ТЕАТАР НА НАРОДНОСТИТЕ   ТУРСКА ДРАМА     СКОПЈЕ

РАБОТЕНО СПОРЕД  ТЕКСТОВИТЕ НА : ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР – “ХАМЛЕТ”

СТАНИСЛАВ ВИТКИЈЕВИЧ -”ВО МАЛИОТ ДВОРЕЦ”

ВЛАДИМИР ПЛАВЕВСКИ – “КРАЛОТ ХАМЛЕТ”

ДРАМАТИЗАЦИЈА: БРАНКО БРЕЗОВЕЦ И ВЛАДИМИР ПЛАВЕВСКИ

Режија : БРАНКО БРЕЗОВЕЦ

МУСТАФА ЈАШАР

АТИЛА КЛИНЧЕ

ЕЛЈЕСА КАСО

САЛАЕТИН БИЛАЛ

ПЕРИХАН ЕЈУПИ – ТУНА

ЗИБА БЕКИР

МУКЕРЕМ БИЛАЛ

БЕДИА БЕГОВСКА

МЕРИТА ЕЈУПИ

ХИСНИ ВИЛА

АБДУРАХМАН РАХМАН

СУАТ РАХМАН

ЗЕКЕРИЈА АВДИ

Сценографија: ЖЕЉКО ЗОРИЦА

Костимографија: ЕЛЕНА ДОНЧЕВА

Кореографија : ЈАГОДА СЛАНЕВА


Кралот Хамлет

Улоги:

ХАМЛЕТ

ЛАЕРТ

ОФЕЛИЈА

ФОРТИНБРАС

ХОРАЦИО

РЕЈНАЛДО

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

КРАЛОТ КЛАВДИЈ

КРАЛИЦАТА ГЕРТРУДА

КАПЕТАНОТ

АГЕНТОТ

ЖЕНАТА

ПИРАТОТ

ПРВ ЧОВЕК

ТРЕТ ЧОВЕК

ГЛАС НА ДУХОТ

УНПРОФОР-ци

мажи и жени

Прва сцена

Бојно поле.

Двајца оклопници се мечуваат.

Едниот оклопник одеднаш клекнува.

Другиот оклопник со меч му ја пресекува главата.

Главата паѓа и оклопникот ја зема со рака и високо ја подигнува.

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

КРАЛОТ ФОРТИНБРАС Е МРТОВ!

СИТЕ

… КРАЛОТ Е МРТОВ! ФОРТИНБРАС Е МРТОВ! КРАЛОТ ФОРТИНБРАС Е МРТОВ !

КЛАВДИЈ

ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ !

СИТЕ

ДА ЖИВЕЕ ХАМЛЕТ!… ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ ХАМЛЕТ!

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

КЛАВДИЈ, БРАТУ МОЈ, ЧИТАЈ…

Кралот хамлет му дава свиток на Клавдиј.

Клавдиј чита.

КЛАВДИЈ

ДОГОВОР МЕЃУ НОРВЕШКА И ДАНСКА… ЗАВЕРЕН СО КРАЛСКИТЕ ГРБОВИ И ПЕЧАТИ … ПОБЕДНИКОТ  ВО КРАЛСКИОТ ДУЕЛ МЕЃУ КРАЛОТ ХАМЛЕТ И КРАЛОТ ФОРТИНБРАС ЌЕ ВЛАДЕЕ СО ДАНСКА …

Фортинбрас – синот одеднаш влегува возејќи мотор.

ФОРТИНБРАС

КУП ТРУПОВИ …

Од спротивна страна влегува Хамлет на мотор.

ХАМЛЕТ

ОВА Е – КЛАНИЦА! … ЈАД ! ЧЕМЕР! КРВ!

ФОРТИНБРАС

… КРАЛОТ Е МРТОВ – ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ!

СИТЕ

ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ ФОРТИНБРАС!… ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ ФОРТИНБРАС!!… ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ ФОРТИНБРАС!!!

Фортинбрас го турира силно моторот.

Фортинбрас диригира додека му скандираат.

ХАМЛЕТ

НЕ БИ САКАЛ ОВА, ВИЕ,

КАКО МОЈ ДУШМАН ДА ГО ЧУЕТЕ,

НО ВИЕ, ДАЛИ НЕ ПРАВИТЕ

ОД МОЕТО УВО ПОВЕРЕНИК

ЗА ВАШАТА НАВРЕДА ПРОТИВ СЕБЕ…?

ФОРТИНБРАС

ИСТАВИ СЕ, ПРИНЦУ …

Фортинбрас запалува цигара и става круна на глава.

ХАМЛЕТ

ЗНАМ ДЕКА СТЕ БЕЗДЕЛНИК, ФОРТИНБРАС, ТУКУ, ШТО БАРАТЕ ВО ДАНСКА?!

