

БУДАЛАТА

Одлично рецитирате. Терајте… Исфрлете го само тоа “нели”.

ЛИР

Добро…

Таа што ќе каже

оти најповеќе ме љуби

јас, Лир,

кралски дар ќе í дарам.

Која прво треба да зборува?

БУДАЛАТА

Според текстот, онаа… Гонарила.

ЛИР

Ајде зборувај прва ти, Гонарила, првенице моја!

ГОНАРИЛА

Зошто јас?

ЛИР

Дојди ваму!

ГОНАРИЛА

Дај го листот…

(Зема лист хартија од Олбани)

ГОНАРИЛА

“Татко мој,

подраг од опулот, светот и слободата мила.

Ве љубам повеќе и од најскапоценото азно,

Како што дете страдно го љуби засекогаш

родот свој праисконски,

татка си свој,

со здив вжарен и збор страден.

Ве љубам, ах, ве љубам, преку сета мерка. “

Има уште, ама доволно е, нели, станува досадно… Добро беше, а?

БУДАЛАТА

Браво! … Од каде го препишавте?

ГОНАРИЛА

Појма немам.

ОЛБАНИ

Од Шекспир.

БУДАЛАТА

А, молам, молам…

ЛИР

Дај ја картата!

(Кент отвора географска карта)

ЛИР

Гледај!

Сите области од оваа линија овде па до онаа онде,

со темни шуми, плодни ливади,

бујни реки, богати полиња,

Твои се и на Олбаниевото потомство…

ОЛБАНИ

Пссст… Барај уште.

ГОНАРИЛА

Малку е.

РИГАНА

Многу е!

ЛИР

Доволно е!

Што вели мојата втора ќерка,

милата Ригана, жена Конвалова?

РИГАНА

Од исто месо сум како и мојата сестра,

во зборот нејзин сетам и љубов моја,

само, таа, сепак, претерува, оти јас

туѓинка сум í на радоста во чулниот усет.

Сметам дека единствено сум среќна

во љубовта кон Вашето Височество.

БУДАЛАТА

Добра е, од Шекспир е.

ЛИР

Тебе и на твојот Конвал,

во вечно наследство

третина од моето љубено кралство ти дарам.

ОЛБАНИ

Многи í даде.

ГОНАРИЛА

Тато, многу í даваш.

КОНВАЛ

Малку ти дава.

РИГАНА

Малку е.

ЛИР

Доволно е!

(Олбани и Конвал се расправаат меѓусебно а Ригана и Гонарила се степуваат)

ЛИР

Мир!

БУДАЛАТА

Рече, мир… Стрпете се малку, ќе имате време за тепање.

КЕНТ

Ве молам, немојте сега…

(Олбани и Конвал се прегрнуваат, а Ригана и Гонарила се бакнуваат)

ЛИР

А сега, мојата радост, најмладата, немажената ќерка!

КЕНТ

Раката í ја бара лозата Француска и Бургунска.

ЛИР

Дааа?

КЕНТ

Да.

БУДАЛАТА

Госпоѓице?

КОДИЛИЈА

Госпоѓица Кодилија!

ЛИР

Што ќе кажеш,

та да земеш третина побогата од твоите сестри?

БУДАЛАТА

Зборувајте, госпоѓице Кодилија.

КОДИЛИЈА

Ништо, господару мој.

ЛИР

Како ништо?

БУДАЛАТА

Вели: “Ништо!”.

ЛИР

Од ништо-ништо не станува. Повтори!

КОДИЛИЈА

Не можам

да го издигнам срцето до усниве,

Ваше Величество.

БУДАЛАТА

Госпоѓице Кодилија!

КЕНТ

Поправете се!

ГОНАРИЛА

Така треба. Браво.

РИГАНА

Сестро, супер си. Терај.

ЛИР

Молк, вие таму!… Кодилијо, среќата своја си ја уриваш.

КОДИЛИЈА

Ве слушам, ве љубам, ве ценам.

Сестрите мои си имаат мажи

и велат,

“ве љубеле само вас”.

ГОНАРИЛА

Што ти е тебе грижа?

РИГАНА

Леле, расипана!

КОДИЛИЈА

Јас не смеам како моиве сестри да лажам

оти единствено ќе го сакам татка си свој.

Треба да се мажам!

