Извадок од текстот:

Улоги:

НАЈДЕНКО,  тажниот кловн, 20 год.

ТОШЕ, директор и пензионер, на 45 и 65 год.

ГОШЕ, чувар и пензионер, на 45 и 65 год.

АНА, добрата наречница

ДАНА, добра и лоша наречница

МАНА, лошата наречница

АКСЕЛ , пудлица

ГИГО БАЈТ , човек-компјутер

ДОКТОРОТ

ТАТКОТО СУДБИНКО

ДРЕСЕРОТ

ДОНАТЕЛО, нинџа  желка

ЛЕОНАРДО, нинџа желка

РАФАЕЛ , нинџа желка

МИКЕЛАНЏЕЛО, нинџа желка

БАЛЕРИНАТА

Сцена 1

Сите учесници во претставата пеат  на сцената.

СОНГ – Се роди дете

se rodi dete …

Тоше спие со  шише в рака.

Влегува чуварот Гоше носејќи кафе  на послужавник.

ГОШЕ
… ДИРЕКТОРЕ!… КХМ!… ДИРЕКТОРЕ!
ТОШЕ

…ХХХРРР…ХРРРР… БРРРР… НО ДА…?

ГОШЕ

ГОСПОДИНЕ ДИРЕКТОРЕ  – ТОШЕ?!

ТОШЕ

…МХМ…КХМ!…НО ДА! ПА ДОБРО ГОШЕ, ЗАРЕМ НЕ ГЛЕДАШ ДЕКА СПИ…НО ДА! КХМ! ШТО Е? ЗОШТО МЕ БУДИШ?…

ГОШЕ

ГОСПОДИНЕ ДИРЕКТОРЕ, ИМАМЕ ПОСЕТА.

ТОШЕ

ПОСЕТА? … КАКВА ПОСЕТА?

ГОШЕ

ЖЕНСКА ПОСЕТА.

ТОШЕ

КАКО ТИ ИЗГЛЕДАМ ?!

ГОШЕ
… ПОСПАНО, ОХ, ПАРДОН, ГОСПОДИНЕ ДИРЕКТОРЕ, ВИЕ ИЗГЛЕДАТЕ КАКО …  НЕЛИ, КАКО…ДИРЕКТОР!
ПОВЕЛИ КАФЕ. ДА СЕ РАСОНИШ.
ТОШЕ

…И,ВЕЛИШ,МЕНЕ МЕ БАРААТ?

ГОШЕ

ТИЕ СЕ – ОД УБАВИ – ПОНЕУБАВИ! ОД УМНИ – ПОНЕУМНИ!ОД ДОБРИПОДОБРИ! А ШТО СЕ ЗБОРЛЕСТИ, УМОТ ЌЕ ВИ ШТУКНЕ!…

Сцена   2.

Влегуваат трите наречници.

(Звучен ефект)

АНА-ДАНА-МАНА

(трогласно)

ДОБАР ДЕН!

ГОШЕ

…ДО…ДО… ДОБАР ДЕН…

ТОШЕ

ДОБАР ДЕН…НО ДА!

АНА-ДАНА-МАНА

МНОГУ ДОЛГО ЧЕКАМЕ.

ТОШЕ

ЈАС СПИ… ОВА, ИМАВ РАБОТА, МНОГУ РАБОТА…

ГОШЕ

…СПИЕШЕ…НЕ! РАБОТЕШЕ! ИМА МНОГУ РАБОТА…

АНА-ДАНА-МАНА

НИЕ СМЕ ДОЈДЕНИ ЗА РАБОТА! А ВИЕ? СПИЕТЕ!

ТОШЕ

НО,ВИ СЕ МОЛАМ… ЈАС РАБОТАМ ДОДЕКА СПИЈАМ, ТОЕСТ СПИЈАМ ДОДЕКА РАБОТАМ… НО ДА!

ГОШЕ

ТАКВА МУ Е РАБОТАТА… СПИЕ ДОДЕКА РАБОТИ.

АНА-ДАНА-МАНА

ДАЛИ СТЕ РАСОНЕТ ИЛИ СЕУШТЕ РАБОТИТЕ, ТОЕСТ, СПИЕТЕ?

ТОШЕ

…СПИЈАМ,СПИЈАМ…ПАРДОН,РАБОТАМ…НО ДА! СЕ РАСОНУВАМ…

ТОШЕ

ЕВЕ УШТЕ КАФЕ, ДА СЕ РАСОНИТЕ…

ТОШЕ

ПОВЕЛЕТЕ,СЕДНЕТЕ. ВИ СЕ МОЛАМ, СЕДНЕТЕ… ГОСПОЃИ, ПОВЕЛЕТЕ, СЕДНЕТЕ!

АНА-ДАНА-МАНА

НИЕ НЕ СМЕ ГОСПОЃИ!

ГОШЕ

… НЕ СЕ ГОСПОЃИ… НЕ СЕ…

АНА-ДАНА-МАНА

НИЕ СМЕ ГОСПОЃИЦИ!

ГОШЕ

ТИЕ СЕ ГОСПОЃИЦИ!

ТОШЕ

ДОБРО,ДОБРО,ГОСПОЃИЦИ МОИ, СЕДНЕТЕ…

МАНА

..И, НЕ СУМ ВАША !

ГОШЕ

… НЕ Е НАША…

АНА-ДАНА

…ТУКУ Е НАША!

ГОШЕ

НАША Е… НЕ,НЕ! ВАША Е!

ТОШЕ

ДОБРО, НАШИ – ВАШИ ГОСПОЃИЦИ, ШТО БАРАТЕ ВИЕ КАЈ НАС?

МАНА

МЕНЕ МЕ БОЛИ ЗАБОТ…МЕНЕ МЕ БОЛИ ЗАБОТ!