ФОРТИНБРАС

ИМАМ ВОЈСКА, ПОБРОЈНА ,ПОДОБРО ВООРУЖЕНА, ПОСИЛНА …  ЌЕ ЈА ОСВОЕВМЕ ТВОЈАТА ДАНСКА ДА НЕ БЕШЕ ОВОЈ ГЛУПАВ ДВОБОЈ МЕГУ ТАТКО МИ И ТАТКО ТИ И ОВОЈ УШТЕ ПОГЛУПАВ ДОГОВОР …

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

ПРИНЦУ ФОРТИНБРАС,  СУДБА…

ФОРТИНБРАС

НЕ СУМ ПОВЕЌЕ ПРИНЦ. ЈАС СУМ КРАЛ!…

КЛАВДИЈ

НО,СПОРЕД ДОГОВОРОТ …

ФОРТИНБРАС

НЕ ГО ПРИЗНАВАМ!

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

НО, КРАЛУ, ДОГОВОРОТ …

ФОРТИНБРАС

ВОЈСКО, ДАЛИ ДАНСКА ЌЕ БИДЕ НАША?!

Толпата извикува:

ОДИМЕ НА ДАНСКА! ОДИМЕ НА ДАНСКА! ОДИМЕ НА ДАНСКА!

ХАМЛЕТ

ВАШИОТ ЛИК, ДАЛИ БЛАГОРОДЕН ,

СЕПАК, НЕ Е?

ИЛИ, ПОБЛАГОРОДЕН Е

ТРУПОТ НА ТАТКО ВИ?

ФОРТИНБРАС

ДАНСКА ЌЕ БИДЕ МОЈА!

Толпата

ОДИМЕ НА ДАНСКА! ОДИМЕ НА ДАНСКА! ОДИМЕ НА ДАНСКА!

ФОРТИНБРАС

СЛУШАТЕ? ЧАС ПОСКОРО, ОВА ЌЕ СЕ СЛУЧИ…

ХАМЛЕТ

ЌЕ  ПРОГОВОРАМ

ПА МАКАР И САМИОТ ÉД ДА ЗИНЕ

И ДА МИ НАРЕДИ ДА МОЛЧАМ…

ФОРТИНБРАС

НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ ДА ТЕ СЛУШАМ.

ПРИНЦОТ ХАМЛЕТ

КРАЛУ ФОРТИНБРАС , НЕШТО ЗАБОРАВИВТЕ.

ФОРТИНБРАС

… ШТО?

ПРИНЦОТ ХАМЛЕТ

ВАШИОТ ТАТКО Е НЕШТО …

Покажува на обезглавениот оклопник кој сеуште коленичи.

ФОРТИНБРАС

НЕШТО, ПРИНЦУ?

ХАМЛЕТ

ОД НИШТО, НА ВЕЧЕРА.

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

НА ВЕЧЕРА? КАДЕ??

ХАМЛЕТ

КАЈ ЦРВИТЕ … ПОТЕМ, ЈАС ЌЕ ЛОВАМ РИБИ СО ЦРВОТ ШТО ЈАДЕЛ ОД КРАЛОТ И СО ТАА РИБА ЌЕ ГО ГОСТАМ ПРОСЈАКОТ.

ФОРТИНБРАС

КОЈ ГО РАЗБИРА?ДАЛИ НЕКОЈ ГО РАЗБИРА?

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

ШТО САКАШ ДА КАЖЕШ СО ТОА, СИНЕ?

ХАМЛЕТ

НИШТО, САМО САКАМ ДА КАЖАМ КАКО ЕДЕН КРАЛ МОЖЕ ДА ПРОПАТУВА И НИЗ ЦРЕВАТА ОД ПРОСЈАК.

ФОРТИНБРАС

КРАЛУ , ВАШИОТ СИН Е …

КЛАВДИЈ

ЛУД!

ХАМЛЕТ

СОСЕМА ТОЧНО!ЈАС СУМ ЛУД , НО , САМО КОГА ДУВНУВА СЕВЕРОЈУЖЕН ВЕТЕР.

ТОЛПАТА

ХАМЛЕТ! ХАМЛЕТ! ХАМЛЕТ! ХАМЛЕТ!

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

ГО САКА НЕГО НЕМИРНАТА ТОЛПА

ШТО НЕ ЉУБИ СО РАСУДОК

ТУКУ СО ОЧИ … А, И ЈАС.

ФОРТИНБРАС

ВРЗ ВАШЕТО КРАЛСТВО ИМАМ СТАРИ ПРАВА!

Се подигнуваат телата на мртви војници.

Фортинбрас доаѓа до обезглавениот оклопник.

Одеднаш од оклопникот почнува да отпаѓа дел по дел од оклопот.

Фортинбрас брзо одминува со моторот.

Под оклопот излегува Офелија.

ОФЕЛИЈА

МОЈ ДОБАР ПРИНЦУ,

ВЕ НЕМА ТОЛКУ ВРЕМЕ …

ВЕ НЕМА, СЕ СТОРИВТЕ  ВОЈНА … КАКО СТЕ?

ХАМЛЕТ

О, НИМФО , НАЈПОКОРНО ФАЛА , ДОБРО, ЛОШО …? НЕ ЗНАМ, СЕ РОДИВ ВО ВОЈНА.