Јас и министерот

62008

ЈАС И МИНИСТЕРОТ

трагикомична фарса

Текст: Владимир Плавевски

режија:  Душан Наумовски

Драмското дејство на оваа современа фарса е подложено на драматуршките пресврти на состојбите на случувања во кои западнува програмерот Каменчо Парталковски, кој за време на една театарска претстава, кивнува и случајно го исплукува министерот. Од тој момент, понатамошниот  живот на програмерот доживува потполн пресврт обземен од основниот полтронски инстикт – да се извини за овој ексцес  на исплуканиот министерот. Драматуршкото дејство се компликува со развиток на дејството кое покажува дека  програмерската фирма во која работи Каменчо Парталковски за “исплуканиот” министер изработува програма за користење на кредит од трансанционален конзорциум. Драмската завршница кулминира со сериозен конфликт на личностите чија што завршница е трагична за една од наведените личности.

Оваа современа фарса својот  архитипски модел го црпе во еден од култните расказите на А.П. Чехов создавајќи оригинална фарса во семантичкото толкување на грамотноста на македонските луѓе и менталитети кои од фарса прераснуваат во трагикомедија како единствена можност на разврската на нашиот современ јазол на битисување. Секако, со понуда на литературната и драматуршката агитираност на можноста: “Што да се стори кога не сакајќи можеби сме ја навредиле личноста од која директно зависи нашата понатамошна судбина?” Дали треба да бидеме упорни во извинувањето кон таа личност или треба да покажеме достоинство во однесувањето? Дали полтронството на личноста мора да оди до крајни граници или треба да се сочува личниот дигнититет?

Овие архитипски моделирања во наши условности ја создаваат и развиваат драматуршката конструкција како наличје на нашето современо егзистирање.

авторот на

“ЈАС И МИНИСТЕРОТ”

Владимир Плавевски


Извадок од текстот:

Улоги:

КАМЕНЧО ПАРТАЛОСКИ, програмер

МИНИСТЕРОТ

ШЕФОТ на Каменчо

ДИРЕКТОРОТ на Каменчо

ДЕСПИНА, сопруга на Каменчо

РАДИЦА, секретарка на Дирењкторот

МАЖОТ Курназовски

ЖЕНАТА Курназовска

ЉУБЕ, безбедност

РЕДАРОТ во театар

ПРИДРУЖНИКОТ на Министерот

СЕКРЕТАРКАТА на Министерот

МЕД. СЕСТРА

Телохранителот

Музика.

Џагор на публика која надоаѓа

КАМЕНЧО

Извинете?!

РЕДАРОТ

Молам?

КАМЕНЧО

Каде… каде треба да седнам?

РЕДАРОТ

Билетот молам.

КАМЕНЧО

Јас, знаете, прв пат доаѓам во вашиот театар…

РЕДАРОТ

Не е мој.

КАМЕНЧО

Да, да, не е мој. Пардон, не е твој, пардон, ваш, нели…

РЕДАРОТ

Билетот молам.

КАМЕНЧО

Претставава, ова, нели, колку е долга?

РЕДАРОТ

Балет, ви се молам. Балет! Колку бил долг! Господи, господи…

КАМЕНЧО

Балет? Да, да, балетот не се мери…

РЕДАРОТ

Кој сè не доаѓа в театар… Билетот, ви се молам!

КАМНЕЧО

Еве ви го билетот!

РЕДАРОТ

О, повелете, повелете!

КАМЕНКО

Благодарам.

РЕДАРОТ

Не ти!.. О, повелете, господине миниситер, повелете!

МИНИСТЕРОТ

Благодарам. билетот е кај мојот телохранител.

РЕДАРОТ

Билетот, ако сакате, господине…? Повелете, седнете… Повелете…

КАМЕНЧО

Кхм… Кој е овој ќелав господин?

РЕДАРОТ

Не знаете кој е “Овој”?! Господи, господи, кој сî не доаѓа во театар?!… Билетот, ви се молам.

КАМЕНЧО

Ви го дадов.

РЕДАРОТ

Ах, да… О?! Имате два билети!?

КАМЕНЧО

Едниот е за мене, другиот е за жена ми…

РЕДАРОТ

Каде е жена ви!

КАМНЕЧО

Ќе дојде.

РЕДАРОТ

Кога ќе дојде?

КАМЕНЧО

Ќе дојде, нели, ми се јави дека ќе дојде. Јас сум нешто настинат и…

РЕДАРОТ

Тогаш, чекајте ја на влезот! Не овде!… Господи, господи, кој сî не доаѓа во театар?!

