THE BALLERINA

(Abridged)

Scene One:

THE CHOREOGRAPHER AND THE BALLERINA(first time)

The Choreographer doesn’t like The Ballerina ‘s   “pâs des deux”. She  wants to dance “Copellia”,”Giselle”,”The Black Swan”. What does it hurt her more – her tendons or her soul ? The breaking mirror doesn’t give the answer …

Scene two:

THE PEDDLER AND THE BALLERINA

From The Peddler, The Ballerina wants to buy a mirror in which she can see her soul. The Peddler  sells her  box wih mirrors …

Scene three:

THE DOCTOR AND THE BALLERINA ( first time)

The Ballerina tells her dream to The Doctor about her own turned skin which is sunbathing on the shore of the crystal  lake. The Ballerina sreams about her lost menstruation while The Doctor copulates with her.

Scene four:

THE HUSBAND AND THE BALLERINA

The Husband impatiently waits for dope. A cancer grows in his brain and he is falling apart.The Ballerina must survive with her Husband.

Scene five:

THE LANDLORD AND THE BALLERINA ( first time)

The Ballerina dances belly – dance ina cheap bar. She sells her body to custumers. The Landlord offers her everything , so she coud be with him only.He can buy her a room with mirrors , but can he buy her loony dreams?

Scene sex:

RAMON AND THE BALLERINA ( first time)

Ramon, who buys skeletons , joins The Ballerina in her dancing flamenco. The Ballerina can’t sell him her skin ,but she sells him her skeleton.


БАЛЕРИНАТА

(Кратка содржина)

Сцена еден:

КОРЕОГРАФОТ И БАЛЕРИНАТА(прв пат)

На Кореографот не му се допаѓаат  ” pâs des deux” – ата на Балерината која сака да ја игра Копелија, Жисел, Црниот Лебед…Дали ја болат тетивите или нејзината душа?Огледалото кое се крши не го дава одговорот на нејзиното барање.

Сцена втора:

ПРОДАВАЧОТ И БАЛЕРИНАТА

Балерината сака од Продавачот да купи огледало во кое ќе ја види својата душа.Продавачот  í продава кутија со огледала…

Сцена трета:

ДОКТОРОТ  И БАЛЕРИНАТА(прв пат)

Балерината  го раскажува својот сон на Докторот за сопствената превртена кожа која се сонча до неа на брегот на кристалното езеро…Балерината вришти по својата загубена менструција додека Докторот коитира со неа.Наградата е ампули дрога…

Сцена четврта:

СОПРУГОТ И БАЛЕРИНАТА

Сопругот нестрпливо ја исчекува дрогата.Во неговиот мозок р’ти канцер и тој се распаѓа. Балерината мора да преживее со Сопругот…

Сцена пет:

ГАЗДАТА И БАЛЕРИНАТА( прв пат)

Балерината игра стомашни танци во кафеана и се продава на муштериите. Газдата и нуди сî за да биде со него. Тој може да и купи соба со огледала но, дали може да í ги купи нејзините налудничави соништа?

Сцена шест:

РАМОН И БАЛЕРИНАТА (прв пат)

Кон фламенгото на Балерината се приклучува и Рамон, купувач на костури .Балерината не може да ја продаде својата кожа но успева да го продаде својот скелет .

Сцена седум:

ИСЛЕДНИКОТ И БАЛЕРИНАТА(прв пат)

Иследникот сака Балерината да каже кој ја снабдува со дрога.Сепак, на Инспекторот не му е јасно дали Балерината е луда или изигрува лудило.

Сцена осум:

КОРЕОГРАФОТ И БАЛЕРИНАТА (втор пат)

Кореграфот сепак мора да игра “pâs des deux” со Балерината. Додека играат Кореографот пуши марихуана. Тоа се неговите последни “чекори за двајца” бидејќи по Балерината доаѓа полицијата…

Сцена девет:

ДОКТОРОТ И БАЛЕРИНАТА (втор пат)

Докторот сака да научи валцер од Балерината.Дали за Балерината лудилото е највисок степен на свеста?Докторот ја дрогира но, по Балерината следува полиција…

Сцена десет:

РАМОН И БАЛЕРИНАТА (втор пат)

Рамон í го покажува на Балерината черепот од  Сопругот кој му го продал својот скелет.Дали само лудите имаат здрав мозок? Сепак, и Рамон е дилер кој дрогата ја крие во коските…

Сцена единаесет:

ИНСПЕКТОРОТ И БАЛЕРИНАТА (втор пат)

Инспекторот ја чува Балерината но таа го моли да  му продаде сон во кој таа ќе му се вовлекува под кожа.Инспекторот сепак не сонува.Балерината го граба неговиот револвер но не може да се отепа ниту самата ниту Инспекторот.

Сцена дванаесет:

ГАЗДАТА И БАЛЕРИНАТА (втор пат)

Газдата на Балерината í ја купил сопствената кожа,езерото од кристал, изгубената менструација … И, нејзината смрт.
Авторот