Издавач: ННИП “Алфа 94”

За издавачот: Методија Милев

Уредник: Илија Плавевски

Компјутерска обработка: Алфа 94

CIP – Каталогизација во публикација Народна и универзитетсак библиотека “Св. Климент Охридски” – Скопје, 1997 год.

ISBN 9989-765-0000

БУЛЕВАРСКИ  ПЕЧАТ

”Сериозниот печат има милион читатели, а “жолтиот” печат има “само” милијарда читатели.

(Мек Луан)

Кон крајот на педесеттите години булеварскиот, т.н. “жолт” печат доживува голема популарност во Италија. Тој ангажира посебна сорта фотографи наречени “папараззо”. Тие се служат со телебјективи за да можат да ги снимаат луѓето во приватниот живот. Одеднаш, приватниот живот, по барање на читателите, станува цел на интересирање на овие фотографи. Папараците ги овековечи Фелини во својот филм “Сладок живот” во кој го исмева бесмислениот живот на римската аристократија.

Овој тип печат е особено моќен во сите капиталистички земји. Во Германија се нарекува “Рагенбогенпресссе” (“виножитен” печат каде што е особено моќен), додека во екссоцијалистичките земји е забрануван, бидејќи е сметан за неморален.

Овој “виножитен” печат живее од љубовните оговарања за сите познати личности од уметничкиот и од политичкиот живот, од скандалите што се јавуваат околу тие личности или самите тие предизвикуваат скандали и сензации. Секако, постојано има потреба од соодветни фотографии кои скапо се плаќаат. Филмските ѕвезди и нивните афери, светските плејбои и личности од јавниот живот секогаш се цел на објективите на папараците. Пијаниот Марлон Брандо кој крши во кафеана, Џек Николсон кој го покажува својот разголен задник, Мајкл Џексон со фластери на лицето по којзнае која фејс лифтинг операција, Бригит Нилсен со своите хипертрофирани гради на кои, сепак, се забележува оперативниот рез од силикинска имплантација, Силвестер Сталоне по тепачка; сето тоа се фотографии кои скапо се продаваат, а молскавично се објавуваат планетарно по екслузивното објавување во среќниот  булеварски печат кој дебело платил за тој ексклузивитет.

Овој печат има милионски гладни читатели, посебно меѓу жените. Љубовните згоди и интимниот живот на славните и на богатите луѓе им ја разгоруваат мечтата, овозможувајќи им да ја заборават сопствената сива секојдневност. Овој печат им служи како издувен вентил за фрустрациите насобрани поради секојдневните животни проблеми. Иако овие луѓе сакаат да бидат информирани за животот на своите идоли, тие сепак длабоко ги мразат.

Во поголемиот број случаи папараците ја вршат својата работа во согласност со личноста што ја снимаат. Ако некој папарацо е добро познат во тие кругови, тој најчесто е однапред информиран  за настан, средба или присуство на соодветна личност на соодветно место. Го известуваат или самите личности или нивните агенти за реклама или за печат. На соодветните личности сето тоа им треба, сето тоа им е бизнис! Сосема ретко доаѓа до судски процес, а ако дојде, најчесто и тој е заради соодветна реклама. Папарацото е платен и за судскиот процес.

Жаклина Кенеди во 1971 година покренала судска постапка против фотографот Роналд Галела, наречен “папарацо-цар”, со обвинение дека ја прогонува неа и нејзиното семејство. Син и Џон,  11- годишник, тврдел дека Галела го плаши со своите блицеви кои светкаат, а 14-годишната Каролина дека не се осеќа сигурна кога Галела е во нејзина близина. Но, и Галела ги тужел Жаклина Кенеди, нејзините три агенти и телохранителот, барајќи оштета од 1.300.000 $ со образложение дека не му доволуваат да заработува за живот. Галела својата егзистенција ја темелел на фотографиите на Жаклина Кенеди и сè околу неа. На судот Галела изјавил дека не сака да ги вознемирува; дека снима немаместени, спонтани фотографии “а ла папарацо”.Судот донесол одлука Галела да не се приближува поблиску од 45 метри до госпоѓата Оназис и до нејзините деца.

Во 1972 година Жаклина Кенеди Оназис повторно доминира во планетарниот “виножитен” печат. “Плаѕмен”, италијанско еротско списание за мажи, прво објавува колор фотографии на сосема голата Ж.К.Оназис! Тиражот од 750.000 примероци се распродава за еден ден! Се допечатува нов тираж! Нејзините фотографии кружат по светските списанија, а ги објавуват уредниците кои ќе платат најмногу. Дури и “Парис матцх” објавува фотографии на голата бивша претдседателка на Америка. Единствено Хју Хефнер одбива да ги објави во својот “Плаѕбоѕ”. Не верувал дека ниту еден папарацо може да се пробие на островот Скорпио покрај армијата воружени стражари. Тврдел дека на фотографиите, на кои сепак тешко се распознава Жаклина, се наоѓа дублерка. Дали имал право? Жаклина Кенеди не покренала никаква постапка. А како автор на фотографиите се претставувал -Роналд Галела!

