Експликација:

Извадок од сценариото:

Улоги

Војдан

Управникот ОРХАН ЃУЛПАПАС

АХМЕТ, чувар на затворот

ПИТАЧОТ, затвореник

МЕМЛА БЕЈ, затвореник

ШАКИР, заменик на Управникот

АДАМ ВАЛЕВСКИ, полски лекар

КАДИЈАТА

ЌОР ФИШЕК, затвореник

ХИЛМИ ПАША, валија на Скопскиот вилает

ПРЕВЕДУВАЧОТ

ЖАН ДУВАЛИЈЕ, председател на Ком. за ревизија

КУРЦ ШВАРЦВАСЕР, член на Ком. за ревизија

АНРИ ОМОН, дописник на “Реви д’Ориент”

СУЉО, давител

АНДОН, другар на Војдан

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, војвода

Првиот офицер

Вториот офицер

Записничарот

Офицерот во чаршијата

Офицерот во затворот

Првиот чувар

Вториот чувар

Чувар 3

Статисти – затвореници, војска, стражари, народ….

Војдан се завртув кон бозаџијата.

Кога  се врти кон Андон него повеќ го нема.

Луѓе кои шеткаат меѓу тесните уличиња.

На другиот дел од улицата се појавуват вод аскер со чауш во строг ред отурнувајќи ги минувачите.

Питачот му приоѓа на Војдан пружајќи рака за милост.

Народот се разбегува.

Чаушот покажува со рака кон Војдан.

Аскерот се стрчува кон Војдан.

Војдан се стрчува кон другата страна од уличката.

Аскери стојат блокирајќи ја улицата.

Војдан застанува лежерно.

Питачот почнува налудничаво да се смее.

Војдан го вади револверот од појас, но Питачот итро му го одзема и почнува да бега.

По него трча и Војдан а по Војдан и аскерите.

Војдан вртчува во двор со гулаи кои се разлетуваат.

Вперени пушки во Војдан.

Чаушот му приѓа на Војдан.

ЧАУШОТ

ПРЕДАЈ СЕ!

Војдан стои мирно, гледајќи ги аскерите под око.

РАЦЕТЕ ГОРЕ! ГОРЕ!

Војдан полека ги крева рацете горе.

Чаушот брцнува во појасот на Војдан барајќи му го револверот.

Одекнува истерл и фесот на Чаушот летнува.

Просјакот со револверот.

Чаушот брзо го вади револверот.

Питачот налудничаво се смее, го игра “Тешкото” и пука во воздух.

Офицерот го вперува револверот во Питачот.

Војдан одеднаш силно го удира Чаушот.

Аскерите се нафрлаат на Војдан и го удираат со кундаците.

СЦЕНА 1

Екст. – Чаршија – ден

СЦЕНА 1

Ент. – Судница – ден

Збиени во група стојат затворениците а спроти нив кадијата и записничарот.

КАДИЈАТА

ПИИИ! ШТО МЕ БОЛИ ГЛАВАВА… ПИИИ! СУС БРЕ ТАМУ! ПИИИ!

ЗАПИСНИЧАРОТ

ЕФЕНДИ КАДИЈА, ДА ПОЧНЕМЕ?

КАДИЈАТА

ПИИИ! СУС БРЕ…

Во судницата завладува потполна тишина.

Кадијата седи со затворени очи.

ПИИИ… АЈДЕ, ПРВИОТ.

Стражарот одвојува еден маж.

ЗАПИСНИЧАРОТ

ФАТЕН ВО КРАЖБА…

КАДИЈАТА

ДА МУ СЕ УДРАТ СТО СТАПА И ДА ПЛАТИ ГЛОБА ТРИ ЛИРИ… ЛЕДНИОТ!

Стражарот доведува ситен човек.

ЗАПИСНИЧАРОТ

СПОРЕД НАОДИТЕ ОД ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ДОСТАВЕНИ ДО СВЕТИОТ СУД ВО ЗАКОНСКИОТ РОК ОД ТРИ ДЕНА…

КАДИЈАТА

САМО ВИНАТА!

