ВЛАДИМИР ПЛАВЕВСКИ
УЛОГИ:
1. Н Е Д А
2.МАЖОТ, СТУДЕНТОТ, КРАЛОТ
3.ПРОФЕСОРОТ,
4.ТАКСИСТОТ, СПЕЦИЈАЛЕЦ
5. НЕКОЛКУ СПЕЦИЈАЛЦИ И БОЛНИЧАРИ
АВТОРСКА СУГЕСТИЈА:
ДРАМАТУРГИЈАТА  УСЛОВУВА ЕДЕН АРТИСТ ДА ТОЛКУВА НЕКОЛКУ ЛИКОВИ
ПРВА СЛИКА
СЦЕНА ПОСЕАНА СО ЧАДОРИ.
ЗАЛЕПЕНИ ЅИДОВИ  КОИ СЕ РАЗДЕЛУВААТ И ОД НИВ ИЗЛЕГУВА НЕДА.
НЕДА
ВИ ВЕЛАМ, ИЗЛЕГОВ ОД СВОЈОТ ГРОБ… ИЗЛЕГУВАМ ОД МОЈОТ ГРОБ!… ЌЕ ИЗЛЕЗАМ ОД ГРОБОВ?!
ВО ЅИДОВИТЕ РЕЛЈЕФНО СЕ ОДРАЗУВААТ ФИГУРИ НА ЛУЃЕ, ЛИЦА, РАЦЕ…
УХ, СМИРИ СЕ! ТАКА… МХМ… МХМ… МХМ… ПРОКЛЕТО ВРЕМЕ! МХМ… ТРЕБА ДА ЛЕЕ ДОЖД! МХМ… ДА ЛЕЕ БЕЗМИЛОСНО!
ОД ВИСОЧИНА СЕ СПУШТААТ КУЛИСИТЕ ЗАВРТЕНИ НАОПАКУ.
СМИРИ СЕ, СМИРИ СЕ… ТАКА… ОХ, СЕ СТЕМНУВА…
ЧАДОРИТЕ  СЕ ГУБАТ ВО ВИСОЧИНА.
А ТЕМНЕЕЊЕТО ПРОДИРА ВО  МЕНЕ!… ЦРНИЛОТО МЕ ДУПИ! МЕ ДУПИИИ! ААААХ!
ЕФЕКТ НА СВИРКАЊЕ НА ВЕТЕР.
МММ, СТУДЕН ВОЗДУХ … МММ!
ЕФЕКТ НА ЛЕЕЊЕ ДОЖД.
ДОЖД?! ПРОКЛЕТСТВО, ДОЖД?! ЗОШТО ДОЖД?
УДАРИ НА ГРОМ.
ВТОРА СЛИКА
НИЗ ЅИДОТ ВЛЕГУВА МАЖ  КОЈ МАРШИРА.
МАЖОТ
РАС’ДВА’ТРИ! РАС’ДВА’ТРИ!
НЕДА
КОЈ СИ ТИ?!
МАЖОТ
РАС’ДВА’ТРИ! РАС’ДВА’ТРИ!… ЕЈ, НЕ ЗНАЕШ КОЈ СУМ ЈАС?… РАС’ДВА’ТРИ!
НЕДА
ВЛЕГУВАШ КАКО РОВЈЕ… КОЈ СИ ТИ?
МАЖОТ
РАС’ДВА’ТРИ!… ТВОЈОТ ЏЕЛАТ.
НЕДА
МОЈОТ ЏЕЛАТ? НО, ЈАС СУМ НЕВИНА!
МАЖОТ
ТРЕБА ДА ТЕ УБИЈАМ… РАС’ДВА’ТРИ!… ИМЕТО!ТВОЕТО ИМЕ?!!
НЕДА
НЕ!… ДА!… НЕДА.
МАЖОТ
САКАШ ДА ТЕ ЗАСТРЕЛАМ? ДА ТЕ ЗАДАВАМ? ДА ТЕ ОБЕСАМ? ДА ТЕ ЗАКОЛАМ? ДА ТЕ ГИЛОТИНИРАМ? ДА ТИ ДАДАМ ОТРОВ?
А?! РАС’ДВА’ТРИ!
НЕДА
НО ЗОШТО? ЗОШТО?! НЕЕЕ!!!
МАЖОТ
РАС’ДВА’ТРИ! …КАКВО ТИ Е ТОА ИМЕ? РАС’ДВА’ТРИ! СОСТАВЕНО  Е ОД “НЕ” И ОД “ДА”. НЕ-ДА! …РАС’ДВА’ТРИ! …
НЕДА
НЕЕЕ!!!