КАМЕНЧО

Ама, ви се молам, тоа е мој проблем. Не е ваш проблем… Кој е овој ќелав господин?

РЕДАРОТ

Не знаете кој е овој господин? Господи, господи…

КАМЕНЧО

Да седнам до него?

РЕДАРОТ

Неее! Овој ред, овде… Седало оноа! … Гледате?! Токму над тој господин.

КАМЕНЧО

Да. Благодарам… Директно над него?

РЕДАРОТ

Да! Седнете веќе еднаш!

КАМЕНЧО

Благодарам, благодарам… Благодарам… Благодарам…

Члкрипење на седало.

Одекнува свирење на мобилен телефон.

Публиката аплаудира.

Одекнува свирење на мобилен телефон.

КАМЕНЧО

Ало? Да?  Душичке, гледам балет… Аха, балет… Почна… Да, да! Се вртат како шлакнати… Не доаѓаш? Зашто?!… Слушај, некултурно е да зборувам со мобилен во театар… РЕДАРОТ

Ама, ви се молам? Ви се молам!

КАМЕНЧО

Ќе исклучам… Еј, чекај! Каде е манџата? Во фрижидерот? Добро…

РЕДАРОТ

Господи, господи, кој сî не доаѓа во театар?!

Исклучување на мобителот.

Музика.

Каменчо одеднаш силно кивнува.

КАМЕНЧО

Извинете … Јас кивнав и ве испрсав со плунка по вашата ќелавица…

МИНИСТЕРОТ

Ништо, ништо …

КАМЕНЧО

Не сакав … Се извинувам …

МИНИСТЕРОТ

Ништо, ништо …

КАМЕНЧО

Не сакав … Сакате палома марамче? Да се избришете? … Имате? Немате? … Имате? Добро, добро… Не сакав … Се извинувам …

ЖЕНАТА

Што? … Како? … Леле, леле … Ц, ц, ц, ц !

МАЖОТ

Но да.

КАМЕНЧО

Не сакав. Жими мајка…

КАМЕНЧО

Кхм … Кхм … Како ви се допаѓа претставата?

КАМЕНЧО

Одличен па-де-де … Браво!

ЖЕНАТА

Треба да му се извините.

КАМЕНЧО

На кого?

ЖЕНАТА

Нему!

МАЖОТ

Но да.

КАМЕНЧО

Простете, Ви се молам …

МИНИСТЕРОТ

Да?!

КАМЕНЧО

Ве испрскав, знаете …

МИНИСТЕРОТ

Ништо, ништо …

КАМЕНЧО

Не сакав, верувајте …

МИНИСТЕРОТ

Ништо, ништо …

КАМЕНЧО

Како бога Ве молам, простете ми …

МИНИСТЕРОТ

Ништо, ништо …

КАМЕНЧО

Верувајте, воопшто не сакав …

МИНИСТЕРОТ

Да, да … Добро, в ред …

КАМЕНЧО

Длабоко се извинувам, не сакав …

Чекори.

РЕДАРОТ

Псст!… Престанете веќе!

КАМЕНЧО

Не сакав, знаете …

РЕДАРОТ

Оставете го да гледа!

Музика

МАЖОТ

Но да? Заврши… Како ви се допаѓа балетов?

КАМЕНЧО

Па, ова, знаете, така … Добар е!

МАЖОТ

Нема врска… Што е добро во овој балет?

КАМЕНЧО

Па, ова, нели, добра е музиката…Да, музиката!

ЖЕНАТА

Ах, Чајковски е ненадминат.

КАМЕНЧО

Гуно.

МАЖОТ

Да?

КАМЕНЧО

Гуно. Музиката е на Шарл Гуно. Еве, овде, во програмава, пишува – музика: Шарл Гуно!

ЖЕНАТА

Па да! Шарл де Гол, пардон, Гуно!… Срамота! Ни дале погрешна програма.

КАМЕНЧО

Да, да …

МАЖОТ

А балерините?

КАМЕНЧО

Што балерините?

МАЖОТ

Какви беа?

КАМЕНЧО

За жалење. Коска и кожа!

ЖЕНАТА

Не им даваат да јадат.

КАМЕНЧО

Не ме јасно како не добиваат вртоглавица од толку вртење.

ЖЕНАТА

Ви се восхитувам, господине … Господине?!

