Владо, Ѕвонко, Огнен, Маја и Матеј
Биографија
Звонко Плавевски е роден во Скопје 1983 година.
Со црно-бела фото лабораторија во неговиот дом Ѕвонко се запознава со фотографија уште од најмалада возраст.
Првото професионално фотографско искуство го започнува во весникот „Македонија Денес“ и неделникот „Денес“ на 20 годишна возраст.
Кариерата ја продолжува во „Македонски Спорт“ и весникот „Вечер“ каде што моментално работи.
Соработува со SIPA Press и ЕPA фотографски агенции.
Добитник е на наградата „Најдобра илустрација“ од Здружение на фоторепортери 2004 година и учество на повеќе групни изложби.