МАЖОТ
ЕЈ, ДОСТА КРЕСКАШ! МЕ РАЗОЧАРА. МИСЛЕВ ДЕКА СИ ЦВРСТА ЖЕНА… АКО САКАШ, ДА ТИ ГИ ЗАВРЗАМ ОЧИТЕ. ДА НЕ ГЛЕДАШ КАКО ЌЕ УМРЕШ.
НЕДА
НЕ САКАМ ДА УМРАМ! НЕЕЕ!!!
МАЖОТ
КАКО САКАШ ДА УМРЕШ? ИМАШ ГОЛЕМ ИЗБОР…
НЕДА
НЕЕЕ!!!
МАЖОТ
ДОБРО, НЕ КРЕСКАЈ! СРЕДИ СЕ, ДИШИ ДЛАБОКО, ДИШИ ДЛАБОКО…
НЕДА
”ЧЕКАМ ПРЕД ЛИЦЕТО НА СМРТТА!
ПРЕПОЛНА СУМ СО МЛЕКО
ОД ЧОВЕЧКА ДОБРИНА
ЗА ДА ГО ФАТАМ
НАЈДОЛГИОТ ПАТ… “
НЕДА  ГО ЗГРАПЧУВА МАЖОТ ЗА НОЗЕ.
МАЖОТ
ОСЕЌАШ? ПУЛСИРА!…
НЕДА
ДУПИ МЕ, СЕГА, ПРЕД ДА МЕ УБИЕШ!
СВИРКАЊЕ НА ПЕЈЏЕР.МАЖОТ  ГЛЕДА ВО ПЕЈЏЕРОТ.
МАЖОТ
ЕЈ, ИМАМ ПОРАКА! … “НЕ-ЈА-УБИ-ВАЈ-ВРА-ТИ-ЈА-ВО -ЌЕЛИЈА”… ПУ, МАЛЕР! А САМА МИ СЕ НУДИ… ВАКА МИ СЕ СЛУЧУВА СЕКОГАШ КОГА ВРНЕ ДОЖД!
НЕДА
КОГА ПАЃА ДОЖД, САКАМ ВО МЕНЕ ДА ВРНЕ СПЕРМА… ТРЕБА ДА МИ НАПРАВИШ ВНУЦИ!
ЅВОНИ   МОБИТЕЛОТ.
МАЖОТ
… АЛО? АЛО?!… ДА,ДА, НЕ ЈА ОТЕПАВ… НЕ, НЕ, ВИ СЕ МОЛАМ…В РЕД,  НА ЗАПОВЕД… ПРЕСТРАШЕНА Е, ТОА Е НОРМАЛНА РЕАКЦИЈА КАЈ СИТЕ ОСУДЕНИЦИ.
ЅВОНИ   МОБИТЕЛОТ.
АЛО?…ДА?! … ЗА ТЕБЕ… И, БИДИ КРАТКА!
НЕДА
… АЛО? АЛО?!… МЕ ЧЕКА? КОЈ МЕ ЧЕКА?… СМРТТА?! … НЕ?! ЖИВОТОТ?! … МАЖОТ?… МОЈОТ ЦЕНЕТ СОПРУГ СЕ УШТЕ НЕ Е ВРАТЕН ОД ПОСЛЕДНАТА БАЛКАНСКА ВОЈНА!… ВОЈНАТА ЗАВРШИЛА!?… АМЕРИКАНЦИТЕ ИСПУШИЛЕ ЛУЛЕ НА МИРОТ СО БАЛКАНСКИТЕ ГЛАВАТАРИ?… СКЛУЧИЛЕ МИР?… КАДЕ? … ЛАЖЕШ. ЛАЖЕШ! ЛАЖЕШ!!
НЕДА МУ СЕ ОБРАЌА НА МАЖОТ.
ИЗМИСЛУВААТ!… ВОЈНАТА НИКОГАШ НЕ ЗАВРШУВА… МИРОТ ЗАВРШИЛ…
НЕДА ЗБОРУВА ВО СЛУШАЛКАТА.
NE, NE, NE SE VRATIL! SE VRATI DO@DOT… ME POLEVA KAKO SPERMA, ]E MI NARASNAT VNUCITE… DA! … SE PLA[AM… SAKAAT DA ME UMRAT… NE JA PREKINUVAJTE LINIJATA! … PSST! OVOJ SAKA DA ME UBIE!
