ТВ филм

ВАМПИРЏИЈА

Автор: Владимир Плавевски

Режисер : Горан Тренчоски

Серафим е вамприџија – ловец на вампири,  кој талка низ македонските села и за пари ги уништува свампирените мртовци. Чирак му е  младиот  Фидам, кого Серафим го подучува на опасниот вампирџиски занает, азбуката и уште понесигурниот живот во Македонија. Вампирџијата и неговиот ученик запаѓаат во борба со македонските вампири, со турската власт и со комитите кои ги опкружуваат, како и со авџи-табурите, платените ловци на комити. Прокобата на вампирџискиот занает ја искусува младиот Фидам, кој не знае дали вампирџијата Серафим е божји анѓел или слуга на ѓаволот.

Сценариото ја развива сематичката теза за  талкањето на душата по умирањето како казна за грешните души. Вампирџијата Серафим, метафора на животниот промискуитет, е наемен искупувач на грешните душа, а младиот Фидам е метафора на животна доблест која верува во оправданоста на животот.

Со хорор елементи и ироничен хумор се осознава  суеверието на македонскиот човек здробен од турското ропство, но се утврдува и неговиот бунт кон духовниот и физичкиот терор, изразен преку традицијата на вампирџистовото и комитаџиството.


Извадок од сценариото:

Сценарио за ТВ филм

Владимир Плавевски
ВАМПИРЏИЈА

Улоги:

Серафим Вампирџијата

Фидан чиракот

Анѓеле газдата

Ангелица

Јузбашијата

Горазд комита

Василија

Василие

Џемшит крсердар

Ефрем кметот

Жената

Детето

Вампирот

Комита 1,

Комита 2,

Комита 3

Авџи табур 1,

Авџи табур 2

статисти

СЦЕНА 1

Екстериер     Ден – Планина…

СЦЕНА 2

Екстериер  Ден – Момче се обѕрнува околу себе.

СЦЕНА 3

Екстериер Голем волк кој трча низ шумата.

СЦЕНА 4

Екстериер Брзи чекори на човек.

Пушка која се запнува…

СЦЕНА 5

Екстериер Момчето се крие зад густа грмушка и гледа околу себе.

СЦЕНА 6

Екстериер Волкот застанува и гледа околу себе.

СЦЕНА 7

Екстериер Момчето со страв слуша завивање на волк.

СЦЕНА 8

Екстериер Мажот ја подигнува пушката.

СЦЕНА 9

Екстериер Момчето се крие во грмушката.

СЦЕНА 10

Екстериер Волкот почнува да трча.

СЦЕНА 11

Екстериер Ден – планинска ледина

Волкот приоѓа кон момчето, но одеднаш пага фатен во стапицата.

Волкот силно се трга.

Момчето трепери пред него.

Волкот го погледнува момчето.

Момчето вади нож.

Волкот ја гризе стапицата.

Волкот скокува.

СЦЕНА 12

Екстериер Истрел.

СЦЕНА 13

Екстериер Волкот паѓа врз момчето.

Момчето и волкот не се помрднуваат.

Приоѓа човекот со пушката.

СЦЕНА 14

Екстериер   Ден – планинска ледина

СЕРАФИМ

Жив си?

ФИДАН

Не знам…

Момчето ја оттурнува од своето лице главата на волкот.

Човекот му подава рака за да стане.

СЕРАФИМ

Страшен волк, а?

ФИДАН

Голем.

СЕРАФИМ

Сакаш тутун?

ФИДАН

Не пушам.

СЕРАФИМ

Да тргнеш од лутава?

Му нуди кàрта.

ФИДАН

Не пијам.

Серафим пие, се брише со дланката, вади голем нож и приоѓа кон волкот.

СЕРАФИМ

Земи си го ножево.

Го вади ножот забоден во градите на волкот и му го дава на момчето.

ФИДАН

Јас го отепав.

СЕРАФИМ

Волк не се отепуе со ножуле. Ха, ха, ха!

ФИДАН

Што правиш?

СЕРАФИМ

Му ги сечам јазикот и ушите.

ФИДАН

Зашто?

СЕРАФИМ

Ќе земам награда за отепан волк.

Фидан врти уплашено со главата.

Серафим ја надигнува картата и долго пие.

Му ја подава картата на Фидан.

Сакаш?!

Фидан голтнува и веднаш се закашлува.

Околу врие од волци.

ФИДАН

Да останам?

СЕРАФИМ

Остани.

ФИДАН

… Јас сум Фидан.

СЕРАФИМ

Арно де… Што работиш?

ФИДАН

Измеќар… Кој си ти?

СЕРАФИМ

Серафим.

СЦЕНА 15

НАЈАВНА ШПИЦА

VAMPIRXIJA

СЦЕНА 16

Екстериер  Ден – Уќуматот.

СЦЕНА 17

Ентериер   Ден

Уќуматот.

Јузбашијата седи и брои уши и јазици од волк

нани жани на врвка.

ЈУЗБАШИЈА

Бир, ики, уч, дорт, беш… Беш! Тамам?

СЕРАФИМ

Тамам.

ЈУЗБАШИЈАТА

Пет волка по еден бешл’к…

СЕРАФИМ

Убиен волк се плаќа по два бешл’ка.