Во романот “Последниот сплавар на Вардар„ Владимир Плавевски, автор на книгите “Играч на фанта„, “Амкање„, “Ловец на самовили„, “Поплава„, и романот “Цена од Ново Маало”, не воведува во галерија специфични ликови и случувања од Предилиенденски период. Сплаварот Јован и неговиот помошник Арсение плават со сплав по реката Вардар од Велес до Солун. Тие запаѓаат во низа драматично-онирични состојби во својата одисејска пловидба низ реката Вардар. Владеењето на  Османлискиот закон на посилниот загорчен од пеколните услови на тогашниот ропски живот авторот Плавевски го опишува со возбудлива нарација во чија заднина нуркаат буревесниците на македонскиот историски пресврт, Гемиџиите и Иилинденските комити.  Наративниот котелец на романот авторот Плавевски го  ткае и со архаичен дијалог, еклектичен на Маркоцепенковиот писателски стил, со што постигнува невообичаено типизирање на ликовите чии  судбини пловат по текот на нивната  трагична животна река.

Видео исечок од промоцијата на Последниот сплавар на Вардар
Главниот водечки лик на романот, сплаварот Јован, со својот сплав  впловува во македонските тегобности подучувајќи го помошникот Арсение на суровата животна реалност која ги опкружува. Тие на својот сплав превезуваат, од Велес до Солун, јамболии во кои  е скриен динамит со кој треба да се расони Европа за да ù се покаже оти Османлиската власт со векови го разорува Македонското битие.
Романот кулминира со бој на Вардар кај Демир Капија меѓу сплаварите и турскиот аскер, битка – метафора за експлозивното   предвестување на бурните настани што ќе следат за слободата на македонскиот народ.  Сплаварот Јован паѓајќи во водите на реката Вардар завршува во прегратката на  водната русалка како заштита на доблестност за посакуваната иднина.

Во романот “Последниот сплавар на Вардар„ Владимир Плавевски, автор на книгите “Играч на фанта„, “Амкање„, “Ловец на самовили„, “Поплава„, и романот “Цена од Ново Маало”, не воведува во галерија специфични ликови и случувања од Предилиенденски период. Сплаварот Јован и неговиот помошник Арсение плават со сплав по реката Вардар од Велес до Солун. Тие запаѓаат во низа драматично-онирични состојби во својата одисејска пловидба низ реката Вардар. Владеењето на  Османлискиот закон на посилниот загорчен од пеколните услови на тогашниот ропски живот авторот Плавевски го опишува со возбудлива нарација во чија заднина нуркаат буревесниците на македонскиот историски пресврт, Гемиџиите и Иилинденските комити.  Наративниот котелец на романот авторот Плавевски го  ткае и со архаичен дијалог, еклектичен на Маркоцепенковиот писателски стил, со што постигнува невообичаено типизирање на ликовите чии  судбини пловат по текот на нивната  трагична животна река. Главниот водечки лик на романот, сплаварот Јован, со својот сплав  впловува во македонските тегобности подучувајќи го помошникот Арсение на суровата животна реалност која ги опкружува. Тие на својот сплав превезуваат, од Велес до Солун, јамболии во кои  е скриен динамит со кој треба да се расони Европа за да ù се покаже оти Османлиската власт со векови го разорува Македонското битие. Романот кулминира со бој на Вардар кај Демир Капија меѓу сплаварите и турскиот аскер, битка – метафора за експлозивното   предвестување на бурните настани што ќе следат за слободата на македонскиот народ.  Сплаварот Јован паѓајќи во водите на реката Вардар завршува во прегратката на  водната русалка како заштита на доблестност за посакуваната иднина.