Сценарио
ВЛАДИМИР ПЛАВЕВСКИ

Режија
Вилијам и Миодраг
ШАУРЕК

Улоги

Трајче Ѓеоргиев
Кирил Андоновски
Ненад Милосављевиќ
Мартина Поп-Панкова
Лазе Манасков
Љиљана Ѓеоргиевска
Мајда Тушар
Водосава Делиќ
Снежана Стамеска
Валентина Дракалиќ
Ангелина Иванова
Кирил Попов
Стефан Шаурек

Сценограф
Боро Манчевски

Монтажа
Вилјам Шаурек

Директор на фотографија
Апостол Трпевски

Музика
Тереза Шаурек

Продуценти
Сунчица Миљковиќ
Вилијам Шаурек

Продукција
Бокс Н°2

Проектот е реализиран со финансиска помош од Советот за радио дифузија на Р.Македонија, 2007 год.

Експликација

Терзијата Марко Цепенко и татко му Коста, заедно си трите баби гатачки (Рибарица, Доста и Мита) се сведоци на одземањето на душите на леунките од страна на лошите Нави. Го изнајмуваат вампирџијата Курто за да ги отепа Навите. Борбата со Навите сите ги доведува во деликатна состојба да мораат да се борат дури и за својот живот.
Сценариото ја развива сематичката теза за  талкањето на душата по умирањето како казна за грешните души. Вампирџијата Курто, метафора на животниот промискуитет, е наемен искупувач на грешните душа, додека Марко и татко му Коста се метонимија на животната доблест која верува во оправданоста на животот.
Со хорор елементи и ироничен хумор се осознава  суеверието на македонскиот човек здробен од турското ропство, но се утврдува и неговиот бунт кон духовниот и физичкиот терор, изразен преку традицијата на вампирџистовото. Воедно се прикажува и нескротливиот дух на македонскиот собирач на умотворби – Марко Цепенков кој се снаоѓа во сите конфликтни психофизички предизвици.