ЗАПИСНИЧАРОТ

ТРЕБА ДА СЕ СУДИ ЗА РУШВЕТ. ПЛАТИЛ СИНОТ ДА НЕ СЛУЖИ АСКЕР.

КАДИЈАТА

ПИИИ! РУШВЕТ? РУШВЕТ, А?! ТРЕБА МНОГУ ДА МИСЛАМ, ТРГНИ ГО НАСТРАНА…

Стражарот го издвојува човекот на страна.

Записничарот му кимнува со глава.

Затвореникот се насмевнува.

Стражарот го истуркува Војдан.

ЗАПИСНИЧАРОТ

ПОЛИТИЧКИ ОСУДЕНИК.

Кадијата ги отвора очите.

КАДИЈАТА

АМАН БРЕ? КОМИТАЏИЈА?

ЗАПИСНИЧАРОТ

ЕВЕТ, ЕФЕНДИ КАДИЈА…БОРЕЦ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА… ЧЛЕН НА ТАЈНА, АПАПА, МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА… ФАТЕН ДОДЕКА НОСЕЛЕ БОМБИ И КУРШУМИ…

КАДИЈАТА

МАШАЛА, МАШАЛА… АБРЕ, ТИ СИ СЕ КРЕНАЛ ПРОТИВ ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА…МАШАЛА, МАШАЛА… ПИИИ! КАКО ДА ТЕ ОСУДАМ?

ВОЈДАН

ДА ТИ КАЖАМ?

Стражарот веднаш го удира, но Кадијата му дава знак и тој престанува.

КАДИЈАТА

ЕРБАП КОМИТА, БРЕЈ?! ПИИИ… МИ СЕ БЕНДИСУВА…ХА, ХА, ХА!

Записничарот одминува кај обвинетиот за подмитување и му зема нешто од рака.

Кадијата го следи со поглед.

КАДИЈАТА

Е, ДА СЛУШНАМ? КАКО ДА ТЕ ОСУДАМ?

ВОЈДАН

КАКО И ДА МЕ ОСУДИШ, ЌЕ ЗГРЕШИШ.

КАДИЈАТА

АМАН БРЕ?! ЗОШТО ДА ЗГРЕШАМ?

ВОЈДАН

АКО МЕ ОСУДИТЕ НА СМРТ ЌЕ ЗГРЕШИТЕ КОН МОЈАТА ДУША А АКО НЕ МЕ ОСУДИТЕ НА СМРТ ЌЕ ЗГРЕШИТЕ КОН ВАШАТА ДУША.

КАДИЈАТА

АУУУ! ЕРБАП КОМИТА, А?

ЗАПИСНИЧАРОТ

ЕРБАП, ЕРБАП…

КАДИЈАТА

И СО АКЛ, А?

ЗАПИСНИЧАРОТ

СО АКЛ ЕФЕНДИ, СО АКЛ…

Записничарот му ги дава парите.

КАДИЈАТА

КАКО ДА ГО ОСУДАМ? МЕ ЗБУНИ БРЕ СО НЕГОВИНЕ ДУШИ. И МОЈАТА ЈА ЗАМЕША. НЕ Е АРНО ДА СЕ МЕША МОЈАТА СО НЕГОВАТА ПИС ДУША…

ЗАПИСНИЧАРОТ

НЕ Е НА АРНО, ЕФЕНДИЈА…

ВОЈДАН

САКАШ ТУТУН?

КАДИЈАТА

ИМАШ ТУТУН?

ВОЈДАН

…ИМАМ.

КАДИЈАТА

ЌЕ МИ ДАДЕШ КОГА ЌЕ ИЗЛЕЗЕШ ОД ЗАТВОР… ПИШИ! СТОИ И ЕДНА ГОДИНА!

ЗАПИСНИЧАРОТ

А ДРУГИНЕ?

КАДИЈАТА

ПИШИ СУРГУН ВО АНАДОЛИЈА… И ЗА ОНОЈ. МАЛКУ ДАВА.