ОФЕЛИЈА

МИРИСАТЕ НА СМРТ.

ХАМЛЕТ

СМРТТА Е ДАР… ТАТКО, КРАЛУ?!

Кралот Хамлет и приоѓа на Офелија и и ја дава  пресечената глава .

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

ХАМЛЕТ ГО ПРОГЛАСУВАМ ЗА НАСЛЕДНИК.

КЛАВДИЈ

НО, БРАТЕ,КРАЛУ ХАМЛЕТ, ПРИНЦОТ ХАМЛЕТ  НЕ Е ЗДРАВ.

ПРИНЦ ХАМЛЕТ

ДАЛ’ СТЕ ЗДРАВА?

ОФЕЛИЈА

МОЈ ПРИНЦУ? ДАЛ’ СТЕ ЗДРАВА?

КЛАВДИЈ

ЈАС ТРЕБА ДА БИДАМ…

ПРИНЦ ХАМЛЕТ

НАСЛЕДНИК ! НАСЛЕДНИК, МИ ТРЕБА! ОФЕЛИЈА, ДАЛИ ГО РОДИ?

ОФЕЛИЈА

ШТО САКАТЕ ДА КАЖЕТЕ, ВАШЕ БЛАГОРОДИЕ?… ВЧЕРА АБОРТИРАВ… НЕ, ПРЕД ВОЈНАВА! … НЕ ПАМЕТАМ ВЕЌЕ …

Офелија става крила на грбот.

ЗА ДУХОТ ЧЕСЕН ВРЕДНОСТА СЕ ГУБИ,

ДАРОВИТЕ ШТОМ СЕ ДАВААТ БЕЗ ЉУБОВ.

Офелија мавта со крилјата.

КОГА ЌЕ СЕ ВИВНАМ ВО СОНИШТАТА?!

Офелија полека пропаѓа во подиумот.

КОГА ЌЕ СЕ РАЗБУДАМ ОД СЕГАШНОСТА !

Офелија се губи во подот.

ХАМЛЕТ

ПАТАМ ОД ЛОШИ СОНИШТА.

ОФЕЛИЈА

САМО СОНОТ Е СЕНКА.

ХАМЛЕТ

СЕГАШНОСТА НЕ МЕ СОЖАЛУВА …

Втора сцена

Лаерт и Гертруда водат љубов на тронот.

ГЕРТРУДА

FUCK ME , FUCK ME STRONGER, MY DARLING … OH, IT ‘ S NICE … FUCK ME … DARLING …

… O MY DARLING,

O MY DARLING,

O MY DARLING

CLEMENTINE …

Одеднаш одекнуваат силни фанфари.

O,NO ! …O,NO! …O, MY GOD!

ЛАЕРТ

ШТО Е? …ШТО СЕ СЛУЧУВА?

ГЕРТРУДА

MY HUSBAND, THE KING HAMLET WINS AGAIN !… SUN OF THE BITCH!

ЛАЕРТ

КРАЛОТ СЕ ВРАЌА?

ГЕРТРУДА

C’MON! … C’MON! YOU’R GOING ON … C’MON! DO YOU UNDERSTAND ?O, NO? … YOU ASEHOLE!

Лаерт брзо се облекува.

Влегува Полониј.

ПОЛОНИЈ

КРАЛИЦЕ, ВЕ МОЛАМ ДА СЕ ОБЛЕЧЕТЕ…КРАЛОТ ХАМЛЕТ ПОБЕДИ…ДАНСКА Е СПАСЕНА! СПАСЕНА!

ГЕРТРУДА

ASEHOLES! ASEHOLE, ASEHOLE AND ASEHOLE!

Гертруда почнува да се облекува и да се шминка.

Додека се облекува и шминка ја пее “О, моја драга Клементина”.

Од длабината надоаѓаат Кралот Хамлет, Хамлет, Клавдиј и свитата.

Полониј и Лаерт коленичат пред Кралот Хамлет.

ПОЛОНИЈ

МОЈ ДОСТОЕН КРАЛУ, НАЈПОНИЗНО БАРАМ ДОЗВОЛА ДА ВЕ УВЕРАМ ДЕКА ,КАКО  ПО ДУША, ТАКА И ПО ДОЛЖНОСТ, МУ ПРИПАЃАМ НА БОГА И НА МОЈОТ СВИДЕН КРАЛ… ВИ ЈА ЧЕСТИТАМ ПОБЕДАТА.

ЛАЕРТ

И ЈАС.

ГЕРТРУДА

SO ,MY … CONGRATULATIONS, MY DARLING…

ХАМЛЕТ

ШТО СМЕ И ИЗМРДАЛЕ НА ФОРТУНАТА ТА НЕ НАГРАДУВА ПРАЌАЈЌИ НЕ ВО ОВОЈ БЛУД?

КРАЛОТ ХАМЛЕТ

АЈДЕ, ОДЕТЕ СИ …