КАМЕНЧО

Парталоски… Програмер.

ЖЕНАТА

Ние сме прочуеното семејството Курназовски.

КАМЕНЧО

Како, како? Кое семејство?

ЖЕНАТА / МАЖОТ

Курназовски!

КАМЕНЧО

Мило ми е…

МАЖОТ

Извинете, не слушнав. Но да? Што сте вие?

КАМЕНЧО

Програмер.

ЖЕНАТА

Програмер?

МАЖОТ

Но да?! Што работите?

КАМЕНЧО

Правам програми.

ЖЕНАТА

Театарски програми?

КАМЕНЧО

Компјутерски програми.

МАЖОТ

А, тоа … Ние имаме, знаете, приватна фирма. Јас сум, знаете, главен консултант, но да, а мојата сопруга е генерален директор.

ЖЕНАТА

Да! … Во строга доверба, господине Парталоски! Вие сте многу храбар човек.

МАЖОТ

И, имате добри врски. Но да!

ЖЕНАТА

Очигледно.

МАЖОТ

Да, да …

КАМЕНЧО

Се извинувам… Кој е храбар човек? Јас?!

ЖЕНАТА

Вие ами кој! Кој денес има смелост да исплука една толку значајна личност.

КАМЕНЧО

Значајна личност?

МАЖОТ

Апсолутно. И тоа – на јавно место!

ЖЕНАТА

Министер!

КАМЕНЧО

Министер?

МАЖОТ

Но да. Министер!

КАМЕНЧО

Но, јас, знаете, ми дојде да кивнам, несакајќи… Настинат сум.

МАЖОТ

Вие сте, очигледно, од опозицијата?

ЖЕНАТА

Ох, не започнувај со политика, миличок, те молам.

КАМЕНЧО

Каква политика, ви се молам… Јас и политика… А, кој е тој министер? Не го познавам?!

Ѕвони мобител.

МАЖОТ

Ало? Да? … Да, да, тука сум… Во театар! Со мајка ти културно се издигнуваме. Гледаме балет! Да! Од Шарл де !.. Падна?!

КАМЕНЧО

Кој падна?!

МАЖОТ

Каде најде бре сега да паѓа?

ЖЕНАТА

Пссст! Леле, паднала владата!

МАЖОТ

Каква влада! Син ти паднал на испит!

Музика.

РЕДАРОТ

Ве молам, понастрана, понастрана…

ЖЕНАТА

О, господине министре?

РЕДАРОТ

Господи, господи… Понастрана, ви се молам!

ЖЕНАТА

Господине министре?! Како сте?

МИНИСТЕРОТ

Охо, кого гледам, кого гледам?

ЖЕНАТА

Семејство Курназовски. Како сте?

МАЖОТ

Моето почитување, господине министре… Семејство Курназовски!

МИНИСТЕРОТ

Како ви се допаѓа преставата?

ЖЕНАТА

Супер! Ептен! Не сум гледала подобар балет … Ах, Чајковски! Чајковски е вечен.

РЕДАРОТ

Каков Чајковски, ви се молам?

МАЖОТ

Но да?

МИНИСТЕРОТ

Гуно. Шарл Гуно!

МАЖОТ

Таа го признава само Чајковски, знаете …

МИНИСТЕРОТ

Да, да … Ова беше, вашиот брат?

МАЖОТ

Но да, си личиме. Си личиме…

ЖЕНАТА

Си личат! Личат, господине министре!

РЕДАРОТ

Личат, господине министер. Личат!

КАМЕНЧО

Ова, знаете, јас ве испрскав, господине министре …

МИНИСТЕРОТ

Јас веќе изумив.

КАМЕНЧО

Ве испрскав, знаете, а не сакав …

МИНИСТЕРОТ

Ах, глупости.

РЕДАРОТ

Многу си личат, господине министер. Близнаци!

КАМЕНЧО

Сепак, господине министер, ние, знаете, но да, ние не сме браќа.

МИНИСТЕРОТ

Точно. Не сте браќа.

РЕДАРОТ

Воопшто не личат, господине министер. Ниту оддалеку!

ЖЕНАТА

Какви браќа, ви се молам?

МАЖОТ

Ние браќа?

КАМЕНЧО

Настинат сум знаете …

МИНИСТЕРОТ

Ништо, ништо …

МАЖОТ

Кога да наминам до Вашиот кабинет?

