Вистински Приказни
Детали:Владимир Плавевски
ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ
Издавач
МАКЕДОНИКА
литера
Скопје
Е–маил: makedonikalitera@yahoo.com
Тел.: +389 (0)77 592 047; 02 2722 820
За издавачот
Ленче Тосева
Уредник Нове Цветаноски
Корица Ленче Тосева
Фотографии во книгата и на корицата Владимир Плавевски
Печат Печатница Наумовски
Скопје, 2011
ЦИП – Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, Скопје
821.163.3-31
ПЛАВЕВСКИ, Владимир
Вистински приказни / Владимир Плавевски; – Скопје; Македоника литера, 2011. – 144 стр.; 20 см.; илустр. ISBN 978–608-4614-04-3 COBISS.MK–ID 87541002
|
![]() За книгата:Книгата содржи четиринаесет раскази кои се однесуваат на вистински настани и вклучуваат вистински личности од македонскиот театар и филм – Петре Прличко, Тодор Николовски, Ристо Шишков, Бранко Гапо, Дарко Дамески, Ацо Алексов, Ненад Стојановски, Димитар Христов, Душко Костовски, Илија Милчин, Андреј Бељан, Марија Исаја, Борче Ангеловски… Секој расказ е проследен со фотографија на главниот лик направена од авторот на книгата Владимир Плавевски кој со личностите од расказите настапува и како доктор и како фотограф и како сценарист.
Исечок од книгата:Студирав медицина…
Еден мој колега, битолчанец, ме запраша дали знам оти ќе се снима филм за убиството на Мане Мачков, бугарскиот агент, убиен во Скопје. Не знаев. А дали знам кој е режисер на тој филм? Не знаев.
„Режисер на филмот е, еј, Гапо!”. Не постои таков режисер како Гапо… Сакаш да ‘се снимаме’ во тој филм на Гапо?”
Го погледав со зачудување.
„Ем’ ќе се снимаме на филм, ем’ ќе спечалиме некоја пара”, ме убедуваше настојчиво. Во неговиот студентски дом истакнале оглас: ФРЗ снима долгометражен игран филм – „Истрел”. Филмот има потреба од статисти кои ќе ги плаќа по ден за статирање. Тој веќе се запишал, а ме запишал и мене.
Времето врвеше, снимањето никако не почнуваше и јас му здодеав на колегата со честите прашања кога еднаш ќе се снима тој филм. Три дена пред да полагам тежок испит битолчанецот ме порази со соопштение дека утредента мора да одиме на фудбалскиот стадион на „Вардар” во Градскиот парк.
„Немам време за фудбалски натпревар!”, одвратив луто.
„Ќе снимаме филм со Гапо!”, ми возврати гордо.
„Не доаѓа предвид…”, одвратив луто, „…утре полагам.”
„А, не може така! Те запишав и нема мрдање. Мора да дојдеш на снимањето!”, ме прекори строго.
Утредента, стотина статисти се тискавме на задниот влез на градскиот стадион. По долго и нервозно исчекување, пред насобраната толпа се појави сиво комбе и од него излезе висок, слаб човек со цигара во устата, со сини фармерки, патики и стуткан во тесна, војничка ветровка. Застана пред влезот на стадионот и почна да чита статисти по име и презиме. Прочитаниот веднаш влегуваше во стадионот. Кога го прочита моето име, се пробив до него, се потпишав на долгиот список и брзо, криешкум, го прашав наивно: „Ти си Гапо?”
„Јас сум му асистент… Јасно?!”, ми скреска луто в лице.
Кога нé собра сите од списокот, „Асистентот на Гапо”, ни објасни дека за тој ден е предвидено снимање означено лично од Гапо како – „Под прво: Снимање од птичја перспектива – панично бегање на народот околу стадионот. Народот сме ние, статистите. Под два: Исто, птичја перспектива – бугарска полиција на коњи го прогонува народот. Тоа се јавачи од коњичкиот клуб преоблечени во бугарски униформи. Под три: Птичја перспектива значи снимање од хеликоптерот. А во хеликоперот е снимателот со камерата и лично – Гапо… Јасно?!”
Во рака држеше воки-токи и по кркорливите команди што ги добиваше од некого, не тераше неколку пати да истрчаме „во паника” околу стадионот. Најсетне, кога веќе немавме здив ниту за лазење, „Асистентот на Гапо” се смилува и ни кажа дека „Гапо не бил особено задоволен од нашето трчање околу стадионот, но, за денес е доволно, продолжуваме утре, на исто место и во исто време… Јасно?!”
Утредента, ние, страдните статисти имавме многу полесна задача – да седиме на јужната трибина. На тревнатиот терен, спроти нас се појавија смуртени типови кои поставија масивна камера врз троножен статив; душмански вперија силни рефлектори од сите страни директно во нас; спопикаа меѓу нас некакви микрофони обвиткани во крзно. И додека трпеливо ги поднесувавме овие тортури, зад камерата поставија расклопен платнен стол во кој важно седна крупна персона.