Фотографот – папарацо не е квалитетен фотограф. Всушност, за ексклузивитетот на настанот или за личноста што се нуди, не се бара техничка беспрекорност. Бидејќи најчесто се снима со силни телеобјективи, во лоши светлосни услови , ноќно време фотографиите најчесто се со крупно зрно, измрдани, неостри, а ако се во боја секогаш имаат  наерушен колорен баланс. Но, овие фотографии се вистинските фотографии што се бараат. Технички квалитетната фотографија секогаш е сомнителна дека е наместена.

Сепак, професијата папарацо не е за потценување. Иако спаѓаат во доменот на шоу-бизнисот, папараците исклучително тешко се пробиваат. Мораат со часови и со денови да чекаат на својата “жртва” за да ја фотографираат, најчесто криејќи се;  мораат исклучително брзо да снимаат и подобро да бегаат. Потем, треба да бидат добри трговци за да можат што подобро да ја продадат фотографијата. Никој од нив до денес не станал голем фотограф, бидејќи со тек на времето нивните фотографии само губат бидејќи немаат никакви естетски вредности кои иднината ќе ги валоризира.

”Натуризам” списанија

Педесеттите години, паралелно со загубата на сексуалните табуи,значи појава и на соодветни, специјализирани ревии со еротска, гламур содржина. И пред овој период постоеле разни списанија кои под етикетата “натуризам” биле полни со голи женски тела и се продавале по киосците, но под тезга. Во Франција дури постоела и законска забрана со која фотографската репродукција на голото женско тело се прогласувала за неморална. Најславното списание од овој домен кое женското тело, сепак, го поставува на пиедестал на фотографска техничка перфекција, еротски без лажни скромности, докажано и изведено во полн гламур стил е “Плаѕбоѕ” кој излегол во 1953 година. Основачот на ова социофеноменолошко списание, кое што доведува до еротска лавина во 20 век,  е Хју Хефнер, син на проповедник. За да го издаде својот “Плејбој” Хефнер позајмил 11.000 $ и морал да чека целиот број да се распродаде за да го напечати вториот број. Уште првиот број ја имал рубриката “Плаѕмате” во која била претставена една атрактивна девојка во сите нејзини животни состојби од кои најатрактивни се нејзините акт колор фотографиите на две или три раширени страни. Акт фотографијата во “Плејбој”не крие ништо – се гледаат женските гради, брегот на Венера до ниво на блага гинекологија и лицето на моделот. Прва “плејмат” девојка била, кој друг ако не – Мерилин Монро, која потем служела како физичка мостра за следните “плејмат” девојки.

Во 1972 година “Плејбој” има фантастичен тираж од шест и пол милиони. Фотопостерите на “плејмат” девојките висат по собите на мажите во цел свет; американските маринци гинеле во Виетнам со “Плејбој” во џебот…

”Плејбој” сепак не е списание за потценување. Во него соработуваат Владимир Набоков, Жан Пол Сартр, Алберто Моравија, Галбрајт итн. Дури и католичката црква знае да го користи за прозелитски цели.

Статистиките покажуваат дека 50 отсто од читателите на “Плејбој” се мажи помлади од 35 години од кои 64 отсто се оженети. Од женетите мажи магазинот најмногу го читаат оние кои се досадуваат во бракот.

Атрактивноста на магазинот лежи во големиот расчекор меѓу животот опишан во него и вистинскиот живот на неговите читатели. Животот опишан во “Плејбој” е целосно измислен  и токму ова сознание на читателот, дека сè во него е фантазија, го прави попривлечен. Поради  ова, Хју Хефнер и Волт Дизни се сметаат за двајцата најголеми пуритански културни великани на 20 век.

Денес корпорацијата “Плаѕбоѕ Инц.” има широка разгранета дејност – со голем број “плејбој” клубови по целиот свет, хотели, издавачки и дискографски куќи, финансира филмови и го пласира “Плејбој” во Европа. Хју Хефнер денес е повлечен во пензионерски мир, а со неговото еротско царство владее неговата ќерка.

Денес постојат повеќе други вакви машки списанија: “Пентхоусе” во Англија, “Плаѕмен” во Италија, “Луи” во Франција и недобројни сурогати во скоро сите земји. Сите тие магазини, иако  се поставени врз комерцијална основа, иако се подобра или полоша копија на “Плејбој”, сепак претставуваат исчекор од потсвеста на човекот на дваесеттиот век. Сите заедно доведуваат до ниво на свест кога голото тело повеќе не е сензација, туку најобичен маркетиншки објект кој што треба да се користи токму поради потсвестниот елемент кој во душата на обичниот човек ќе создаде предиспозиција кон подобар пласман. Денес не се продава само телото како објект, туку со него се продава и свеста за убавото но и потсвеста како огледало на реалното.

Кои се следните димензии на масмедиумите кои треба да го свртат човекот кон себе или кон факторите кои што го димензионираат надвор од себе?

02.05.1994

Скопје

Плавевски Владимир