МАЖОТ
ЕЈ, ТИ СИ БИЛА МРДНАТА.
НЕДА
НЕМА ДА МЕ УБИЕШ?
МАЖОТ
КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ.
НЕДА
ФУЈ, СМРДИ НА ИЗЛЕАН ДОЖД.
МАЖОТ
ЕЈ, НАДВОР ПАК ЗАВРНА.
НЕДА
ОБОЖУВАМ ДОЖД!
МАЖОТ
ЗАВРНА ВОЈНА!
НЕДА
КОГА ОД НЕБОТО ЏРЏОРИ ВОДА, СЕ ПРОДАВААТ ЧАДОРИ. ЗАШТИТА ОД ВОЈНА!
МАЖОТ
ЕЈ, СУПЕР ИДЕЈА! ЌЕ ОТВОРАМ ЧАДОРЏИЛНИЦИ НИЗ БАЛКАНОВ, ТАМУ КАДЕ ШТО ВРНАТ ВОЈНИ. ЕЈ, ШТО ПАРИ ЌЕ ПЕЧАЛАМ! ОД ПРОФИТОТ ЌЕ СИ КУПАМ, ЕЈ, КАЖИ ШТО САКАШ ДА КУПАМ?
НЕДА
КУЌИЧКА ВО ЦВЕЌЕ, ВЕРНО КУЧЕ И МЕКИ ПАНТОФЛИ.
МАЖОТ
ЛИНИЈАТА СЕ УШТЕ СТОИ ОТВОРЕНА.
НЕДА
…ДА, ДА, МАЖ МИ ГО БОМБАРДИРА ДУБРОВНИК, ГО УРИВА САРАЕВО,  ЈА ПЕПЛОСУВА ЉУБЉАНА, ГО ОПОЖАРУВА ЗАГРЕБ, ФРЛА ЧУМА ВО СКОПЈЕ, БЕЛГРАД ГО ПОГАНИ ВО ЦРНГРАД!… КАКО ЗНАМ? ПА ОКОЛУ МЕНЕ ВРНЕ  ВРЕМЕ, ВОЈНИ, ЛУЃЕ, ПАРИ, ТРАНЗИЦИИ, ПАРТИИ, УБИСТВА, КОМУНИЗМИ, СОЦИЈАЛИЗМИ, КАПИТАЛИЗМИ.
МАЖОТ
ЕЈ, ЧАРДАК НИ НА  НЕБО НИ НА ЗЕМЈА ГРАДЕВМЕ , АМА ЕЈ, СЕ ОТИДЕ… СЕ СЕ УРНА…
НЕДА
…АЛО, ОВОЈ САКА ДА МЕ ОТЕПА! ДОЈДИ, СПАСИ МЕ! СПАСИ МЕ!
МАЖОТ
ТАТКО МИ, КОГА ГО СТРЕЛАЛЕ, ВИКАЛ: “ДА ЖИВЕЕ ТИТО! ДА ЖИВЕЕ ТИТО… ДА ЖИВЕЕ ТИТО…”
ДРУЖЕ ТИТО МИ ТИ СЕ КУНЕМО
ДА СА ТВОГА ПУТА НЕ СКРЕНЕМО…
НЕДА
АЈДЕ, НЕ ПЛАЧИ. ТРЕБА ДА МИ КАЖЕШ: “ИЗВИНИ, ЗАДОЦНИВ,  КУПИВ КУЌИЧКА ВО ЦВЕЌЕ.”
МАЖОТ
ДРУЖЕ ТИТО МИ ТИ СЕ КУНЕМО
ДА СА ТВОГА ПУТА НЕ СКРЕНЕМО…
ТИТОСЛАВИЈА СЕ РАСПАДНА, А ТИ? СЕ ЧЕШЛАШ!
НЕДА
БАШ ЧЕЛИК УМРЕ И СЕ УРНИСА ЧАРДАКОТ НИ НА НЕБО НИ НА ЗЕМЈА.
МАЖОТ
У ТУНЕЛУ, УСРЕД МРАКА,
СИЈА ЗВЕЗДА ПЕТОКРАКА…
Е, НЕ МОЖЕ ТАКА! РАС’ДВА’ТРИ! ЕЈ, ТРГНУВАМ.
МАЖОТ   ВАДИ   РЕВОЛВЕР .
ЈУРИШ! У-Р-А-А-А-А…!?
НЕДА
ПОМОШ!