МИНИСТЕРОТ

Кога сакате.

ПРИДРУЖНИКОТ

Но најпрво, јавете се! Господинот министер е секогаш презафатен сум, знаете.

МАЖОТ

Благодарам, господине министре, благодарам …

ЖЕНАТА

Поздравете ја сопругата од мене.

РЕДАРОТ

Ја поздравува вашата сопруга, господине министер… И јас!

КАМЕНЧО

Извинете, не сакав … Извинете!

РЕДАРОТ

Пссст! Повелете, повелете наваму…

Чекори во одминување.

ЖЕНАТА

Жена му учеше со мене. Мочла, седеше две клупи зад мене. Се влечкаше со сите и гледај сега кого свлечка?!

МАЖОТ

Но дааа? Не си ми кажала.

ЖЕНАТА

Не си прашал!

КАМЕНЧО

Ооох, ми се врти… Се ми се врти!

МАЖОТ

Тоа е од балерините. Многу се вртат, па ви го завртеа умот.

КАМЕНЧО

Нема повеќе да гледам балет.

ЖЕНАТА

Тебе ти се сврти од министерот.

КАМЕНЧО

Добро, добро, и од министерот.

ЖЕНАТА

Не е добро! Не! Не приметив дека му се извинивте.

КАМЕНЧО

Како не се извинив? Се извинив!

ЖЕНАТА

Сакам да кажам дек Министерот не го прифати извинувањето.

МАЖОТ

Но да!

КАМЕНЧО

Не?

МАЖОТ / ЖЕНАТА

Не.

КАМЕНЧО

Па што да правам?

МАЖОТ /ЖЕНАТА

Да му се извините!

Музика.

Отворање врата.

Трагачи по виножитото

24593

Извадок од текстот:

Улоги:

НАЈДЕНКО,  тажниот кловн, 20 год.

ТОШЕ, директор и пензионер, на 45 и 65 год.

ГОШЕ, чувар и пензионер, на 45 и 65 год.

АНА, добрата наречница

ДАНА, добра и лоша наречница

МАНА, лошата наречница

АКСЕЛ , пудлица

ГИГО БАЈТ , човек-компјутер

ДОКТОРОТ

ТАТКОТО СУДБИНКО

ДРЕСЕРОТ

ДОНАТЕЛО, нинџа  желка

ЛЕОНАРДО, нинџа желка

РАФАЕЛ , нинџа желка

МИКЕЛАНЏЕЛО, нинџа желка

БАЛЕРИНАТА

Сцена 1

Сите учесници во претставата пеат  на сцената.

СОНГ – Се роди дете

se rodi dete …

Тоше спие со  шише в рака.

Влегува чуварот Гоше носејќи кафе  на послужавник.

ГОШЕ
… ДИРЕКТОРЕ!… КХМ!… ДИРЕКТОРЕ!
ТОШЕ

…ХХХРРР…ХРРРР… БРРРР… НО ДА…?

ГОШЕ

ГОСПОДИНЕ ДИРЕКТОРЕ  – ТОШЕ?!

ТОШЕ

…МХМ…КХМ!…НО ДА! ПА ДОБРО ГОШЕ, ЗАРЕМ НЕ ГЛЕДАШ ДЕКА СПИ…НО ДА! КХМ! ШТО Е? ЗОШТО МЕ БУДИШ?…

ГОШЕ

ГОСПОДИНЕ ДИРЕКТОРЕ, ИМАМЕ ПОСЕТА.

ТОШЕ

ПОСЕТА? … КАКВА ПОСЕТА?

ГОШЕ

ЖЕНСКА ПОСЕТА.

ТОШЕ

КАКО ТИ ИЗГЛЕДАМ ?!

ГОШЕ
… ПОСПАНО, ОХ, ПАРДОН, ГОСПОДИНЕ ДИРЕКТОРЕ, ВИЕ ИЗГЛЕДАТЕ КАКО …  НЕЛИ, КАКО…ДИРЕКТОР!
ПОВЕЛИ КАФЕ. ДА СЕ РАСОНИШ.
ТОШЕ

…И,ВЕЛИШ,МЕНЕ МЕ БАРААТ?

ГОШЕ

ТИЕ СЕ – ОД УБАВИ – ПОНЕУБАВИ! ОД УМНИ – ПОНЕУМНИ!ОД ДОБРИПОДОБРИ! А ШТО СЕ ЗБОРЛЕСТИ, УМОТ ЌЕ ВИ ШТУКНЕ!…

Сцена   2.