Студирав медицина…Еден мој колега, битолчанец, ме запраша дали знам оти ќе се снима филм за убиството на Мане Мачков, бугарскиот агент, убиен во Скопје. Не знаев. А дали знам кој е режисер на тој филм? Не знаев.„Режисер на филмот е, еј, Гапо!”. Не постои таков режисер како Гапо… Сакаш да ‘се снимаме’ во тој филм на Гапо?”Го погледав со зачудување.„Ем’ ќе се снимаме на филм, ем’ ќе спечалиме некоја пара”, ме убедуваше настојчиво. Во неговиот студентски дом истакнале оглас: ФРЗ снима долгометражен игран филм – „Истрел”. Филмот има потреба од статисти кои ќе ги плаќа по ден за статирање. Тој веќе се запишал, а ме запишал и мене.Времето врвеше, снимањето никако не почнуваше и јас му здодеав на колегата со честите прашања кога еднаш ќе се снима тој филм. Три дена пред да полагам тежок испит битолчанецот ме порази со соопштение дека утредента мора да одиме на фудбалскиот стадион на „Вардар” во Градскиот парк.„Немам време за фудбалски натпревар!”, одвратив луто.„Ќе снимаме филм со Гапо!”, ми возврати гордо.„Не доаѓа предвид…”, одвратив луто, „…утре полагам.”„А, не може така! Те запишав и нема мрдање. Мора да дојдеш на снимањето!”, ме прекори строго.Утредента, стотина статисти се тискавме на задниот влез на градскиот стадион. По долго и нервозно исчекување, пред насобраната толпа се појави сиво комбе и од него излезе висок, слаб човек со цигара во устата, со сини фармерки, патики и стуткан во тесна, војничка ветровка. Застана пред влезот на стадионот и почна да чита статисти по име и презиме. Прочитаниот веднаш влегуваше во стадионот. Кога го прочита моето име, се пробив до него, се потпишав на долгиот список и брзо, криешкум, го прашав наивно: „Ти си Гапо?”„Јас сум му асистент… Јасно?!”, ми скреска луто в лице.Кога нé собра сите од списокот, „Асистентот на Гапо”, ни објасни дека за тој ден е предвидено снимање означено лично од Гапо како – „Под прво: Снимање од птичја перспектива – панично бегање на народот околу стадионот. Народот сме ние, статистите. Под два: Исто, птичја перспектива – бугарска полиција на коњи го прогонува народот. Тоа се јавачи од коњичкиот клуб преоблечени во бугарски униформи. Под три: Птичја перспектива значи снимање од хеликоптерот. А во хеликоперот е снимателот со камерата и лично – Гапо… Јасно?!”Во рака држеше воки-токи и по кркорливите команди што ги добиваше од некого, не тераше неколку пати да истрчаме „во паника” околу стадионот. Најсетне, кога веќе немавме здив ниту за лазење, „Асистентот на Гапо” се смилува и ни кажа дека „Гапо не бил особено задоволен од нашето трчање околу стадионот, но, за денес е доволно, продолжуваме утре, на исто место и во исто време… Јасно?!”Утредента, ние, страдните статисти имавме многу полесна задача – да седиме на јужната трибина. На тревнатиот терен, спроти нас се појавија смуртени типови кои поставија масивна камера врз троножен статив; душмански вперија силни рефлектори од сите страни директно во нас; спопикаа меѓу нас некакви микрофони обвиткани во крзно. И додека трпеливо ги поднесувавме овие тортури, зад камерата поставија расклопен платнен стол во кој важно седна крупна персона. |
Muchos Gracias for your article post.Really looking forward to read more. Keep writing.
wow, awesome post.Really thank you! Really Great.
Really appreciate you sharing this blog post.Thanks Again. Want more.
Looking forward to reading more. Great blog post. Cool.
Fantastic post. Really Great.
Appreciate you sharing, great blog article.Thanks Again. Fantastic.
Very good post.Thanks Again. Really Cool.
Hi there I am so excited I found your blog page, I really found you by error, while I was researching on Yahoo for something else, Nonetheless I am here now and would just like to say thanks for a fantastic post and a all round exciting blog (I also love the theme/design), I don’t have time to read through it all at the moment but I have saved it and also added in your RSS feeds, so when I have time I will be back to read a lot more, Please do keep up the great job.|
Thanks for sharing, this is a fantastic article.Much thanks again. Awesome.
Very good article post.
Utilitarianism and other essays pdf https://blip.fm/secondcarbon44
Custom critical analysis essay writers for hire online http://www.perfectbigass.com/cgi-bin/atx/out.cgi?s=65&u=https://papershelps.org