Владимир Плавевски

Владо ПлавевскиРоден во 1948, е романсиер, драмски писател, фотограф, режисер, доктор ОРЛ специјалист. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 год.

Автор е на сценарија од кои за МТВ до сега се снимени над 40 епизоди од играната серија „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки”, „Македонски бајки“, и „Златни басни“.

Сценарист на ТВ филмовите: „Состојба пред инфаркт„ (1987 год., режија З. Младеновиќ – Окан), „Бог да ги убие шпионите“ (1993 год., режија А. Алексов) и „Вампирџија“ (2002 год., режија Г. Тренчовски).

Преку Советот за радиодифузија  во 2005 год. е реализиран неговиот проект „Бои во времето“; во 2007 год. ТВ филмот „Нави“ а во 2008 год. го режира ТВ филмот „Мултиплеј“. За Македонското радио му се снимени 10 радио драми.

Неговите драмски текстови  „Пипа Ритам“, режија Р. Бурхан (1986), „Балерината“- режија Б.Брезовец (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) режија Б. Брезовец и „Каста Дива“ (1997), режија на Б. Брезовец, детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ во режија на С. Билал (1988) и „Министерот и јас“ во режија на Д.Наумовски (2002 год.) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; Драмата „Раскол“ во режија на Б.Брезовец во Народниот театар Куманово, 1998 год.; Драмата „Операција Лир“ во режија на В.Талески за Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица во 2002 год.

 

Објавил дванаесет  книги:

Има освоено повеќе награди за раскази во македонската литературна јавност и наградата Роман на годината за 2013 година од весникот „Утрински весник” за романот „Јадица“.

Одржал  23 самостојни  изложби на фотографија.