Влегуваат трите наречници.

(Звучен ефект)

АНА-ДАНА-МАНА

(трогласно)

ДОБАР ДЕН!

ГОШЕ

…ДО…ДО… ДОБАР ДЕН…

ТОШЕ

ДОБАР ДЕН…НО ДА!

АНА-ДАНА-МАНА

МНОГУ ДОЛГО ЧЕКАМЕ.

ТОШЕ

ЈАС СПИ… ОВА, ИМАВ РАБОТА, МНОГУ РАБОТА…

ГОШЕ

…СПИЕШЕ…НЕ! РАБОТЕШЕ! ИМА МНОГУ РАБОТА…

АНА-ДАНА-МАНА

НИЕ СМЕ ДОЈДЕНИ ЗА РАБОТА! А ВИЕ? СПИЕТЕ!

ТОШЕ

НО,ВИ СЕ МОЛАМ… ЈАС РАБОТАМ ДОДЕКА СПИЈАМ, ТОЕСТ СПИЈАМ ДОДЕКА РАБОТАМ… НО ДА!

ГОШЕ

ТАКВА МУ Е РАБОТАТА… СПИЕ ДОДЕКА РАБОТИ.

АНА-ДАНА-МАНА

ДАЛИ СТЕ РАСОНЕТ ИЛИ СЕУШТЕ РАБОТИТЕ, ТОЕСТ, СПИЕТЕ?

ТОШЕ

…СПИЈАМ,СПИЈАМ…ПАРДОН,РАБОТАМ…НО ДА! СЕ РАСОНУВАМ…

ТОШЕ

ЕВЕ УШТЕ КАФЕ, ДА СЕ РАСОНИТЕ…

ТОШЕ

ПОВЕЛЕТЕ,СЕДНЕТЕ. ВИ СЕ МОЛАМ, СЕДНЕТЕ… ГОСПОЃИ, ПОВЕЛЕТЕ, СЕДНЕТЕ!

АНА-ДАНА-МАНА

НИЕ НЕ СМЕ ГОСПОЃИ!

ГОШЕ

… НЕ СЕ ГОСПОЃИ… НЕ СЕ…

АНА-ДАНА-МАНА

НИЕ СМЕ ГОСПОЃИЦИ!

ГОШЕ

ТИЕ СЕ ГОСПОЃИЦИ!

ТОШЕ

ДОБРО,ДОБРО,ГОСПОЃИЦИ МОИ, СЕДНЕТЕ…

МАНА

..И, НЕ СУМ ВАША !

ГОШЕ

… НЕ Е НАША…

АНА-ДАНА

…ТУКУ Е НАША!

ГОШЕ

НАША Е… НЕ,НЕ! ВАША Е!

ТОШЕ

ДОБРО, НАШИ – ВАШИ ГОСПОЃИЦИ, ШТО БАРАТЕ ВИЕ КАЈ НАС?

МАНА

МЕНЕ МЕ БОЛИ ЗАБОТ…МЕНЕ МЕ БОЛИ ЗАБОТ!

АНА -ДАНА

ТЕ БОЛИ ЗАБОТ?

ТОШЕ

ВЕ БОЛИ – ЗАБОТ?

ГОШЕ

ЈА БОЛИ ЗАБОТ…ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ, ЈА БОЛИ ЗАБОТ…

ТОШЕ

НО НИЕ НЕ СМЕ ЗАБОЛЕКАРИ.

ГОШЕ

НЕ СМЕ, ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ, ЗАБОЛЕКАРИ …

МАНА

ООФ, МЕ БОЛИ ЗАБОТ…ОООФ! МНОГУ МЕ БОЛИ ЗАБОТ!

АНА – ДАНА

ЈА БОЛИ – ЗАБОТ?

МАНА

ОООФ…МЕ БОЛИ ЗАБОТ…ОООФ!

ГОШЕ

ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ…

АНА – ДАНА

ИМАТЕ ЛИ АПЧЕ ПРОТИВ ЗАБОБОЛКА?

Се обраќаат кон публиката.

АНА -ДАНА

НЕМАТЕ АПЧЕ ПРОТИВ ЗАБОБОЛКА?

ТОШЕ

САКАТЕ КАФЕ?