МАЖОТ
ЕЈ, СМИРИ СЕ.
НЕДА
ЌЕ МЕ УБИЕ! ПОМОООШ!
МАЖОТ
ЕЈ, НЕ КРЕСКАЈ! ЌЕ ГИ ИСПЛАШИШ КОМШИИТЕ…
НЕДА
ТРГНИ ГО …
МАЖОТ
НЕ ТЕ УБИВАМ. ТИ КАЖАВ ВЕЌЕ ЕДНАШ. ЕВЕ ТИ ГО РЕВОЛВЕРОТ… СО НЕГО НЕМА ЗАЕБАНЦИЈА.
СВИРКАЊЕ НА ПЕЈЏЕР.
МАЖОТ
“ТИ-ПРА-ЌА-МЕ-ТАК-СИ!-ЗА-МИ-НУ-ВАЈ-ВО-ВОЈ-НА!”ФАЛА БОГУ, НАЈПОСЛЕ ИМ ТЕКНА! … ЕЈ,   БАКНИ МЕ, ЗА СРЕЌА.
МАЖОТ ЈА БАКНУВА НЕДА.
НЕДА
ИМАШ ВРЕМЕ?
МАЖОТ
ГОТОВО Е … НЕМА ДА ИЗВЛЕЧАМ ЖИВА ГЛАВА…
НЕДА
ИМАШ БЕСКРАЈ.
ОДЕКНУВА СИЛЕН, ЗАГЛУШЕН  ИСТРЕЛ.
МАЖОТ
Е-ЕЈ-МЕ-О-ТЕ-ПА?
МАЖОТ  ПРОПАЃА ВО ЅИДОТ.
ВО ЅИДОВИТЕ СЕ ОДРАЗУВААТ ФИГУРИ НА ЛУЃЕ, ЛИЦА, РАЦЕ…
СИЛНА ЗАСЛЕПУВАЧКА СВЕТЛИНА.
СТЕМНУВАЊЕ.
ТРЕТА СЛИКА
ОТЕМНУВАЊЕ.
ТАКСИСТОТ СЕ СПУШТА СО ЧИГА.
ТАКСИСТОТ
ГОСПОЃО!?
НЕДА
НЕ СУМ ГОСПОЃА.
ТАКСИСТОТ
СЕ ПАРДОНИРАМ, ГОСПОЃИЦЕ, СЕ ПАРДОНИРАМ…
НЕДА
НЕ СУМ ГОСПОЃИЦА.
ТАКСИСТОТ
ПА ШТО СТЕ, ВИ СЕ МОЛАМ,  “ГОСПОЃО-ГОСПОЃИЦЕ”? ДРУГАРКА? ДАМА? МИЛЕДИ? МАЈ’ФЕР’ЛЕЈДИ?
НЕДА
ЈАС СУМ НЕ-ДА.
ТАКСИСТОТ
ДОБРО, ДРУГАРКЕ ДАМО НЕ-ДА, ЈАС, СЕ ИЗВИНУВАМ, АМА, ЕТЕ, ВЕДНАШ СТИГНАВ. ИЗВЛЕКОВ ЖИВА ГЛАВА!
НЕДА
КОЈ СИ, ПАК СЕГА – ТИ?!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, ЕТЕ, ДОЈДОВ… НЕЛИ МЕ ЧЕКАТЕ?
НЕДА
ЈАС?
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, ВРАТАТА, ЗНАЕТЕ, НЕ СЕ ЗАТВОРА И ЈАС…
НЕДА
НЕ СЕ ЗАТВОРА?!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, СО ТРЕСКАЊЕ ЈА ЗАТВОРАМ. ВРАТАТА! ВИ СЕ МОЛАМ, ВОЗАМ ЈУГО, ПЕДЕСЕТПЕТКА…
НЕДА
СЕ ПЛАШАМ… ТАМУ, СЕ ВОДИ ВОЈНА!
ТАКСИСТОТ
ТОЧНО!… ГЛЕДАТЕ ФИЛМОВИ? КОГА ВРНЕ ДОЖД, ЕВЕ, КАКО СЕГА,  НЕКОЈ СИГУРНО ЌЕ УМРЕ. ВО  ФИЛМОВИТЕ…
НЕДА
МИРИСА НА МЕМЛА.