АНА -ДАНА

ТЕ БОЛИ ЗАБОТ?

ТОШЕ

ВЕ БОЛИ – ЗАБОТ?

ГОШЕ

ЈА БОЛИ ЗАБОТ…ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ, ЈА БОЛИ ЗАБОТ…

ТОШЕ

НО НИЕ НЕ СМЕ ЗАБОЛЕКАРИ.

ГОШЕ

НЕ СМЕ, ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ, ЗАБОЛЕКАРИ …

МАНА

ООФ, МЕ БОЛИ ЗАБОТ…ОООФ! МНОГУ МЕ БОЛИ ЗАБОТ!

АНА – ДАНА

ЈА БОЛИ – ЗАБОТ?

МАНА

ОООФ…МЕ БОЛИ ЗАБОТ…ОООФ!

ГОШЕ

ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ…

АНА – ДАНА

ИМАТЕ ЛИ АПЧЕ ПРОТИВ ЗАБОБОЛКА?

Се обраќаат кон публиката.

АНА -ДАНА

НЕМАТЕ АПЧЕ ПРОТИВ ЗАБОБОЛКА?

ТОШЕ

САКАТЕ КАФЕ?

АНА – ДАНА – МАНА

КОГА РАБОТИМЕ, НИЕ КАФЕ НЕ ПИЕМЕ. НИЕ СМЕ НАРЕЧНИЦИ!

ТОШЕ

НАРЕЧНИЦИ?

ГОШЕ

…ШТО,ШТО?

АНА – ДАНА – МАНА

НА – РЕЧ – НИ – ЦИ ! НИЕ СМЕ НАРЕЧНИЦИ.

ТОШЕ

НО ДА! ,НАРЕЧНИЦИ… НАРЕЧНИЦИ?!

ГОШЕ

… ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ… НАРЕЧНИЦИ…ДЕЦА,СЛУШАТЕ ,ОВИЕ СЕ НАРЕЧНИЦИ!

Контакт  со децата од публика.

АНА

ЈАС СУМ НАЈМАЛАТА НАРЕЧНИЦА – АНА! И, НАЈДОБРАТА!

ГОШЕ

ДЕЦА, АПЛАУЗ!

Контакт со публиката.

ДАНА

ЈАС СУМ СРЕДНАТА НАРЕЧНИЦА – ДАНА! ЈАС СУМ И ДОБРА И ЛОША.

ГОШЕ

ДЕЦА, АПЛАУЗ!

Контакт  со публиката.

МАНА

ОООФ!… А ЈАС СУМ НАЈЛОШАТА НАРЕЧНИЦА – МАНА!… И,МЕНЕ МЕ БОЛИ ЗАБОТ, МЕНЕ МЕ БОЛИ ЗАБОТ!

ГОШЕ

ДЕЦА ,  ДАЛИ И ОД ВАС  НЕКОГО ГО БОЛИ ЗАБОТ?

Контакт со публиката.

НИКОГО НЕ ГО БОЛИ ЗАБОТ?… БРАВО!

ТОШЕ

… И, ШТО БАРАТЕ ВИЕ “БРЗИ – ВАШИ -НАШИНАРЕЧНИЦИ ВО МОЈОТ ДОМ ЗА НАЈДЕНЧИЊА?

ГОШЕ

…ШТО БАРАТЕ, ВИЕ,ВО НАШИОТ ДОМ…ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ…

АНА-ДАНА – МАНА

ДОЈДОВМЕ ДА ПРОРЕКНЕМЕ – СУДБИНА!

ТОШЕ

ДА ПРОРЕКНЕТЕ – СУДБИНА? НА КОГО? НА МЕНЕ?

ГОШЕ

… НА МЕНЕ…ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ…

АНА – ДАНА – МАНА

НИЕ ЌЕ ЈА ПРОРЕКНЕМЕ СУДБИНАТА НА ДЕТЕТО ШТО СЕ РОДИ ОВДЕ.

ТОШЕ

НО ОВДЕ НЕ СЕ РАЃАА ДЕЦА … ОВДЕ ДЕЦАТА ГИ ДОНЕСУВААТ АКО  ОСТАНАЛЕ БЕЗ РОДИТЕЛИ … ОВА Е ,НО ДА , ДОМ  ЗА НАЈДЕНЧИЊА , ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ.

ГОШЕ

НИЕ ИМАМЕ ЕДНО БЕБЕНЦЕ…ПРЕД ТРИ ДЕНА ВО НАШИОВ ГРАД ДОЈДЕ ЦИРКУС НО ДУВНА СИЛЕН , МНОГУ СТРАШЕН ВИОР И ГО ОДНЕСЕ ЦИРКУСОТ КОЈЗНАЕ КАДЕ… НА ПОЛЈАНКАТА КАДЕ ШТО БЕШЕ ЦИРКУСОТ ОСТАНАЛО САМО БЕБЕТО … НИ ГО ДОНЕСОА НАМ, ВО НАШИОТ ДОМ ЗА НАЈДЕНЧИЊА…

ТОШЕ

НО ДА… А, КОЛКУ Е СТАРО  ТОА – НАЈДЕНЧЕ?

ГОШЕ

САМО ТРИ ДЕНА…ЛЕЛЕ,ЛЕЛЕ…ЗАТОА СЛАВЕВМЕ…

АНА – ДАНА – МАНА

НИЕ,ТРИТЕ НАРЕЧНИЦИ,АНА,ДАНА И МАНА, ПРОРЕКНУВАМЕ СУДБИНА НА СЕКОЕ НАЈДЕНЧЕ – СЕКОЈ ТРЕТ ДЕН ОД НЕГОВИОТ ЖИВОТ…