АНА – ДАНА – МАНА

КОГА РАБОТИМЕ, НИЕ КАФЕ НЕ ПИЕМЕ. НИЕ СМЕ НАРЕЧНИЦИ!

ТОШЕ

НАРЕЧНИЦИ?

ГОШЕ

…ШТО,ШТО?

АНА – ДАНА – МАНА

НА – РЕЧ – НИ – ЦИ ! НИЕ СМЕ НАРЕЧНИЦИ.

ТОШЕ

НО ДА! ,НАРЕЧНИЦИ… НАРЕЧНИЦИ?!

ГОШЕ

… ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ… НАРЕЧНИЦИ…ДЕЦА,СЛУШАТЕ ,ОВИЕ СЕ НАРЕЧНИЦИ!

Контакт  со децата од публика.

АНА

ЈАС СУМ НАЈМАЛАТА НАРЕЧНИЦА – АНА! И, НАЈДОБРАТА!

ГОШЕ

ДЕЦА, АПЛАУЗ!

Контакт со публиката.

ДАНА

ЈАС СУМ СРЕДНАТА НАРЕЧНИЦА – ДАНА! ЈАС СУМ И ДОБРА И ЛОША.

ГОШЕ

ДЕЦА, АПЛАУЗ!

Контакт  со публиката.

МАНА

ОООФ!… А ЈАС СУМ НАЈЛОШАТА НАРЕЧНИЦА – МАНА!… И,МЕНЕ МЕ БОЛИ ЗАБОТ, МЕНЕ МЕ БОЛИ ЗАБОТ!

ГОШЕ

ДЕЦА ,  ДАЛИ И ОД ВАС  НЕКОГО ГО БОЛИ ЗАБОТ?

Контакт со публиката.

НИКОГО НЕ ГО БОЛИ ЗАБОТ?… БРАВО!

ТОШЕ

… И, ШТО БАРАТЕ ВИЕ “БРЗИ – ВАШИ -НАШИНАРЕЧНИЦИ ВО МОЈОТ ДОМ ЗА НАЈДЕНЧИЊА?

ГОШЕ

…ШТО БАРАТЕ, ВИЕ,ВО НАШИОТ ДОМ…ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ…

АНА-ДАНА – МАНА

ДОЈДОВМЕ ДА ПРОРЕКНЕМЕ – СУДБИНА!

ТОШЕ

ДА ПРОРЕКНЕТЕ – СУДБИНА? НА КОГО? НА МЕНЕ?

ГОШЕ

… НА МЕНЕ…ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ…

АНА – ДАНА – МАНА

НИЕ ЌЕ ЈА ПРОРЕКНЕМЕ СУДБИНАТА НА ДЕТЕТО ШТО СЕ РОДИ ОВДЕ.

ТОШЕ

НО ОВДЕ НЕ СЕ РАЃАА ДЕЦА … ОВДЕ ДЕЦАТА ГИ ДОНЕСУВААТ АКО  ОСТАНАЛЕ БЕЗ РОДИТЕЛИ … ОВА Е ,НО ДА , ДОМ  ЗА НАЈДЕНЧИЊА , ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ.

ГОШЕ

НИЕ ИМАМЕ ЕДНО БЕБЕНЦЕ…ПРЕД ТРИ ДЕНА ВО НАШИОВ ГРАД ДОЈДЕ ЦИРКУС НО ДУВНА СИЛЕН , МНОГУ СТРАШЕН ВИОР И ГО ОДНЕСЕ ЦИРКУСОТ КОЈЗНАЕ КАДЕ… НА ПОЛЈАНКАТА КАДЕ ШТО БЕШЕ ЦИРКУСОТ ОСТАНАЛО САМО БЕБЕТО … НИ ГО ДОНЕСОА НАМ, ВО НАШИОТ ДОМ ЗА НАЈДЕНЧИЊА…

ТОШЕ

НО ДА… А, КОЛКУ Е СТАРО  ТОА – НАЈДЕНЧЕ?

ГОШЕ

САМО ТРИ ДЕНА…ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ…ЗАТОА СЛАВЕВМЕ…

АНА – ДАНА – МАНА

НИЕ,ТРИТЕ НАРЕЧНИЦИ,АНА,ДАНА И МАНА, ПРОРЕКНУВАМЕ СУДБИНА НА СЕКОЕ НАЈДЕНЧЕ – СЕКОЈ ТРЕТ ДЕН ОД НЕГОВИОТ ЖИВОТ…

admin's RSS Feed
Go to Top