ТАКСИСТОТ
ДА, ТРУЕ! ГИ ЗГРЕШАМ УЛИЦИТЕ. СУМ ГИ ЗАБОРАВИЛ… МЕ ТЕРАА ДА КОЛАМ… ЛУЃЕ!… КАПЕТАНОТ МРЧИ: “АЈДЕ БРЕ, ДЕБЕЛИ, ЈЕБЕМ ТИ БУРЕК, КОЉИ! КОЉИ!!!”
НЕДА
ТИ СИ УБИВАЛ?!                          ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, НЕ СЕ ТРЕВОЖЕТЕ.
НЕДА
ТИ СИ, ТИ СИ…!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ… БЕВ И ВО ВУКОВАР… ХИРОШИМА!
НЕДА
ЛЕЛЕ, ТИ СИ…
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ… БЕВ И ВО СРЕБРЕНИЦА… НАГАСАКИ!
НЕДА
ТИ СИ ГНАСА!!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, ЈАС СУМ ТАКСИСТ… ТАКСИСТ! БРРРУМ! ВОЗАМ ТАКСИ. ЦРВЕН ЈУГО! ЌЕ ГО ВАПЦАМ ЦРНО. СЕГА ТОА Е ВО МОДА. МЕНУВАЊЕ БОЈА… ВИ СЕ МОЛАМ, КАДЕ САКАТЕ ДА ВОЗАМ?
НЕДА
ВАДЕТЕ МЕ ОД ОВАА ЌЕЛИЈА!
ТАКСИСТОТ
СЕГА?! СЕ ШЕГУВАТЕ?
НЕДА
СЕ ПЛАШАМ! ПАК ИМА ВОЈНА!
ТАКСИСТ
ВИ СЕ МОЛАМ, СТАРТ ПЕТ ДЕНАРИ А ЗА СЕКОЈ ПРЕЈДЕН КИЛОМЕТАР ДЕСЕН ДЕНАРИ. ПОЕВТИНО-УТРЕ…
НЕДА
КОЕ УТРЕ?
ТАКСИСТОТ
ДЕНЕС НИКОЈ НЕМА ПАРИ… ВЧЕРА ВОЗЕВ ЕДНО МОМИЧЕ. ОД УБАВО ПРЕУБАВО. И “ДРЖ’ДАЈ’ДА” ПЛАТИ, МИ ВЕЛИ: “ НЕМАМ ДЕНАРИ, НЕМАМ ДОЛАРИ, НЕМАМ МАРКИ… ЌЕ ТИ ПЛАТАМ, ДЕБЕЛИ”, МИ ВЕЛИ, “ЌЕ ТИ ПЛАТАМ ВО НАТУРА.” И, ВИ СЕ МОЛАМ,  ГИ СОБЛЕЧЕ ГАЌИЧИЊАТА И МИ ГО ПЛИСНА ПИЧЕТО НА СЕДИШТЕ КАКО КРОФНА. МИ ВЕЛИ: “Е, ДЕБЕЛИ, ДЕБЕЛИ, АЈ’ДА ТЕ ВИДАМ ШТО МАЖ СИ, СЕГА, КОГА НЕМАШ КАМА ДА КОЛЕШ.”
НЕДА
ОДИ НА ДОКТОР!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, УМИРАМ ОД РАБОТА… ВОЗАМ ЛУЃЕ, ЛУЃЕ! ЖЕНИ, МАЖИ, ДЕЦА… МИ ВЕЛАТ: “ДЕБЕЛИ, САКАШ ЏОИНТ?” СЕ ВРТАМ, ГЛЕДАМ. ДЕЦАНА, БРЕ, СЕ ДРОГИРААТ ВО ЈУГОНО… ЕБАТИ ДРЖАВАТА СО ДРОГИРАНИ ДЕЦА!… И, ЕДНО КОПИЉАЧЕ МИ БАМБОРИ: “ДЕБЕЛИ, КАДЕ ДА ГО ЏИТНАМ КУТОНОВ?” . А ЧАНТИЧЕТО ПОД НЕГО МРЧИ: “ТЕСНА ТИ Е ЧИЧЕ, КОЛАВА! ДА СИ КУПИШ ‘МЕРЦЕДЕС’…” ЗАСТАНАВ, МИ СЕ СТЕМНИ ПРЕД ОЧИ. НЕМАВ КАМА, ИНАКУ, ГОТОВО, ЌЕ ГИ ЗАКОЛЕВ… ГИ ЏИТНАВ ОД ЈУГОТО… СО ПУЦВАЛ ПОСЛЕ БРИШЕВ СПЕРМА ОД ЗАДНОТО СЕДИШТЕ. ВИ СЕ МОЛАМ, СЕ ЕБАТ, БРЕ,  КАКО ЗАЈАЦИ…
НЕДА
ТИ СИ СЕ МРДНАЛ ОД ВОЈНАТА!
ТАКСИСОТОТ
ДА БЕ! ВАДЕВ ЗЛАТНИ ЗАБИ… ОД УБИЕНИТЕ… ШТО ЌЕ ИМ СЕ ЗЛАТНИ ЗАБИ ПОД ЗЕМЈА? ЦРВИ НЕМА ДА ЈАДАТ, ВИ СЕ МОЛАМ, ЦРВИТЕ НИВ ЌЕ ГИ ЦИЦААТ… СОБРАВ ПОЛНА РАНИЦА ЗЛАТНИ ЗАБИ… И, ФАТИВ ЏАДЕ…  КУРТУЛИВ, СТИГНАВ ДОМА, КОСКА И КОЖА… СЕ НАЈАДОВ БУРЕК СО МЕСО И ЦЕЛА НЕДЕЛА СПИЕВ… КОГА СЕ РАЗБУДИВ, ГЛЕДАМ, НАД МЕНЕ БРЧИ ХЕЛИКОПТЕР! СРИПАВ. СЕ СВЕСТИВ. УНПРОФОР! ВИ СЕ МОЛАМ, МОЈА ЗЕМЈА.
НЕДА
ТИ СИ НИКУЛЕЦ НА НЕБИТНИЦА НА ПОЧВА НАГНОЕНА СО СОПСТВЕНИ КОСКИ, КРВ И П’ЛТ!
ТАКСИСТОТ
ВИ СЕ МОЛАМ, ЈАС ИМАМ ДИПЛОМИРАНО ЧИСТА ФИЛОЗОФИЈА! “МИСЛАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ!”… ВИ СЕ МОЛАМ, АРИСТОТЕЛ, КАНТ, НИЧЕ, ФОЕРБАХ, КАРЛ МАРКС, РЕНЕ ДЕКАРТ, ЏОН ЛОК, ФРИДРИХ ЕНГЕЛС, ДЕНИ ДИДРО, ШОПЕНХАУЕР, ЖАН ЖАК РУСО, КЕРКЕГОРД, РАСЕЛ, ПЛАТОН… ВИ СЕ МОЛАМ, СО ЗЛАТОТО ОД ЗАБИТЕ ГО КУПИВ ЈУГОТО. МОРА ДА СЕ ЖИВЕЕ… У, ДОЈДЕ ВРЕМЕ! ТРЕБА ДА ВЕ УБИЈАМ.
НЕДА
НЕЕЕ!
ТАКСИСТОТ
САКАТЕ ДА ВЕ СТРЕЛАМ?  ИЛИ, ДА ВЕ ОБЕСАМ? МОРЕ, МАЈСТОР СУМ ЗА  ЗАКОЛЕЊЕ!… А ДА ВЕ ГИЛОТИНИРАМ? ИМАМ И ОТРОВ? А ДА ВЕ ЗАДАВАМ СО ЖИЦА?
НЕДА
ПОМОШ! НЕЕЕ!
ТАКСИСТОТ
АМА, ВИ СЕ МОЛАМ, ЏАБЕ КРЕСКАТЕ! И, МЕ РАЗОЧАРАВТЕ. МИСЛЕВ ДЕКА СТЕ СТАМЕНА ЖЕНСКА… АКО САКАТЕ, ДА ВИ ГИ ЗАВРЗАМ ОЧИТЕ. ДА НЕ ГЛЕДАТЕ КАКО ЌЕ УМИРАТЕ.
НЕДА
НЕЕЕЕ!
ТАКСИСТОТ
ИМАТЕ ЗЛАТНИ ЗАБИ?
ЅВОНЕЊЕ НА МОБИТЕЛ.
… АЛО? АЛО?!… ДА, ДА, СЕУШТЕ НЕ ЈА ОТЕПАВ… НЕ, НЕ, ВИ СЕ МОЛАМ…В РЕД, НА ЗАПОВЕД… ХА,ХА,ХА! ПОСРАНА Е ОД СТРАВ… ПА ДА, ВИ СЕ МОЛАМ, ТОА Е НОРМАЛНО КАЈ ВАКВИТЕ ОСУДЕНИЦИ… ДОБРО, ЌЕ ЈА ОСТАВАМ ВО ЌЕЛИЈАТА… В РЕД! НА ЗАПОВЕД!